Па нас не' имало баш доста што сме тука некаде блиску со термини ќе се бркаме пред самиот финиш Почнавте ли со перење и средување на плакар за бебе, торбица за во болница и такви работи? Ние горе долу имаме се што ни е потребно, ама уште немам почнато со перење и редење, се' си мислам дека има уште време
Јас сум поназад од вас ама кога сме на темава, мене не ми е јасно зошто пелените се отвараат и се чуваат во комода, организер отворени? Што е поенатата само прашина да фаќа
Е и мене не ми е јасно искрено, а ги гледам сите почнале да го прават тоа.... особено па кога ги отвараат и редат како "торти" за поклони. Тоа ми е толку нехигиенски и не мислам дека некогаш би ги искористила тие. Јас купив само две мали паковања Pampers size 0, (ако треба ќе докупиме уште штом се роди, ако не, ќе се префрлиме на size 1) и не планирам да ги отварам дури не се вратиме од болница.
Како се справувате со главоболки, секој ден сум со главоболка некогаш се трпи некогаш не, а и времето е многу променливо и тмурно
Исто, прееска кога ме мавна по желудник мислам ми се стужи животот... Доле да не зборам една болка кај препоните страшна не можам да одам... Лежам не можам да се наместам ма какви перници ништо не помага. Сега бев на преглед ми рече доле е со главата се мести затоа боли натежнува надоле... 35та влагам задутре тука сме...
Море прееска кога ме фати страв со болкиве викам како ништо не сум спремна ни торбица за во болница ни алишта за дете баш ништо
Јас да не се заречам, добро се држам, немам некои јаки нелагодности. Уште одам најнормално на работа, иако баш доста време возам, ама немам проблеми засега. Мислам дека и заради тоа некако уште сум лабава. Дури на 10ти ноември ми закажаа ултразвук, па тогаш ќе го видиме синко до каде е.
Веќе сум 30+1, до пред недела ипол, летав без проблем си завршував работа по дома, да си средам, буквално можев се. Како одеднаш да ми се зема силата не можам од кревет да се оделам, дали и на вас ви се случи ова или треба да се загрижам? Ми фали старата енергија што си ја имав, баш кога ке треба да средувам по дома за беба јас ваква ли ќе бидам?
Јас сум 31+2 ...до пред 2 недели ни тежина имав, ни мака.. сега да се наведнам не можам. Кога се вртам во кревет маки мачам хахаха А и прилично ме притиска доле, бев на контрола ми рекоа повеќе да одмарам, инаку другото се е во ред.. како што доаѓа, се повеќе ќе ни теже
Јас торбата денес ја спакував и тоа делумно ми фалат папучи на пример За перење не сум почнала иако мајка ми секој ден тоа ми збори ама па немам уште шкафче купено. Некако многу сум си лабава ќе ми дојде денот нема да сум спремна ништо плус сум со намалена плодова вода може и порано да се породам ама јас уште си викам имам време
Човекот земал големи пари, не се баш интересира дали можеш или неможеш да поднесеш. Добро што си заминала. Иначе трудна не трудна тежок е тој за пиење. Има на пазаров 1001 препарат за железо. Пробај сидерал е добра форма или хемофит плус од health aid одлично се поднесува. Јас пиев од now имаше сестрами нарачано доста за нејзината бременост па тој го пиев.
Во врска со спремањето, мене сите блиски ми сугерираат да почекам до пред породување да почнам да купувам за бебе. Па бар да земам да научам ШТО да купам. На пр, немам појма какви цуцли ќе ми требаат. Пумпа да или не? Какво шишенце? Не знам ништо.
За тема спремање океј јас во 31 недела почнав со перење хахахаха да купам фиокарче и ќе пеглам и редам Кажете ми кај да најдам пластично со фиоки во базаро било 700ден ама веќе немале
Пред пораѓај, кога е доста потешко и движење и се, блиските нека ти купуваат. Спреми се со време, незнаеш ништо кога би можела да се породиш. Блиските нема да имаат бебе и да спремаат, како што ќе го направиш ти тоа со мерак. Ама ти си знаеш. Земи си едно шишенце за секој случај. Пумпа ако имаш потреба ќе земеш.
