Јас сум со второ па за купување немамв многу, ама и со првото и со второво се ми беше спремног пред да влезам во 36та. Со првото се породив 37ма точно па замисли да не бев испрана и наместена.. а сега не можам да се движам од болки и чекам кај и да е да биде така да добро што ми е се спремно да не се секирам. Пумпи, цуцли и шишенца се можеш после да си купиш. Според мене пумпа треба да се има, барем рачна. Јас ја користев на Филипс рачна со првото , сега ќе си земам електрична. Инаку бевме само на доење, ама за оставање и за превенција од мастит беше неопходно. А цуцли почнав со Бибс па се префрливме на Авент и сум супер задоволна, пак ќе земам такви. Шише користев Бибс, сега исто на Авент и за тоа се префрлам. Според мене почни си со време спремање алишта и опрема, на крај не знам кој има сила за тоа..
Девојки последниве 2-3 дена мн се чуствувам ко влажна ко исцедпк да имам , исцецок имам скоро цела бременост ама беше жолтеникав и погуст ( си корустев вагиналетки по препорака од матичен и се среди ) овие два дена е прозирно како подмочано и мн мслце по една точка ама само кога сум активна така кога станувам од спиење немам ништо.Сега читав нешто плодова вода и паника ме фати .Утре секако сум нс контрола ( пред 3 недели бев на скрининг и се супер беше ) Има место за паника до утре ако недај боже ств е плодова вода ? инску сум 24-та недела
Направи си тест дома. Во рок од пола саат, на 5 минути менувај гаки, ако се пола водени значи е делумно пукнат водењак. Ама те читам дека е по капка, така да немаш место за паника, иста сум цела бременост
Мами вие што сте веќе породени, ајде кажете од искуство за први 3 месеци колку бодиња по долги ви требаа а колку по кратки? Оние целосни по долги, не знам како се викаат? Која величина? Треба да се породам сега во ноември.
Здраво јас се породив во ноември и повеќе боди со долги ракави користев,величина 50ки до кај месец носеше моето сепак зависи од бебенцето. 50ки и 56ки се земаат за почеток.
Се согласувам комплетно. Не сакам ни јас да се отповарувам со стравови во вакво убаво време кое сум го чекала со години.
Пола бременост ја поминав во мисла дали мокрите гаќи ми се пукнат водењак. Па уште и кога ми кажаа уште во 25 недела дека водата ми се намалува викам гарант е тоа. Милион пати бев на клиника и кај матичниот и почнаа веќе и да ме зезаат ми викаат ти мислиш така тече водењак. Ме гледаа пошто инсистирав ама не беше тоа едноставно имам исцедок. Ставав и вагиналети џабе. Сега па како станува бебево потешко и како ме стиска на бешиката убедена сум и дека се подмочувам. Не се секирај за мирна глава инсистирај да те прегледаат. Па и на дежурен малку да подосаѓаш ништо страшно јас сум им веќе другарка Ама па ме фаќа паника ради водата и си одам срам не срам тоа е ќе ме издржат уште малку
И јас врска немам што треба буквално лутам. Секоја мајка различно кажува. Купив едно шишенце на адвент стаклено антиколик и цуциња од бејби лав. Памперс земав бејби лав 1 пакување да видам дали ќе и одговараат ако не ќе купуваме други понатаму. Колекција за бањање исто земав бејби лав па ако и таа не одговара ќе купуваме нешто друго. Пумпа уште не сум купила ама планирам гледам 90% ја користеле. За бодиња земав на прерамки не ми е логично да ја облакам два пати со долги ракави иако мајка ми инсистира пошто ќе му било ладно ама во станов е прежешко и не мислам да ја варам. Шпихозни за првите 3 месеци е после тоа ќе почне мајка да купува фустани и тоа и јас поим немам што друго треба ама ќе учиме едно по едно
Lele ista sum, ne znaev so se tetra peleni i koja im e namenata ama go razjasniv toa )) mene termin mine vo Fevruari , sega me zbuni so bodi na kratki, i dali bodi i spikozni e edno isto?
