Здраво, Јас го пиев фермозалот по препорака на гинеколог и тие 2 недели додека го пиев ги имав истите симптоми како тебе, со чести нагони за повраќање, одбивност кон секоја храна,гасови и што ти не, мислев ќе ми пукне стомакот (што не беше случај кога не ги пиев) и го прашав гинекологот дали може да ги прекинам зошто се осеќав многу лошо и он ми се испонаша идиотски, во смисла јас што ќе кажам тоа ќе правиш, во спротивно нема потреба да ми доаѓаш на прегледи и нормално си заминав од таму. Нејсе, сменив гинеколог, му ја раскажав ситуацијата и ми ја прекина терапијата. Ми кажа дека не секоја трудница ги поднесува тие и дека во такви ситуации најдобро е да се прекине со конзумирање. За да се стабилизирам пиев обична фолна киселина неколку дена. Секое добро
И јас имам болки овие 2,3 дена како овулација денес имам закажано да ме видат ама по првиот пораѓај верувам дека се лажни... инаку 35 ќе влагам
Јас од сите препарати за железо имам такви тегоби најмногу ми одговараше Gentle Iron na Solgar од него немав гасови и болки само дијареа
И јас чуствував така некоја нелагодност, притисок долу, и тоа неколку дена баш во таа недела како што си ти. Бев на преглед и одговорот беше дека се мести бебето надолу... земиси магнезиум и одмарај некој ден ќе помини.
Здраво Ана, Јас циклогест најдов во аптека Мери 2 на ул.Орце Николов одма кај паркингот кај технолошко металуршки факултет. За носпа незнам да ти кажам. Поздрав
Мене почнува многу да ми тежи стомакот и да не можам ни да лежам ни да седам ни да стојам плус ме стиска изгледа на дијафрагмата едвај дишам. Јас влагам 35 та во недела значи јас и ти ќе си се бркаме
И јас влагам 35 недела утре исто и кај мене стомакот ми тежи кичмата ме боли бебе ме мава во вагина со првото летав овој период со второво тешко некако ќе се бркаме сите
Ај што ме мава ама како ми прави притисок кај бешиката мислам дека со рачето ме стиска и трчам во тоалет имам чувство дека готово беља направив
Од 25та се рачуна 7ми лунарен месец (еден месец = 4 недели), со што бременост трае 10 лунарни месец. Доколку се водиме според календарските месеци, тогаш од подоцна би се рачунале.