Леле 8 кила, абе уживај си кој што сака нека збори, јас качив 25 кила се ми е во стомак и гради и баш ме заболе дур се породам ќе стигнам накај 30 плус како ќе се враќам не знам Македонче е такво да лупне нешто а дали ќе те навреди не мисли. Јас многу многу не им мислам одма капак им ставам па не им текнува пак бебе носам тоа е
Оди сабајле рано. Тој растворот е толку благ што верувај дека нема да ти се јаде. Мене не ми беше гаден онака благичко ко да пиеш шеќер и вода лошо е уствари што на гладно го пиеш па ти се стужува. Земи си книга нешто да читаш ќе ти здосади телефон 3 саати. Не треба да се движиш и мене вода не ми даваа да пијам. Само јас бев со 2 мерења матичниот рече дека е доволно. Резултатите беа готови за 2 или 3 саати.
Јас се тешев дека не отидов на киретажа. Полесно некако ми беше така што мислев и одма останав пак трудна.
Што јадевте претходниот ден и до колку часот? Мене страв ме фаќа да не ми се слоши сабајлето дека имам саат време возење до болницата
не е ништо страшно. Јас бев сама. На клиника правев, шеќерот не беше гаден, прво ме боцнаа од прст па испив тоа сма ми рече во рок од 10-15мин можам не мора на екс. После еден саст пак, па после уште еднаш. 2ипол дссти седев. Си чепкав на мобилен. Не може да ти се слоши 12саати не јадеш, не 102 последно јадев вечерта накај 9мислам, а во 7ипол имав закажано. Си имсв земено водс и ѓеврече тие возејќи одма ги изедов испив.
Хаха и мене исто многу ми се јадеше од сабајле и мислев дека ако не каснам ќе умрам. Ама издржав ќе издржиш и ти. Мене ми рекоа дека треба 12 часа да не сум јадена.
Јас не сум во МК, и тука испитуваат само еднаш, 1 час после пиење на течноста. Ама препораките се оброкот пред тестот да биде главно протеински, како пример докторката ми кажа 2-3 јајца со пола авокадо.
Не е ништо страшно нема да ти се слоши можеш вода да си се напиеш башка и други трудници ќе има ќе си правите муабет ќе помине време не се секирај или пушти си филм на моб ќе помине време уживај гледај последно јадење да ти е 10-12 часа пред тестот
Дали на некоја и' дале предлог за царски рез и со препорака за проверка прво кај офталмолог поради голем диоптер? -7 со -5.30 ми е диоптерот. Природно породување поради нормално напон голем можело да ја дооштети ретината или така нешто читав дополнително. Некоја со вакво искуство?
Вие што сте поодмината бременост како си наоѓате поза за спиење. Ми се плаче веќе. На десно нема шанси да лежам мислам ми се корне стомакот, на лево дека лежам цело време ми се кочи левата нога и плус не можам да дишам морам да сум полуседната. Има ли некоја финта нешто човек да се намести да дремне малку
јас се повторувам неколку пати ама си дозволувам на сите страни да спијам. И на грб и на страна. Болки има премногу
Девојки, што испитувања се прават периодов освен огтт, ддимери? Со тоа завршив а од Утре влагам во 30та недела