Не слушај блиски прави си како тебе ти одговара. Прво финансиски некои луѓе не можат да си дозволат се' да купат откако ќе се роди бебето... ако немаш ни кревет, ни количка можеш бар од 7ми-8ми месец веќе да купуваш... јас со првото така почнав и 9ти бев спремна. Сега со второто имам се' и нема ништо што да купувам, би се спремала тек во 9ти. За другово истражував пример филипс адвент шишиња купив на почеток стаклени со цуцла што не тече, цуцла земав од ремедика болничка после продолжив исто на филипс ми се чини.. гледав на почеток поквалитетно што ми се чинеше, после 6мес и од ДМ на бејби лове купував цуцли, шишенца итн
јас лично планирам во фиока да ми е наредено се и за пресоблекување да ми е веднаш на дофат и пелени и креми и влажни и бодиња, колку често се пресоблекуваат бебињата тешко дека ќе фаќа прашина една фиока сигурно е поедноставно од една фиока да извадиш се а не од ќеса да влечеш пелени. тоа е мое мислење, на кој како му одговара, баш ми се естетски тие видеа што ги ставаат на инстаграм и се изгледа уредно организирано
Јас со првото почнав во 7ми месец да купувам малку по малку. Пример во меѓувреме читав на труднички што користат влажни дрндрн и прво купив боденца па моите ми купија креветче и количка. Пумпа за молзење купи мм кога си дојдов од болница (на пример совет јас пумпа тогаш опнав скоро 7илјади од зегин а можеш и поевтина од локо кроко) Цуцли купив откако се роди бебето(башка на мекици ми носеа као со бекутан со марамици и цуциња некои комплети) шишенца користев на авент ама мојот преферираше точено па за второво најевтино што можам ќе поминам башка све ми е останато. Ама ќе научиш не слушај стари. Пример свекор ми викаше памперс фирмата најдобра за пелени ај што ни пропуштаа не можеш многу да си дозволиш пошто требаат и други работи Со лесно
Јас сум со скратено грло и последниов период не станувам од кревет. Велам среќа што купив нешто ситно од бебешки алишта претходно, па стигнав да се израдувам на таа еуфорија дур одбираш слатки бебешки бодиња, пантолончиња и лигувки. И мене ми велеа не брзај, има време, човек да има пари може во секое време да купи. И тоа е точно, да, ама од друга страна мене тоа ме нервираше, ми ја кршеше радоста и ми ствараше внатрешен револт и дури на моменти негативна енергија. Престанав да кажувам дека сум купила нешто. Ние постепено купивме работи, скоро сè купувавме на попуст. Некои ситни работи што останаа го праќав сопругот да докупува, нешто нарачав и онлајн, па здравје отпосле ќе се докупува тоа што фали. Се двоумам не знам дали да купувам шише и пумпа. Ме советуваа да почекам да видам дали ќе ми треба пумпа, па така и ќе правам најверојатно. Немам купено ни шишенце, го гледав тоа од Филипс Авент со мал проток, најверојатно тоа би го купиле. Тетра пелени - иако претходно немав појма што се ме посоветуваа, а и тука на форумов читав дека беа спомнувани, па купив околу 10тина. Можеш исто да си разгледаш да одлучиш каква козметика за бебе ќе користиш, какви влажни, какви пелени, коритце за капење, веројатно ќе сакаш да купиш непропустливи подлоги за пресоблекување... Има еден куп ситници реално, ама пак од ситниците не е страшно и да фали нешто, отпосле ќе се купи. Торбицата за во болница подобро и порано да е спакована, да нема паники кога ќе дојде моментот. Почни да си купуваш тогаш кога ти сакаш и кога мислиш дека е време. Не знам, а и не сакам да знам точно што мислат кога велат да се чека со купување... Господ да е со нас, се спремаме за најубавиот период од нашите животи и верувам секоја од нас многу се радува на подготовките