Треба да се следи и доколку продолжува да расте и ствара болки може да се пунктира, другарка беше таков случај со неиздржливи болки и и' ја пунктираа во 16та недела.
Здраво на сите! Би сакала да прашам нешто, значи јас сум голема паничарка мислам дека може да ме најдете во секоја една тема тука со некое прашање Бремена сум 5+4, прва бременост не сум многу упатена како што, понеделникот бев на ехо ја видовме ќесичката како сосем мало кругче, докторката официјално честита и се тоа, денес бев за конзилијарно за болњдување кај друга докторка каде што ме пушти матичната па рече и таа ајде да те видам и јас на ехо, овој пат докторката кажа дека ќесичката е со неправилна форма како издолжена е и не изгледа најсјајно, се исплашив многу. Дали некоја имала слична ситуација, и дали би можело да се оформи нормално? Bhcg испитав повторно бидејќи ме прати докторката и рез беше супер, хормонот си расти супер. Ве молам за мислење! Наредна контрола имам во понеделник.
Јас од почеток бев со вагинална сонда и на скринизи и грлото се кратеше на 4 дена идев на мерење. Нема никаква опасност и да те видел вагинално. Следно и да сакаат да те видат дозволи. Подобро се гледа грло, царскиот засекот како изгледа зошто викаш дека ти се блиску бременостите и тоа треба да се следи.
По теорија сакусот треба да е кружен или овален затоа ти искоментирала, но можела да си ги задржи мислите за себе. И кај мене беше издолжен, поточно teardrop форма и немаше никаков проблем. Штом бета си расте убаво, опушти се и мисли позитивно
Премногу е мало за да се одреди полот. Прашај кога ќе правиш неинвазивен пренатален тест дали можи и полот на бебето да се дознај. Тоа се плаќа сигурно дополнително ама да не ти е во мисла. Иако најбитно е да се има детенце и да е здраво и живо Со лесно
Можеби од возбуда И јас имав несоница цел прв триместар покрај сите можни симптоми на бременост. Но сега во втор е подобро. Можиш да земаш магнезиум и Б6. Со лесно и не се секира
Многу ми е мило кога ќе слушнам вака иако не те познавам ❤️ Со лесно да ти е и биди секогаш вака позитивна
Пренаталните тестови нели ги прават на почеток околу 10та недела и знам дека се плаќаат, скапички се. Не е важно какво е, јас имам едно прекрасно девојче, нема да биде воопшто важно дали повторно ќе биде девојче нека е живо и здраво само. Ме мачат болкиве веќе 11дена нема подобрување, некој совет за невролог или физиотерапевт ,незнам веќе кај да се обратам, неможам нормално да седам ниту да одам, ноќе боли...
Може да се прават и подоцна, но се преферира порано, за не дај Боже ако има нешто. Ама не вреди да се прават само поради полот. Јас лично правев за да знам дека се е во ред со генетиката на бебето.
Ама девојкава е скоро 20та недела веќе, си ја помешала изгледа. Кај и да е ќе и кажат на контрола пол
Ако е 20та недела, ако сака да знае за генетски мутации може пак да го направи. Имам пријателка што правеше нипт во 19та недела, зошто мислеше дека во Македонија се поефтини тестовите, чекаше за таму да го направи, за на крај да се врати назад и тука да го прави. Пак ќе кажам, тој тест не се прави само за откривање на пол. Пишав и претходно, колку порано, толку подобро.
Здраво девојки, Ова се резултатите кои ги имам од скриениот шеќер. Дали ова е нормално? По некогаш на работа ми се лоши и стемнува пред очи, дали има поврзаност со шеќерот? Што можам да направам? 27ма недела.