Не... Со првото имав ама беше ептен на почеток на граница не било опасно ништо не ни ми дадоа ни апчиња ни исхрана ништо, што сакам се да си јадам исто како нормално. Детето ми беше секохгаш недела, до две напред. Со ова се консултирав со гинекологот и бидејќи имам апаратче дома си се проверувам цело време плус и бебево е поназад една недела ми дозволи да не правам (имав многу лошо искуство со првото кога испитував и многу ми беше страв)...
Апартчето и обична проверка на шеќер, не ти се мерило за скриениот. Има жени со супер мерки на бебе и супер шеќер, па скриениот си покажал заби. Најубаво е да си привериш, ама сепак си знаеш ти.
Здраво на сите . Можеби прашањево не е за оваа тема но мислам дека овде сте најактивни. Ќе ве замолам за добар ортопед, физотерапевт или невролог во Скопје. Веќе 20 дена а мене не ми поминаа болките во кичмата и ногата. Сите до сега ми викаат фатен и изиритиран нерв. Денеска бев на масажа во еден физио ценатар и како повеќе да ме заболе отпосле... јас незнам веќе што да правам 20 недели полни сум бремена
Здраво девојки. Бремена сум 11та недела и секој ден постојано имам чувство на гадење и повраќам. Дали е нормално? Обично така ми се случува насабајле и навечер Имам одбивност на храна...
Нормално е. На некој му помагаат Антиметил таблети. Пробај и со шмукање парче лимон, ладна кисела вода. Мене исто ми помагаа ментол бонбони без шеќер... треба да видиш што ќе ти помага малце од малце. На повеќето им поминува после 12-13 недела. Ама и да не помине, и тоа е нормално. Знам дека не е пријатно, ама се издржува.
Значи не знам како да објаснам, тие што имаат родено едно дете ќе ме разберат - се грчи целата матка како да ти се собира како менструални болки и букв ти се кочи кичмата па те пушта, ептен се преплашив, не беше класично затегање и опуштање на стомак тоа го имам постојано. Одмарав повеќе вчера и денес па глеам ги снема, се надевам нема да ги осетам пак…
Dobro vecer, vi sakala da znam dali e opasen kontakt so zarazeno detence od koksaki virus vo rana bremenost.
јас прв пат слушам дека може и со просек, а зашто веќе кога се боцкаше не се боцна уште еднаш? Два пати од вена е еднаш од прст, не прави разлика олус едно боцкање
Не ми е прпблем боцкањето, проблем ми е гладувањето и откога ќе го испијам растворот многу ми се слошува... И со првото така ми беше. Сабалјево едвај останав пола саат гладна дур дојде тој од домашна посета да ме боцка Се проверував дома со апаратче и ми рекоа од гинеколог да си направам тримесечен и на него покажувало за скриен ако има...
офф епа не знам, чим рекла гинекологот валјда они знаат подобро јас во државна проверував и растворот не беше гаден ич, ми кажуваа во синлаб биле грутки нерастопени овде беше баш бистра блага вода убаво стопена
Јас кога проверував скриен гинекологот ме испрати на ендокринолог, затоа што не еден час вредноста на шеќерот беше на горна граница, нешто малку под 10,а другите, на гладно и по два часа си беа супер. Ендокринологот ми даде да испитам тримесечен за да видиме како стојат работите, така да веројатно и ова им е валидна мерка. Резултатите на тримесечен беа супер исто. Не знам шо да кажам, некогаш сите различно кажуваат главата да ти штукне.
Потврдувам за синлсб, ми рекоа да ја изгрицкам глукозата, мене од тоа ми се слоши, одвратно. Не ми се одеше до Ѓорче до биотек или авицена ама се каам уште. Чисто да знаете тие што треба да одите периодов