Хелоу мамис. Периодов а особено последниве две недели се осеќам безволно. Дома ме чека еден куп работа спремање за реновирање, бркање мајстори, празнење стан, чистење, бирање материјали, поднесување кредит и слично. Благодарна сум што имам можност сето ова да го правам, ама имам денови како денес (последниве ми се посебно такви) кога нити имам сила ни енергија ни воља за да фатам нешто, имам потреба само да легнам и да одмарам. Еве денес планот беше да си фатам од сабајле полека да празнам шкафови и фиоки ама едно шетање на кучето ме исцеди и легнав да одморам. Сум заспала кома денот отиде, се осеќам како под притисок и дека времето ме гази, вина што ништо не сработувам а во исто време сум уморна. Божем во второво тромесечие би требало да имам повеќе енергија ама слабо некако…
Едно прашање кречено ни е дома пред година две пред првото дете да го родам сега пак треба да кречам?
Иста сум.. Енергија 0.. Еден ден ми е така подобро, се осеќам жива, после 3 дена умирам од повраќање и од сите други пропратни симптоми што постојат во бременост, ужасно ми делува и на психата. Мислам дека 2 дена цели не сум уживала во бременоста, секој ден ми е преживување
Боди има со прерамки, ракавчиња кратки и долги без ногавици, а шпихозните се исцело со ракави и ногавици.
Јас во втор триместар како да не бев трудна можев се. Сега во третиот ај што ме мрзи туку и не можам едвај дишам едвај стојам само кревет
Кај мене обратно првиот триместар бев супер никакви симптоми. Сега од 13 недела почнав со гадење,повраќање,лошо цело време, вртоглавици...
И јас сум иста втор триместар, додуша не спијам како во прв, ама едвај се движам, умор голем. Среќа сега барем не повраќам. Јас планирам овој период да почнам полека да купувам, тука кај што сме од болница не советуваат барем болничката листа за мајка и бебе да се спремни од 28ма недела (за недај боже). Јас се надевам се ќе биде во ред. Мене ми е мерак да си купувам и си листам и споредувам кое, што и како да си купам. Кој што сака нека збори, секаде во светот се спремни пред да се роди бебето.
Јас со првото боди по кратки користев од доле како маичка и шпикозни така го поминавме цело зимо бидејќи дома се грее и е топло... Еднаш со долги го облеков од доле цело се направи со вруќаници...
Филипс авент шише има со 0+ тоа најмалку тече цуцлата и е најјдобро за бебиња според искуство мое.. Имав други купено ми се давеше од нив. Памперс од бејби лов ми се потпаруваше па само виолета ми се погоди..За бањање купував бочко шампони од бугарија само од нов не плачеше, не го печат на очи. Пумпа јас го доев ама првите денови од болница кога ти надојдува млеко многу е од корист пумпицата заради маститис.. Јас од зегин ја имав купено рачна на чико.
Да ве прашам Слабокрвна сум и моментално пијам New iron kapsuli Vit C од 500 b6 i methyl folat od Now што мислите дали да земам уште некои суплементи и вие што имате искуство со слабокрвноста што ви помагало да ми препорачате
Јас ни во првото ни сега во второто тромесечие не сум повраќала воопшто, се надевам така ќе остане. Ама се надевав дека во второ кога ке влезам ќе имам повеќе сила и енергија ама јок. Во првото ептен се пазев, повеќе лежев, ме болеше желудник од време на време и понекогаш ми се гадеше. Најризични се нели тие првите 3 месеци, а со оглед на тоа што сум над 35 години и што имам пејсмејкер дополнително се пазев. И сега кога влегов во второ си викам ајде ќе ми се врати енергијата и силата барем кај повеќето е така, сите ми викаа ехееее од 4ти месец натака ќе леташ ама кај мене не е така. Само ми се спие, се изморувам од ситници по дома. И имам испади на моменти паничам, кога реално за се има време да се среди. Ама самото тоа што ми е дома хаос и тек ќе ми биде дур реновираме ме фаќа нерва и откачувам. Пробувам да се контролирам ама ете има денови емоциите до плафон и тоа е тоа. Среќа маж ми иден добро се носи со моиве mood swings, ме чува ептен и има разбирање за мене ама и него му пука филм еве како денес, пробува да ме смири дека се ќе биде во ред и ќе се заврши на време… и така.