Да, мене ми излезе една флека изгледа како немиена трага, а впрочем е депигментација некаква. На гради имам три нови дамчиња, бемчиња, што и да се од кои две на пупките... Бев на дерматолог ми вика ништо страшно хормони, ама немаше дермоскоп, па треба да одам пак на друго место за да ги прегледаат асално. Кај мене не се повлекуваат.
Девојки, дали некоја од вас имала проблем со ензимите на црниот дроб? AST е 54, ALT 120. 17та недела сум.
Мене ми беа околу 80, матичниот гинеколог ме испаничи да одам на ехо абдоменално. Но кога кажав дека примав антибиотици и парацетамол за болки се реши дилемата зашто се покачени. Дали имаш примано можеби лекарства?
Кај мене матичната вика дека во бременост знае да се покачат, ама мене некако многу високи ми изгледаат вредностиве. Пред три недели пиев сумамед поради инфекција, ама само еден ден две таблети наеднаш. Пред да проверувам крв, три дена земав Утрогестан орално.
До два месеци бевме на 3ч будни, млеко и сат време додека презаспие. На ад сме, па мм беше ноќна птица во повеќето случаеви (имав тешка бременост и лош царски па месец ми требаше да престанат болки и све тоа) плус он заспива за минута јас после сат два , и така јас преку ден фаќав рутина со дремки и прозори на будност и од 2ипол-3 месеци спие цела вечер. 6месеци сме. Ќе менува уште ама мн значи сонот и она е весела и ние наспани.
Да, кога се јавив на општ матичен и мене ми рекоа дека се покачуваат во бременост. Кај мене се намалија следниот месец. Не е страшно, види дледен месец какви резултати ќе имаш.
Нормално е.. некои маки мачат со парадентоза во бременост. Посети си стоматолог во секој случај ако продолжат болките.
Пред 3 дена бев кај матичната на преглед (малце крв имав на бришење) ме прегледа,грлото е затворено и долго 35 мм,бебето е во ред,постелка се си е во ред. Вчера почна многу да ме боли половината и осеќав како да ме тегне нешто одма отидов на гак ми беше страв искрено со првото завршив итно на серклаж заради фанелинг и скратен цервикс па ми беше страв да не има некој проблем пак.. Ме прегледаа ми кажаа грло затворено долго 37 мм ама имало слаџ. Како е можно матичната да не примети? Мене сварно ми е чудно.. Ми земаа комплет лабораторија се е уредно,брисеви во 12та недела негативни,читав тоа се јавувало поради инфекција. Иначе не ми дадоа ништо терапија од таму само редовната што си пијам утрогестан 3х.До сега воопшто не ми спомнаа за слаџ ова ми дојде како гром од ведро небо..
Здраво,дали може да ми дадете предлог за добар стерилизатор од кој сте задоволни во кој што ќе ставам шишиња ,додатоци од електрична пумпа,цуцли...
Дали можеш да ми кажеш што е тоа слаџ,јас бев на клиника на фетален па ме прегледаа и вагинално,грлото ми е 36 мм ама почнал да се прави фанелинг(имав исто пред еден месец ставав циклогест се изгуби),ама сега ми дадоа Еритромицин и Неопенотран Форте вагиналетки,ја прашав докторката ми вика за фанелингот превентивно и се зачудив минатиот пат примав хормонска терапија а сега антибиотик,иначе 23+1 сум.Немам никакви болки или исцедок ништо такво,ама претходната бременост ми беше со скратено грло и предвремено породување,па сега почесто да го следиме грлото.Не ме стави на строго мирување,може нормално да се движам,само да избегнувам скали,кревање тешко и напорно чистење,малце ме исплаши ама вика не е страшно мн ке се среди,за 2 недели сум на контрола.