Па истите од 11/14 недела се прават и во 28ма, мислам дека е тоа по протокол. Мене матичната така ме води, инаку немам индикација за да правам, туку по протокол така било.
Јас торч правев во оваа бременост зашо кога отидов на прв преглед во 10 недела имав дијареа и док. Рече најубаво да испитаме да бидеме сигурни и тероидна испитував тогаш со првото не правев ништо од овие испитувања, во 28 скриен шеќер д димери и хемостаза во 34 брисеви и крвни слики урина и уринокултура секој месец и нормално прв и втор скрининг и пренатален
ниту за ддимери и мене, тоа преку општ матичен земав упат и во право беше гинекологот, се е добро немаше потреба
Еден брис се прави во 35 недела за стрептокока. Сега по ново матичниот ми рече барале и хив плус хепатит Б и Ц.
За килажата што зборевте погоре да си се искажам мене истите луѓе што ми збореа колку сум слаба дека цел живот имав 48-51кило, сега истите ми зборат како машала сум поправена. Као јас не се гледам, они мора да кажат. Не е до вас, до луѓето е.
Зависи каде ќе се пораѓате но за државниве мене ми рекоа дека се потребни и микробрисеви и за стрептокика, последна крвна слика, крвна група, инфективен скрининг(хепатит Б,Ц и ХИВ)
Тоа, и плус повозрасниве цело време прашуваат дали пешачам, дали се движам? Како ние да не знаеме што треба да правиме.. И најчесто од повозрасни жени добивам ʼʼкомплиментиʼʼ за килажа
дааа, мене има онака луѓе што ми викаат позгодна мајка не виделе, позгодна трудница, као кешки сите вака да биле ама има и вака ретки што ми викаат машала колкава си се се во стомак ти иде на работа исто ме нервира дека сум специјализант и кога и да отидам нема колега/колешка на глас да вика ти трудни како си? И некој да е со комплимент некој да е со као коментар ама искрено не ме погодуваат, секој нека мисли што сака. Јас си знам што мене ми смета од килажава и што во иднина би сакала да променам и намалам здравје ама тоа јас да се осеќам убаво. Имав и од брат ми коментар фром астерикс ту обелекс ама знам дека не го мисли навредливо дури и мене ми е пресмешно
Мене не ми правеа природно породена пррд скоро 4 години. На патолошка си лежев ништо не ни ме гледаа горе кога се качив само ми ставија за инфузија канила и директно нешто ми стави како што слушнав беше провокација некоја ама со шприц ми ја стави и толку почнаа одма за кратко болките и на бокс. На бокс кога се пораѓав ми ставија некоја инекција не знам за што е нити пак кажаа посмле кога ме шиеа пак ми ставија инекција доле и толку.
Јас мислам дека видов слика од тебе во темата Какви бевме/сме како трудници и баш убаво ти стои стомачето, далеку од дебела си. Инаку ти ги читам погоре коментарите и ако добро памтам ти одеше кај Коруноски ама мислам дека кај докторката во Лисиче. Читам матичната не ти дала упат ни за торч ни за д-димери а колку што знам понапред си со бременоста од мене. Јас одам кај Коруноски ама кај др. Павлина и речиси се од ова имам испитано (по нејзина иницијатива) а и доста други работи. Денес ми даде упат за д-димери и хемостаза и за една модринка на ногата што личеше како да е од капилар ме прати на доплер за секој случај. Може е паметно да си појдеш кај Павлина следен преглед, мислам дека нејзе и тоа и е специјалност и дека најчесто бремените таа ги води таму.
може дека си се пожалила па ти дала, јас сум кај неа не ми дала упат ни за ддимери ниту торч ниту ништо. Еднаш сама си направив на приватно ддимери во 17,18та недела не се сеќавам баш и и ги покажав само и толку
Па вака како се консултирав со другарки и нив не им давале торч и други гинеколози низ Скопјево. Но фала ти сепак а ддимери ми кажа др од Ремедика дека и таму идам паралелно па си проверив преку општ матичен
За торч мене не ми дадоа ниту во првата бременост, ниту сега, ниту па некој ми спомна. За димери ми кажа матичната, другата недела ќе испитувам. Да не знаеш случајно до колку часот боцкаат во државна?
Со првото бев 27кг поправена, свашта се изнаслушав! Сега за второво најчесто не им ни враќам букв. ги игнорирам во целост или им викам а што се очекува? И заќутуваат. Свиркај си - апсолутно тоа им е колку да се најдат у муабет. Мене ме изненадува што оваа бременост за разлика од првата има многу позитивни коментари: многу убава трудница си, браво се во стомак ти оди, алал да ти е слаба си ти. А јас сега 10кг подебела затруднев и сум како кит
Јас првата бев малку поправена 12 кг ама изгледав мн покрупно машко дете носев, е сега добив и коментар аа со првото беше убава сега не си баш како си ти знам дека првото ти беше исто големо како моето ја очекувам второво да биде помало девојче демек иако е поголемо за 5 дена
Јас пијам ферозомал со вит ц 1000 мг. Ниски под граница ми беа и хемоглобинот и железото. Истерав една кутија, еден месец, ама паралелно јадев, па и сега си јадам, цвекло и морков рендани со лимон закиселено, семе од коприва со мед, какао, црно чоколадо од тие горките со 70-80%, си купувам од тие соковите во стаклено шише од цвекло+јаболко или црвени плодови. Тие па блантави се, немаат вкус на сок, нема шеќерче, ама голтам. Кога направив контрола по еден месец резултатите беа во референтни вредности. Близу граница се пак , не дека се нешто woooow, ама барем има.