37 недела сум, понекогаш како бодежи ниско имам внатрешно. Како да ме брца со рака/нога. Дури не можам да одам кога сум така, имам чувство дека многу ми се моча, одам во тоалет, ептен малку. Ми е страв оти не знам какви се породилните болки. Да не случајно ме фатат, а јас не знам на што сум. Втора бременост ми е, ама ништо не памтам, првата бременост беше многу одамна. Го износив до 40 недела и завршив со царски.
Се е чисто уредно ова е како притисок бодеж во вагина такво чувство изгледа ниско е доле ме мава баш таму
Да се надоврзам тука. Испадна дека ништо не е, испитувањата во болница сите беа во ред како и урината. во понеделникот и кај матичниот гиниколог проверено се во ред. Никој не сака да посочи, или ми ги згрешија резултатите кај дијабетологот или нема др објаснување. Џабе стресот само....
И мене ми прави така, 35та сум. Мене контракции кога ме фатија немав болка, ама ме разбудија затегања на стомакот. И саат време ги мерев видов дека се на исти интервали и чести и отидов во болница. И воопшто не осетив од страшните породилни болки туку само затегања.. така да ќе знаеш сигурно. Или воденикот ќе пукне ќе тече, или крв ако не дај боже видиш, или и вака затегања/контракции во стомак и болка во кичма.
Па најверојатно ти е свртена со глава доле. Мене не ме пецка ама како да ме удира со рачето доле и да за одење во тоалет буквално на секој пола саат. Па ако реши таму да ме стиска мислам дека нема да издржам до тоалет
Јас да се пожалам со второ сум 30та недела ама толку активно бебе јас не знам! Ми иде да излезам од кожава не можам веќе луѓе! Језиво ми е дури дење ноќе ова дете не спие значи! Вода да се напијам ќе се убие од клоцање едвај чекам 8недели да поминат
Јас и ти сме горе доле тука во недели, јас сум 30+4 и мојот е многу активен, иако не е толку агресивен како првото. Првото беше толку незгодно кога удираше и не го правеше тоа често, за ова имам интуиција дека и помало ќе го родам иако сите викаат поголемо ќе биде така да ајде уште малку имаме ќе туркаме месец ипол уште
Не си сама и моево е исто. Ја не знам кога и дали спие. Мислам дрка низ стомак ќе ми излезе. И првото ми беше активно бебе ама ова е веќе претеризам Ама ајде боље нека мрдаат него да ги мислиме и да се стресираме што ги нема.
И кај мене е така хахаха 30та полна сум дури на моменти и паника ме фаќа... второ ми е, со првото не памтам вака да беше
2дена сме разлика И да првото ке акнеше некако незгодно еднаш ама здраво а ова мира нема И јас мислам мало ќе е првото 4кг беше ама ова морам у 38ма да го родам и 3кг да стигне ќе се радувам
Денес на влез во 28ма недела др ми кажа дека бебето е 1.300гр и ми зазвуче некако малку гледам низ нет… колку покачуваат во трет триместар… се надевам ќе стигне до 3кг
Моето беше 1400 и ми рекоа поголемо е тогаш, последно на 30+2 ми беше 1700 и ми рече горе доле е според недели како што треба. Сега ќе качуваат поинтензивно без гајле
ја прашав нешто совет дали има за последните 2ипол месеци, вика ништо поразлично само сега железо да се провери обавезно дека сеуште не зимам ништо
Јас сум од 28 на рестрикција (без бело брашно и јаглехидрати - најминимално што може ми рекоа) Првото се роди големо и сега сакаат да биде избалансиран последниот триместар да не отиде и ова со мерки на крај ептен напред
Луѓе здраво, едно прашање до вас… смеам ли да пијам парацетамол? Денес добив позитивен бета хцг тест и по некоја рачуница сум 4-5 недела значи на сам старт но еве почнав да кивам и грло и нос ме печат па паника ме фаќа оти вака кога почнува настинкава секогаш ми оди на полошо што смеам да пијам превентивно?