Ехее мене "пријателка" ми рече дека сум многу поправена 8 кила во 6ти месец, сега сум 35та и 10 плус. Којзнае што ќе рече за други... И гледам дека луѓето по улица во стомак ме гледаат и тоа не тргаат поглед, никогаш не ми било јасно зошто ама ок.
Да, изгледа паушално носат одлуки дали ќе дадат или не. Јас мислев дека барем кај Коруноски унифицирано им е тоа кај сите доктори, ама зависи од докторот и од конкретниот случај најверојатно.
Леле ве мава бебе доле во вагина баш кај клиторис на моменти ме мава дури знам да викнам што ќе ме заболи или изненади 36 + сум првото вака не ме мавало ова лудница ептен непријатно
Не знам дали ви се случува/случувало ова. Мене и со првото и сега после 30 та соновите ми се премногу живописни и не секогаш реални, ноќеска си го сонував и бебето за прв пат, а со првото мн често сонував бебе мое као родено веќе. Кажете ми дека не сум сама
Јас сонувам страшни сонови од кога останав трудна, многу се живописни.... Два пати дури се будам од сон и не можам да дишам, зошто сонував како ме стискаат за нос.... Сонувам гробишта и секакви глупости, духови Не знам на што се должи тоа ама више ми се смачи.... Татко ми е починат а немам отидено на гробишта одкога останав трудна дали ме гризе потсвеста заради тоа не знам ... Сакам да отидам ама се нешто дека тешка бременоста и се откажувам, а палам свеќа кога и да отидам во црква...
Јас каков језив сон сонував пред 2 дена, уште ме прогонува. Се качувам во кола, наводно другарка ми ме собира да одиме негде. Махинално влагам викам здраво, вадам телефон и си чепкам во него а не погледнувам на возачко седиште внатре. Колава си вози, и после минута две одеднаш слушам језив глас како на кукла вика mommy, mommy, mommy како навиена... викам што е тоа никој не одговара и продолжува mommy, mommy... Погледнувам на возачко седиште и гледам дека е празно, никој нема а колата си вози си тера! Ме фаќа паника пошто колата почнува да убрзува, стигам некако до кочницата почнувам да кочам и колата успорува, на крај дигам рачна и застанува. Испаничена искачам од колата, и се јавувам на другарка ми и и викам абе кај си што се деси нели ќе ме собереше, она зачудена ми вика хммм не бе не сме се договарале за нигде, нешто грешка си... и така...
Жени што правите за запек? Јадам супер разновидна храна, пијам течности, на мирување сум периодов нема многу активност. Претходната бременост беше ужас не можев во тоалет да одам нормално и имав интензивен запек. Си ветив за ова дете нема да трпам така ќе пијам нешто. Совет ?
порталак.. две лажици на ден, само тоа ми помага, секаква исхрана пробано, сите можни природни начини и ништо не помага цела бременост. гинеколог ми кажа може по три лажици дневно порталак, мене ми помагаат две
Јас скоро никогаш не сонувам ама како влегов во 8 месец така секој ден сонувам глупоштии. Филмови цели нз како му текнува на мозоков
Се пробав и најефикасно нешто крушка на гладно. Јадам една крушка, плус си варам компот од крушка и го пијам цел ден само не ставам шеќер така вода од варена крушка пијам и после јадење кафе турско. Немам промашено ден инаку претходно по 3-4 дена не можев да излезам и кога ќе требаше да одам тоа ми беше хорор а исто јадам потечна храна повеќе овошје и само ова ми помогна.
Која недела сте? Јас од 8ми кога влегов малку потешко ама не е страшно до толку. Кафе ми помага и среќа што се движам мислам дека и тоа колку толку ми помага. Сеа сум 35та еднаш пијам Сидерал Форте, викаат демек од апчиња за железо може да се има мака, јас со два пати пиење немав мака сега повеќе. Ама веројатно притиска и тоа прави проблем.
И мене таа недела како одеднаш ми отече, а правев свадба тогаш. За малку немаше да ми е точна венчаницата
Јас мислам да требаше свадба да правам ќе ја откаже многу повраќам 24/7ми се лоши плус стомакот бомба... браво за тебе