Да во 10-11та недела се прави. Која недела си ти? Јас полот го открив сама во 15та недела и докторката само ми потврди дека е точно. На почеток се лажев според митови и симптоми што можи да биди ама испадна скрос обратно од тоа
Јади редовно на секои 2-3 часа, со балансирани оброци. Носи со себе нешто благо (сок, бисквита, бонбони) во случај на пад на шеќер. Најубаво со овој резултат да побараш совет од гинеколог и ендокринолог , бидејќи влијае и на бебето , не е убаво ни висок ,ама и низок иако е поредок. Со лесно.
Не верувам дека е од возбуда повише ми личи на психичка база бидејки јас од прет тоа патам со несоница но имам некои капки апчиња а сега не смеам од тоа ништо да користам и незнам како ќе биде 9 месеци навистина е долг период..
Не ме боцнаа, за една недела сум пак. Цтг иначе мирно беше.. со првото 37ма точно се породив исто со провокации ,се надевам и ова така
Само жени, барем во мојата група беше така. Супер беше, имаше дел за породување, знаци и симптоми, техники на дишење, напони...дел за доење и дел за нега и грижа за новороденче. Мене ептен ми беа корисни часовите, многу ми помогнаа.
Дали има некоја девојка што имала блага прекламсија и какво било искуството? Јас сум во германија само што ме хоспитализираја, кажаа блага прекламсија и сега чекам доктор да дојди. Исплашена сум..... 34 недела сум
Мене во 30та недела ме фатија болки,грлото на матката скратено 14 мм и почнав да се отварам,се отворив 5 см,меѓутоа отварањето стагнираше ме пуштија дома и со перница под мене и строго мирување издржав до 34 Недела,така да мислам дека со пазење и одмарање може да стигнеш до 37 недела.