Ништо од тоа, имам гестациски дијабетис и секоја недела одам на контрола, денес од вредностите од мокрачата ќе ги прикачам, кренаја узбуна и ме испратија на болница
Мислам поради протеините. Добро е што си под мониторинг, можат да реагираат веднаш што и да треба. Мисли позитивно и тоа што си во болница е супер, нема да дозволат да се закомплицира нешто
Немав гестациски ама имав висок притисок (170/100) и отоци. Цела недела ме задржаа во болница ама бев 38ма недела. Како што ти пишала членката погоре не се секирај во болница си под надзор знаат што како треба. Се ќе биде во ред
Девојки здраво, Како се справувате со покачена телесна температура во бременост? 27ма недела сум настинав грло ме фати кашлам повремено и еве денес и температура 38, испив парацетамол 500мг и се симна малку но не се поминати ни 4 часа а пак качив 38.1 што да правам? На колку е безбедно да се пие парацетамол? Друг начин да симнам температура? благодарам
Мислам можеш на 8 часа парацетамол. Во меѓувреме пробај 'бабини лекови' - истуширај се со помлака вода, расоблечи се малку и облечи чорапи накиснати во оцет. Јас и облоги накиснати во оцет ставав на лицето, ме освежуваа. Побрзо да поминува. А исто за кашлицата правев бабин лек и мислам многу ми помогна, прв пат го користев. Сецкан кромид на тенки кругови го редиш во тегла, па му ставаш слој мед, па пак слој кромид, па пак мед. Направи неколку слоеви и остави неколку часа. Сокот што ќе излезе пиј го како сируп, 3 пати на ден по 1 лажица мислам пиев јас. Чувај го во фрижидер.
На 4-6 часа се зема Парацетамол, можеш и две наеднаш. За главоболка земав по 2 пошто од 1 не ми поминуваше. Внимавај да не се повеќе од 8 таблети во 24 часа, пишува и во упатството. Друг начин освен да се тушираш, течности и електролити да земеш. Добро е и на доктор да одиш.
Мене докторот ми кажа дека парацатамолот можам и на 4 h, но јас пиев на 6h немав потреба на 4h. А за грлото лижев пастили PANTENOL дозволени се во бременост. Но најдобро појди си на доктор, да те преслуша и ако треба ќе ти даде терапија.
Пред некое време имаше Verbascon во зегин, на природна база се, прашок во ќесички, се раствараат во ладна или топла вода, со вкус на малина. Од истата фирма имаа и цела палета за трудници. За Verbascon kids, знам дека можеа и кај трудници да се користат. Сепак прашај во зегин, верувам дека уште имаат. Помагаат со настинки.
Вие што сте со втора бременост имате ли повеќе трема страв за пораѓај за разлика во првата јас сега полудев некако ептен ме фаќа страв имам трема 33 недела сум и ептен ми е страв нз дали само кај мене вака
Исто... Ќе полудам плус како што не ми беше баш лесна бременоста и сеуште не ми е ми е страв и сила дали ќе имам да го издржам тоа
Иако ептен лесно поминав со првото на пораѓај, прв триместар со второво панични напади доживував за пораѓај. Сега само малце психички се смирив (скоро 5ти месец сум, ама ми се плаче на моменти) Често си викам царски да одам дури со второво. Тоа што викаат се заборава се', врска нема јас се' памтам, а 5 години поминаа. Затоа и не ми се ни одеше на второ од тој страв...ама ете бидна