Холестеролот е нормално да е покачен не се секирај, ако смета докторот дека е премногу ќе ти каже секако.
Мене нонстоп ми проверуваат 32ра сум, ама нормално е да се покачени некои вредности посебно холестеролот.
Точно и мене матичната ми рече дека може до 12 да се качи холестеролот. Јас ја прашав кога ми беше над 6 оти не знаев и сега не се замарам.
Дали на некоја од вас и кажале дека бебето има циста на мозочето во 35 недела? Досега се уредно, денес на преглед прв пат тоа ми го кажаа, ќе си пукнам од грижа
Досега немав ништо,на сите прегледи и скрининзи се беше во ред. Инаку денес бев кај доктор Пејковска на ГАК, таму ме прати матичниот како за второ мислење
И на двете мислења видоа циста? Битно е и каква е цистата. Има некои што се губат. Што кажуваат докторите каква е цистата? Да појдеш кај Димчев? Мене така ме исплашија дека има ама немаше ништо и супер си е бебка
It's a boy! Уште од почеток на бременоста интуицијата ми кажуваше дека е машко, сите викаа женско е ќе видиш ама јас во ниеден момент не помислив ништо друго освен дека е машко.
Суперрр Мајчино чувство не лаже Мене сите ми викаа машко машко не веруваа на доктори хаха. Ама си знаев дека е женско. Уште немав тест направено ако веруваш, си ставав лосион и така ми дојде на стомачето, го погалив и викам јас имам бебе Тоа уште не влезено у матка ама нема везе. Леле нејкам више у темава да читам ќе биде two under two
Добро е , турбулентно Два месеци на 21 прави. Почнаа првите насмевки и првите гугања. Посебна љубов е ова ми доаѓа да и ја згмечам фацката од бацувањр
Здраво Тука е активна темата,па некоја со искуство. Втор пат бременост Но никако не можаам на раат да се израдувам. Пак имплантациско како и првата,но оваа неочекувана бременост само се молам на бога да биде се во ред. Оваа недела бев двапати на ехо ,ми дадоа вагиналетки за поддршка ваљда но еве сега пак кафеаво,се испаничив Ништо не виде денес др во Систина,мислам хематом (btw кога го искачиле толку прегледот? ) 2год ми е девојчето,уште цицаше т.е некоја си навика ама ја одвикнувам Ве молам за совет,дали ќе ми се смири од тоа вагиналети или пак на гинеколог?
Вие што сте 34 недела осеќате притисок како печкање во вагина и препони и често мокрење со првото вакви симтоми имав мислам беа поблаги и покасно ги имав сеа мн рано нормално ли е
Јас имав крварење на почетокот, во 5та недела. Отидов на доктор, ми даде циклогест вагиналети. Неколку дена се подсмири, па пак се појави. Од страв пак отидов, пак ме гледаше на ехо. Ми кажа да продолжам со терапијата и ако има нешто да одам пак. Јас пак имав крварење, траеше некаде до 10-11 недела, де ќе се смиреше, де пак се појавуваше. Гледав да е исто како претходно, да немам болки, и да не е црвена крв (кафено ми беше). И се пазев, одмарав. Некако се трудев да се смирам (не беше ич лесно тоа, ама со тек на време навикнав дека тоа е 'нормално' за мене...). Ако ти е мисла подобро оди нека те видат, негде прочитав дека 'нема премногу прегледи во бременост', во смисла ако ти е страв - подобро да отидеш него ли да чекаш и стресираш. Ти посакувам да се среди што побрзо и да биде сè во ред. И да додадам, јас немав хематом, ако ти спомнале такво нешто може треба да се прати повеќе, не знам ништо околу тоа...
Со првата бременост имав хематом,кај тројца др.одев тогаш и сите различно,и се случи тоа што се случи,лежев 3 месеци во кревет . Докторката не ми спомна хематом,само тие вагиналети,почнав да ги ставам од синоќа и сега пак како розево... Во рок од 24 часа двати бев на ехо,страв ми е и од тоа да ме предизвикало малку крварење. ќе ставам,ќе одмарам се надевам ќе се смири. А можеби се створила некоја контракција од што еднаш цицаше малата,ја одвикнувам сега т.е не и давам.Со Господ напред се надевам на подобро. Фала ти