Здраво, некое искуство да споделите за намалена плодова вода? 28+4 денес, примив инексија за зреење, докторот вели за секој случај, плодовата вода е како што ми кажаа минимално намалена и само ми рече повеќе да одмарам и да јадам благо, зошто шеќерот после 2часа од гликоза ми беше 2.93... хелп
Здраво, денес крварев и сум 5+1 трудна. На ехо не видоа ништо и ми рекоа или е премногу рано или имаш спонтан. Во вторникот правев hCG и беше 318, денес 687. Ми рекоа во понеделник да отидам пак. Има ли шанса да не е спонтан?
Во која болница ти ставија инекција за зреење и колку ти е намалена водата? Мене од 24 недела ми е редуцирана и идам на клиника секоја недела. Водата ми варира меѓу 6 и 8.5 зависи колку вода ќе пијам јас. Првиот пат лежев 4 недели и буквално само пиев течности се врати некаде во нормала да речеме и ми дозволија и да се движам. Фала му на Господ стигнав до 35 недела и следна контрола ми е закажана за 2 недели кога веќе ќе бидам 37ма. Многу е важно во сите џебови да имаш вода и бебето да е цело во вода. Немој да се сеќираш ама биди дисциплинирана. Пиј многу вода, мене ми се гадеше од толку вода па си варев вода со јаболко, круша, Дуња. Ти штом треба и благо да јадеш пиј сокови. И прати движења на бебе, тоа е најважно, ако мрда значи се е во ред ако не на дежурен. Иако и тоа не е мерило јас неколку пати од памет се извадив, ме фаќа паника од самата дијагноза намалена вода, излезе дека и бебињата спијат
Имам едно прашање. Конечно решив да се спремам за бебе како ги перете новите алишта дали на програмата за рачно перење што е 20 минути или пуштате на пример на 60 степени и перете ко што би переле валкани алишта? Јас тие што ми ги дадоа ќе ги перам така на 60 ама овие новите нз дали е ок да се перат на кратка програма?
Новите ги перев на 40 степени во програма за бои што е, и бели и шарени се заедно исправ, еден саат трае програмата.
Новите секогаш прв пат пери ги на послаба температура 30-40 степени за да не ти се соберат, па потоа кога веќе ќе ги носи на 60 можеш. Јас ги перам на програм од 1 саат, на 30 степени пошто после секако ги пеглам
Девојки на некој ако му е потребна продавам лала перница за трудници плус гратис две јастучници сива боја + бела со назнака it’s a boy - 1800ден
Сега ги земам Waya ќесичките. Кога можам едно дневно, некогаш и повеќе. Два пати до сега имам земено фамотидин, ама се трудам тие да ги избегнувам најмногу што можам.
Можеш на кратка. Јас на мојата машина имам опција 30 степени за 30мин. На таа ги перев. Или понекогаш ги перам на 40степени 1 саат.
Не, само ми кажаа да повторам hCG во понеделник. Крварењето ми прекина по некоја кафеава капка има само кога се бришам
Утре пак ако крвариш и ако се качува бетата ќе те боцнат или ќе ти препишат терапија прогестерон. Одмарај денес колку можеш. Не кревај тешко, не се напрегај.
Мене серумското железо ми е 8мица, а до пред 3 недели 20ка. Ми рече да пијам нешто за железо а не беше специфична за кои да ги пијам. Имам од детето малтофер капки се мислам дали тоа да почнам или нешто друго...
Искрено незнам колку е намалена, вторник сум на контрола па ќе прашам подетално, бев збунета па не ни помислив да прашам... Во плодност во Битола одам... Не ми е кажано стриктно да лежам, само да одмарам повеќе од предходно....