И јас во странство живеам и тука исто кога се испитува гестациски шеќер 3 пати се боцка. Првпат слушам едно боцкање.
Ако си поминала и брисеви, имаш уште еден скрининг 31ва недела и тоа е тоа.... После од 36та на прегледи, цтг, ама тоа уште не знам колку често треба
Нема простор за страв, не си прави паника за ова, поедностави си ја ситуацијата, ништо страшно не е. Последно јадење рачунај 12 часа пред боцкањето. Можеш некоја голтка вода да те освежува, да те расони.
Ти пишала и членката погоре, уште брисеви и скрининг, крвна слика исто така ако испитуваш секој месец. Претпоставувам картонче за крвна група имаш, ако немаш и тоа треба. ЦТГ мене матичната ми рече од 36та, прво еднаш неделно, од 38ма на два дена.
Каде тоа на 2 дена од 38? На ГАК јас до термин одев 1 неделно, и тоа ми рекоа не требало од 36 да доаѓам ич ама ај да не ме враќаат, само ме прегледаа, цтг од 38 ми правеа. На 2 дена прегледи и цтг откако ќе поминеш термин се, првата недела, ваљда втората се секој ден, не стигнав до таму
Девојки јас баш убаво си настинав, веќе сум 31+5 од сабајлево кашлам и сум затната и така омалаксано се осеќам.. освен цеден лимон, пантенол дали смеам нешто друго?
Моето искуство е дека прво цтг правев кога отидов на пораѓај, се породив 38+0 , сега ќе видиме со второво како ќе биде. Пренесувам како ми објасни матичната тогаш, инаку и мене на ГАК исто ми кажаа кога бев и само ме прегледаа. Се породив во Чаир каде па ми кажаа дека требало да почнам со ЦТГ од полна 36та. Очигледно секој различно кажува и прави.
Да, и зависи од индивидуалната ситуација. Пошто јас абер немав за пораѓај двата пати, овој и на царски завршив поради тоа, мојот пример е на колкави периоди максимум се закажува цтг
Јас само чаеви пиев, пантенол таблети, парацетамол ако качам над 37.5 и ми рече ако кренам над 38 да се јавам на лекар, ама ми помина. Лимон мене ми смета киселини ми ствара а сакав да пијам...
Да не се подречам, ама можам да испијам некоја чаша цеден лимон со мед. Мислев да не има непто од аптека што е дозволено но ќе пробам вака со чаеви. Фала ти
Брисеви правев ама еднаш во 10/11недела сега не сум правела скоро. За што брисеви, уште не ми спомнале.
чаеви мислам смао овошни смее, спее падтили исла, спреј пантенол без алкохол ако те боли грло. А за затнат нос можеш морска сол раствор да земеш
Стрептокока група Б. Е не знам дали само за тоа или следат сите комплет бесплатно. Јас на приватно напраив 4те и ГБС
Ако ти е за утеха, јас сум 21 недела и сум веќе 8кг поправена, со сите мачнини и повраќања. До крај којзнае како ќе биде. Кој што сака нека збори, мене во глава ми е само бебето и се да биде како што треба. Секаде коментираат, не е само во Македонија.
И јас чувствувам како притисок во тој дел, посебно после долго седење. Не е некоја голема болка, но е како измеѓу притисок и болка.
Ни јас торч немам правено две бремености, мојов дава за испитување само што е обавезно, брисот за стрептокока е сигурно, ама јас пошто си имав мака со инфекции цела бременост си ги направив сите, па не знам како е по протокол..
Мене ни за ддимери ни за торч не ми дале ништо. Брисеви ми правеше до сега три пати бидејќи имав на првиот бактерии