Од истото се жалев многу пати и јас во темава. И не, породилните не беа вакви, туку баш како менструални болки (ги осетив некој период пред да ми стават епидурал). А толку многу сечеше и бодеше, втората бременост ептен ги осетив, последните денови и ме исцрпуваа физички затоа што знаеја да траат по пола саат-саат, се плашев и да се движам кога ќе ме фатеа затоа што беа страшно непријатни. Магнезиум пиев максимум што можам за да истрпам...
Мене ми се такви последниве денови 35та терам, дури кога ме фаќаат осеќам и притисок во главата.. ама на цтг па не ми даваше контракции
Какви се тие? Мене ми се случува ми се оптегнува стомакот тврд детето е во некоја лоша положба како да е хоризонтално поставено не вертикално глава горе/доле него лево/десно и не можан да се исправам од што е болно и така во подзгрбавена положба стојам па пополека се исправам. Ама мн болно тоа ли е истото вака 2недели веке.. утре на преглед сум
Да, така некако е чувството..како во грч цел стомак.. Јас наредна недела сум на контрола, се надевам ќе издржам до тогаш без паника
Iskreno zavisi od denot, vcera bev na pregled kazav za bolkite sto gi imam i mi rece samo magnezium da pijam i b6 za da se olabavuva teloto.
Да со првото од 35та почнаа. Тоа што ми кажаа од болница е дека секогаш е подобро да отидам отколку да седам и дома..одев на два дена се породив 38ма
Јас ја имам болката од 23-4та ако не и порано, сега сум 33та и на промена на време ми е поизразена ама е поднослива дека пешачам. Ама знам дека е притиснат некој нерв оти ми оди и во ногата болката. Ќе си ја носам дур се породам посекако со поголема тежина не очекувам да ми помине.
Ние сме цело време фокусирани сега на периодот до породување, ама јас си се прашувам и за тоа, што после тоа? Една од најголемите секирации и предизвици (се разбира, најважно е да сме живи, здрави, нема побитно од тоа), ми е неспиењето. Си се прашувам како ќе го издржам тоа. Никогаш не ме бивало да сум ноќна птица, ни кога сум имала 20 год и ми вриела крвтаМн ми значи сонот и за жал не сум од луѓето кои можат да функционираат супер и со малку спиење или со ич. Па сакам да ги прашам веќе искусните мајки кои биле исто спанки, што ви помогна? Како успеавте да се снајдете? Има ли финти....
Иста сум, колку проводи имам пропуштено за да спијам. Со првото дете до година некаде спиев на многу рати во текот на ноќта, второво е многу мало уште и нормално дека хаос е пак. Нема финта, се издржува. Додека си на породилно нема да се оптеретуваш многу со други работи и ќе одмараш преку ден дури и да не спиело ноќта. На работа мене ми беше малку очајно со првото кога почнав зошто тогаш кулминираше неспиењето, ама помина. Се поминува, се издржува. Тоа душиче зависи од тебе исклучиво на почетокот, ќе се средите, верувам.
Што ќе кажете за име по празник? Јас имам смислено име уште оддамна ама треба да се роди во ноември кога се двата големи празници Св Димитриј и Св Архангел Михаил... Многу ми е шубе
Епа вака јас пак си одбрав православно име, си има и именден се по светец ама еве ако се породам на празникот св Димитриј или св Архангел Михаил?
Јас млада родив ама со првото бев улежана на патолошка бев и дома кој што праи јас само дремки мавав Моето искуство со првото беше хаотично. Изгледа самиот процес со царскиот ми го исцрпи телото и уште во болница не можев да се одмарам пошто нели ти го носат бебето мене уште во 5ч сабајле до 22ч вечерта ти замисли дур успееш да склопиш око дошло детето пак А дома беше бетер бар првата недела Не знаеше што е ден што е ноќ пошто сите беа нека спие не го будии!! А јас си го зимав на 2 3ч да го дојам они не нека го ќр се буди ќе се научи ќе има проблем а имав и јас пошто пуна млеко дал да се музиш дал да го будиш и така он дење спие ноќе тук таму реков не ќе го будам и го будев Навечер ми беше мн тешко пошто нели нејќеше да се успие прекудента надој го ждригни легни го спие навечер нејќе ИИИ направив една голема грешкаааа бев толку мн желна за сон и ја викнав свеки и она го дункаше па може 30мин и такаааа 2 3 вечери си доаѓаше и дете сака нишањеее иии лонг стори шорт го нишав до 12месеци со негови 13кг а јас слаба стап Инаку за спиење ќе се уходаш дремкај преку ден дур дремка и тоа Ако си во можност А навечер бар да има некој за пелената да ти помогне пр. Навечер јас ќе гп надоев со едната града мм ќе го разбудев ќе го пррсоблечеше и после со дрта го доев и ќе си го легнев до мене или на мене и така му најдов цака дека спие подолго и можам комотно да кажан ддка сум се наспивала секако се будев(лесен сон имам) и го пазев ама на мене кога ќе го легнев дека топло на мешко мислам цела ноќ ја отспиваше А види тоа си е и до детето пример он од 6м натаму навечер само закенкуваше за да му ја допрам градаѕа да шнукне еднаш и продолжуваше откакп се одби сам на 11м не станал ниеднаш да пие навечер ништо
Јас имам име по празник на првото дете се роди 20дена после празникот према името На друг празник никому ништо ако гледаме така скоро секој ден е нешто во календарог
Според мене, тоа нема никаква врска Колку луѓе се родени на празници, па не го носат името на денот, и ништо не им фали Не си прави шубиња беспотребно, нема да ти се лути светецот
Па така е. Секој ден е некој празник... Старите многу зборат, не сум смислила некое неправославно име туку исто по светец само што не е тогаш календарски именденот Нека не чуваат сите и Св Димитриј и Св Архангел Михаил напомош да се па се што треба друго ќе си дојде само
Девојки, 36+3 , отворена сум веќе 2 прсти, со првото се породив во 37 недела ми пукна водењакот.. Значи ли дека ќе биде за брзо или нема врска, може да потрае и уште некоја недела?
Девојки, сте приметиле ли промени на бемките или појава на нови за време на бременост? Пример една бемка ја приметувам дека е зголемена/испапчена, а пред некој ден си најдов и нова на градата.
Леле да, на вратот и на стомакот нови ситни ми искочија а овие што ги имам се зголемија малку. Наводно се повлекувале, но секако после пораѓај планирам на кожно да отидам за мислење.