Не ме засегале, знам дека не се со лоша намера кажани, туку од луѓе што не размислуваат многу. Тие ти кажуваат еднаш, ти слушаш 10 различни коментари од исто толку луѓе и губиш трпение. Кој како перцепира си кажува, нека не те дира ич, сите различно гледаат. Мене доктори на крај ми викаа мал ти е стомакот мало ќе биде бебето па излезе поголемко..
Девојки дали некоја од вас имала болки во пределот над срамната коска? Мене тој дел ми е малку потечен а дури и на левата страна визуелно се гледа дека е малку повеќе потечено. Читав на интернет дека е нормално во бременост (28 недели сум), ама мене ако лежам подолго време или ако седам, кога ќе станам дури ме подболува. Утре сум на доктор, ќе прашам, ама минатиот пат кога и кажав за ова на докторката (не ме болеше толку и не се приметуваше како сега), не го сфати сериозно и рече ништо не ти е.
Види, глупи коментари имало и ќе има. Луѓето не размислуваат што зборат а има и такви што намерно сакаат да се осеќаш лошо. После пораѓај имав преужасни коментари, 5 дена после пораѓај добив коментар леле колкав ти е стомакот стави се на диета И тако даље... За твое добро ментално здравје, игнор
Јас не се замарам ич, јас бев многу слаба може да се каже коски и кожа и сеа маж ми ме зафркава секој ден мрсна дека сум била веќе, сало на газот сум имала (не можел веќе со една рака да го фати јас се смеам ) дури и ми годи што се здебелив повеќе си се сакам вака. Син ми буцка ме вика
Ќути, на патолошка лежев пред пораѓај и кој стигнеше и од специјализанти на секој 2 мин ме проверуваа тоа ми беше најлош момент. Самото породување не, после кпга ме ставија во соба исто лошо си поминав....
Ај утешете ме за скриен шеќер дека не е страшно ))) утре сабалје треба да одам. Мене стравот ми е од глад долго време дека ќе ми се слоши Дали во ист ден излегуваат резултати во Авицена, со 3 мерења сум?
И јас осеќав и осеќам болки доста ниско, ми кажаа од што притиска бебето е. Може е веќе со главата надолу па затоа ти прави повеќе притисок? Не се грижи, утре прашај на доктор ама мислам ќе ти кажат дека е нормално.
Растворот е само грд на гладно да го испиеш, ама ако го издржиш тоа после немаш гајле, ќе те засити шербетот, оди порано сабајлето за да не стигнеш да бидеш многу гладна. И после кога ќе смееш да јадеш, јади и да не си гладна зошто јас овој пат се заборавив до 12 часот и ми се слоши тогаш.
Девојки како се справувате после биохемиска и спонтан? Јас не можам да се смирам. Со денови плачам мислам дека светот ми се сруши
Плачи и не чувај во себе. Имаш право да жалиш и да тагуваш. Ти се случила загуба, пробај да не се оптеретуваш со очекувања сама од себе дека мораш да станеш и сѐ да биде како порано. Одболувањето има фази, тешко е да се прифати загубата како дел од нас. И покрај сѐ ќе доаѓаат поубави денови, можеби не одма, малку по малку, ќе се учиш одново да дозволуваш убави нешта, случувања...
Баш сега прочитав дека периодов е можно веќе да е свртено или да почне да се врти надолу па може и да притиска повеќе. Се надевам не е некој хематом или нешто посериозно. Фала ти
Јас се мислев едно време ама на крај си се одлучив откога ќе се породам сите 4ца заедно да се сликаме со бебенцето поубаво, за спомен имам во телефон слики што сум се сликала трудна Ја гледав таа Каролина таму се мислам да си закажам..