Поправав заб со анестезија ама сегс имам болка бев повторно ми ставија конче со лекче ама повремено осеќам болка ми рече др можам парацетамол колкав размак и по колку смее во денот?
Ќе речам ЧУДО! На сите им даде надеж дека не треба да се откажуваме... Кога те прочитав реков Боже што се не помина женава! Во споредба (нема да мешам случаеви секој за себе) со мене две киретажи едно по едно многу тежок период одење по доктори пијај ова пијај она оди ваму оди таму па ваму не чини, па овде чини ама неможи итн... На сите им посакувам да ја искусат радоста да си бремена да станеш мајка и да носиш уште едно срце и уште едно бели дробови под тебе кои заедно со тебе го вдишуваат секој здив... Јас сум 35+1 пресреќна исто со многу стравови и сеуште со пазење ама гледам психички да бидам ОК бидејќи се делува како на мајката така и на бебето... Полека се спремам секој момент чекам да клоцни или да го напрчи "газето" ....
Јас сум 20+5 и уште сум без сила, додуша малку повеќе од прво тромесечие. На почеток ми беше многу лошо, спиев и седев на темно, ниту телефон, ниту тв можев да гледам. Од се повраќав. До пред две недели ми се повраќаше. Сега само насабајле кога мијам заби.. ќе пробуваш се. Секој е различен. Мене од се што ме советуваа ништо не помагаше, едноставно си трпев и јадев тоа што најмногу можев да задржам. Исто е и сега, тоа што можам, јадам. Се трудам да јадам здраво, ама кога како. Од почеток до сега имам многу киселини и мислам тоа ми е најголем проблем. Една вечер сон не врзав. Ќе видиме понатаму како ќе биде. Јас искрено се надевам ќе бидеш од оние што магично им исчезнуваат мачнините во втор триместар.
Јас не повраќав имав гадење само и имав киселини после јадење, па јадев што ми се јаде што не ми смета. Мачнини имав од 3ти докај 5ти негде ама реално ништо не ми помагаше. После се скапав нездрава храна па еве ништо не ми е 34та терам и бебето е супер, ама и за тоа е секој различен. Тоа со мачнините зависи од хормони, свекрва ми со двете имала мачнини/повраќање од почеток до крај. Мислам дека нема формула, каков ти е организмот...се надевам дека ќе ви поминат поскоро.
Јас некаде до 4 месец имав така доста мачнини, од се ми се гадеше, низок притисок, неможев од кревет да станам. После тоа наеднаш преку ноќ ми се врати силата и не застанав, доста сум активна до ден денес, 36+1.
Јас со лежење до почеток на 4ти месец.. После кога преоѓав од една. недела во друга обично пример од 20+5 кон 21 имав многу мака главоболка поспаност нервоза... Три четири дена во 28недела ми се јавија киселини.. И толку не се повтори! Главоболка да ама поретко. Крв од нос еднаш неделно до двапати зависи од времето..сега одвај чекам да се роди да ја држам и вака е убаво ама мешето боли кога клоца хахах вели докторот како порано нема шанса порано од две недели до термин... Сега ми е речено од 36та недела на ЦТГ ама не прашав на колку време се оди?
Јас сум во Германија, тука почнуваат порано, веќе 1 месец каде што правиме цтг, и сега одам секоја недела на преглед.
Мене ми рече докторот од 36 недела да почнам до ЦТГ па другиот понеделник ќе одам ќе видиме ... Рече да си носам торбици секогаш кога одам бидејќи јас од село патувам рече да не треба да останиш биди спремна..
мене киселините не ми прекинаа а веќе сум 29та недела… некои денови се мн чести, некои ги нема. Некогаш си јадам топ, некогаш буквално од вода ме жежи и ми се враќа. Ама немам земено ништо зошто не се неиздржливи и не се многу чести
Јас некогаш не можам да издржам. Кога се трпи не зимам ништо, гледам колку можам да издржам без да земам лекови, ама не секогаш е така. Среќа повеќе се трпи, не секогаш е толку лошо.
Јас вчера влегов во 35та и правев брисови... Од 36та ми рекоа утрогестанот да го прекинам.. И да одам нареден понеделник на ЦТГ
Во која недела од бременоста се прави трет скрининг и кај кој доктор во Систина препорачувате да се направи?
Јас во среда влегувам во 36та, аспирин пиев до 34та недела, а на цтг сум наредна недела. Тука сме со термини