Не е исто боди и шпилхозна. Боди ти е како долна маица , само што се закопчува. А шпилхозна ти е облеката за одозгора.
и мене првиот триместар ми беше полесен од вториот. Имав енергија повеќе. Нормално е се, не си набивај вина, во деновите кога ти е подобро средувај си работи. Не мора секој ден да е 100%продуктивен а и не може
Тука сме ние со термини, ама јас прогнозирам дека ќе се породам со второво почеток 9ти месец. Сега сум од утре петочки 32 ра недела и го газам веќе 8миот месец. Јас имам енергија ама мислам дека ми е бидејќи сум на некоја здрава исхрана од 28ма и од тогаш осеќам дека сум повеќе витална и енергична, а и првото ми е 3.5 години така да нит ме остава да помислам да седнам - а не да си одмарам
Јас грешно имам пишано, од денес точно 31ва недела, место 6 вчера 1 сум пишала инаку може да значи мноогу исхраната, јас искрено не пазам ич а и во последно време овошјево по маркери не ми се погодува, праскиве без вкус, мандарини кисели и слично.. ама ке пробам да не е до тоа а си земав и упат да направам една крвна слика, дали во 31ва или во 32 се влегува во 8ми?
32 ра - така ми напомена на последниот преглед гинекологот. Ептен сум среќна што до овде немав некои поголеми маки за разлика од со првото - ама тогаш не пазев на ништо како морж бев, не работев и бев трома и земјо дембелијо
Денес 39та недела, претешко и со нула енергија се осеќам. Бебуш секој ден го очекуваме ама убаво му е уште малку во меше да си поседи.
35 недела.. Имам болки доле како во овулација кога сум...Ситно броиме Преплашена сум да не ни се случи нешто ..Ем и нестрплива да го видам бебчето мое
Хахаха исто само гледам минимумот што треба да дојде за да бебе може надвор. Мене ми е далеку јас сум 29+2 . Не дека ми е многу тешко(сеуште) ама нестрплива сум и сакамшто е можно порано да не биде во најладното мм вика следно бебе здравје ќе планираме пролет да се роди
Имам вишок време бебка спие,па да ви кажам што до сега ми беше мене најкорисно за бебе. Прво, торбата спремете си ја штом влезете во 36та. Влажни(на виолета 99 ги користиме и супер се), мрежести улошки, мрежести гаќи, памперси неколку за бебе, крема за газето(веледа или на фризи дерм за почеток), цуцла (јас земав на филипс одма ја прифати), пешкири. Ова ако се пораѓате на Гак. Јас торбата ја носев на секое цтг, кога не ја земав ме оставија Алишта исправ све во 35та, 35та мислам. Купив фрош бејби и супер е нема никаква реакција ама тоа си зависи од бебе до бебе нормално. Тоа е најубавиот дел баш тука со другарките трудни си зборевме тогаш За почеток не ви требаат многу алишта, зашто не ги ни прљаат многу. Земете си најмали бројчиња ако е бебето поситно. Ние од нјуборн не користевме ништо зашто и 56 ни беше ептен кнап Долга и голема се роди. Шпикозни се најпрактични за облакање. Неколку бодиња, панталончиња. Тоа све за почеток скроз. Шампонче користиме на бејбилав супер е, уље за масажа исто така,ја бањам секој ден во склоп на рутинта за спиење. Шише филипс афент со најмал проток, додуша она сите шишиња ги прифаќа ама тоа е супер не и тече од страна. Пелени секакви и менувам искрено. Монентално сме на виолета дабл кер и се добри. Тетра пеленки се супер и нежни. Со тоа ја чистам околу кога бљуцка и со некои ја покривав навечер дека е августско бебе и топло беше. Пумпа за гради јас да немав мислам дека ќе цркнев, и сеуште е само на измолзено млекце. Ја користам на кика бу двојната и одлична е. Количка тоа сигурно имате веќе купено, на почеток највеќе се користи корпата. Јас уште во корпа ја ставам кога шеткаме... Креветче е многу битно за да се научи да не спие меѓу вас, а и да спие со мама ништо страшно битно да се одморни и мама и бебе Чорапчиња зимајте повисоки зашто мојата секад без една чорапа е уште од почеток...Гнездо за бебе е супер за да не се тегне при носење стално.. Грчеви секое бебе у глобала има, пробувајте капки ама секако само ќе помине кога ќе се стабилизираат цревцата... Не знам што друго да пишам не ми текнува. Можам само да ви посакам лесна бременост и лесно да си помимете на пораѓај мамички
Денеска се осеќам ептен за никаде. Цела ноќ не сум спиена од болки уште не ми помина кичмата и ногата плус згора на тоа носот ми се затна ми тече, кивам, главата ужасно боли, ќерка ми фати стомачен вирус со повраќање и на неа и дежурав ноќеска..жива ненаспана и неодморена сум. Немам веќе сила, повеќе од еден месец ме држи оваа никаква болка со ногата и кичмата, неможам нормално да функционирам и одма ,ме исцрпе целосно...
Ова како маж ми да го слушам, ми вика ја ова пролетно бебе го правев ама по математиките некако не ми штима, викам скроз си утка
Здраво девојки, денес 7ма недела ама страшно имам лошење едвај се воздржувам да не повраќам... некогаш успева не повраќам ама некогаш хаос преку 10 пати.. како се справувавте и до кога траат од прилика знам кај секој различно ама скрос сум нефункционална... Не можам ни на работа да доседам.
Зависи кај кого како. Мене во првата бременост повраќањето ми траеше до 9ти месец, најизразно беше првите 3 месеци после помалку ама не престана. Е сега со вторава повраќање и лошење до 14та недела и после исчезнаа. Од тогаш до сега (35та недела) можда имам повратено 5 пати и тоа ако се прејадам. Се надевам кај тебе до крај на прво тромесечје ќе помине. Со лесно
Се надевам нема до 9ти само да е се како што треба ќе се издржи... од се ми се лоши нема нешто пример да сакам да го јадам..
Со првото во кревет лежев до 12та недела не можев ни да јадам ни да пијам се повраќав од сабалје до 6 поручек, миризби многу ми сметаа после наеднаш еден ден се престана си уживав до крај на бременост ништо не ми беше. Со второто до 5ти месец некој ден ќе повратам некој ден не ама премногу ми се гадеше дури ќе речам потешко ми беше така отколку со првото што повраќав... Ама ме измачи со вртоглавици, со низок притисок, со висок пулс, сега понекогаш и киселини, болки во стомак не можам ни да прошетам ништо само од кревет во кревет сум