На крај највише качуваат. Ја немав голем стомак ама во 9ти огромен стана. И доста качуваше Не се секирај на крај ептен растат.
јас имам па голем и цело време ми викаат бебе две недели понапред во мерки ама килажава не ми е мн. Хаха, ќе расте ајде уште 2месеци тоа му е работа
Девојки ми стигна резултатот од брисот од вагина, излезе стрептокока од група Б, колку е опасна и дали веднаш ви дале антибиотик
Ако не се лажам, треба да се третира единствено пред пораѓај за да не се пренесе на бебето, а претходно мислам не претставува опасност ни за мајката ни за бебето (од тоа што читав). Мене сега во 35+ недела ми направија прв пат таков брис. Не се секирај, со антибиотик ќе се среди, ќе биде се во ред. Слушај што ќе ти каже докторот.
Imam zakazano vtor skrining kaj Dimcev, mnogu sum uplasena dali se ke bide vo red.... sto da ocekuvam, kolku vreme trae, kako se odviva?
Околу пола саат мене ме гледаше Димчев, ти прави убави сликички, се се гледа на тоа ехо, буквално цело бебе пред тебе си го гледаш. Не се плаши, се ќе биде во ред, радувај се дека ќе си го видиш бебе.
Да, се зборуваше додека ме гледаше, кај мене беше со ехо на стомак, ама кај некои правел и вагинално ехо, ако се сомнева во нешто мери и цервикс. Кај сите различно е, ама нема што да се плашиш, се ќе си биде добро!
Јас првиот скрининг кај него го праев и траеше 5 минути. Не бев задоволна ич бидејќи иако го прашував многу работи ме гледаше бледо и отсечно ми одговараше ќе помине и толку а чекав да дојдам на ред 2ипол саати и платив 8000. Вториот кај Афродита во Ремедика прееезадоволна пола ааат ме гледаше се детално ми објаснуваше и немаше потреба ништо и да ја прашувам ми стави и инфузија зошто имав стомачен вирус ме дигна на нозе одма
Кај мене траеше околу 15тина минути, ги виде сите органи, како што ги гледаше ми кажуваше што гледа. Потоа ми направи убави сликички од лицето и имав две три прашања, ми одговори...Цервикс не ми мереше вагинално, прегледот само со абдоминално ехо беше.
дали ви е тешко од времево? Цело време сум со низок притисок и чувствувам некоја тежина у стомакот ко да ми седи некој врз него дури ми се стужува некогаш, слошува од тоа... Главата ми тежи не знам што ќе беше ова
Жени дали некоја имала болни braxton во 30 та? Со оглед на тоа дека ми е втора многу беа слични со контракции за пораѓај што памтам од првото и беа во интервали. Легнав, се наместив и пола саат откако се напив магнезиум се смирија инаку бев решена да одам на клиника
И мене истото ме интересира, прашав никој не ми одговори .. и од кој сте задоволни, на инста ми искача од mamacita activ wear дали е добар?
Јас сум природно. После 8ми ден си ставив мидер ама кратко и го вадев. После 2 недели го носев по 3 саати сигурно. За царски не верувам дека смее одма ради раната.
Јас од пред неколку дена, 30+ сум... и мене ме фати паника, Магнезиум дупла доза зедов и лежев..поминаа за кратко... ги имам така секој втор ден скоро, и тоа во попладневни и вечерни часови..