35 сум и јас и мене ме мачи од сам почеток. Јас гледам да не пијам апчиња ништо освен витамините и се гледам да решам со природно. И притиска и хормоните ама ајде ситно броиме ќе се издржи
Здраво,вчера на клиника на контрола ми мерат грло на матка 33 мм со фанелинг најверојатно ги слушав како зборот ништо не ми кажуваа,само ми рекоа супер си оди си дома,денес си бев кај матичниот ми вика грлото ти е мн кратко 16 мм вика мораш да одмараш од кревет да не стануваше и ми препиша циклогест,иначе 25 недела сум и така се исплашив повеќе како ке истерам до крај и незнам дали да одам и на трето мислење и каде би одела,ве молам за искуство или препорака за трето мислење
Од апарат до апарат може да има разлика, а и од самиот начин на којшто се мери, дали со повеќе или со помалку притисок. Мене во 1 ден неколку часа разлика ми имаа измерено различно (8-9мм разлика). И отпосле ми кажаа секое грло е различно, а моето било такво да тешко било да се измери (ова не го разбрав баш). Не оставај на случајност, оди на уште едно мислење, препорака конкретна немам ама ако можеш оди на приватно некаде. И побарај од матичниот да ти направи брисеви, да не има бактерија па од тоа да се крати, може ќе ти треба антибиотик. Фанелинг што ти спомнале, тоа не знам што е... И лежи цело време, јас станував само за до вц. Ставај перница под задникот да бидеш малку поткрената. Покрај циклогест, добро би било да пиеш и магнезиум (најчесто како терапија даваат магнезиум заедно со прогестерон (циклогест или некои слични) за скратено грло).
Да околу 13-14 спласна па дури сега почна да ми се познава малку, до душа зависи од градбата, јас сум крупна па не можеш да приметиш ако не кажам дека сум трудна
За брисеви ми закажа за една недела да одам а исто и магнезиум по 3 пати на ден да пијам,дај боже да биде се во ред,со второто девојче,5 прста отворена издржав 4 недели со строго мирување,се надевам и сега ке издржам бар до некоја безбедна недела,а за Др мислење може да одам и кога ке одам за брисеви за да не се возам мн и да не се движам.
Денес за време на ЦТГ додека лежев осетив болка вагинално, во пределот на стомакот како пресекување. Неколку секунди траеше, после тоа видов дека на апаратот покажуваше околу 50 (болките веќе малку поднамалија), па се намали пак на околу 20 (како што беше и претходно) и веќе не осеќав ништо. После тоа видов испакнатина на листот од ЦТГ, а и докторот ми кажа дека сме фатиле контракција. Му кажав дека ја почувствував ама не изреагира никако посебно. Сега се туфкам зошто не прашав ништо повеќе А претходно и после тоа не сетив ништо. Осеќам повремено на моменти веќе недела дена некои 'струења' ама не како погоре што опишав. Не знам, може па зависи и позицијата во која бев легната... Да ве прашам вас за искуство, дали може да била лажна контракција или лажните не би требало да се болни (имам сетено стврднување на стомакот, овојпат не беше така)? Ако била вистинска, дали може да остане засега 'сама', во смисла да не зачестуваат, или тоа би значело дека кај да е ќе почнат да зачестуваат. А од друга страна со докторот разговаравме за позицијата на бебето дека е веќе долу ниско наместено, па прашав дали тоа би значело дека може за брзо да започне процесот, ми кажа не мора да значи, може да почне за скоро, а може и да потрае. Се трудам да не паничам...
Јас сум слаба и само стомакот ми е напред испрчен ама ми е тешко од фармерки пантолони да ме стегаат горе
Не сакам да те паничам, ама ако можеш подобро да ги направиш побрзо брисевите. Не знам зошто дури по 1 недела те закажал ако ти измерил толку кратко грло. Мене на 15мм грло ме хоспитализираа во болница и одма ми направија брисеви да видат од што се скратило. Рачунај 1 недела дур земите брисеви, па после дури чекате резултат, ќе испадне доста време. Јави се ако може уште утре да направиш брисеви, или оди кај друг доктор. Ти посакувам да биде се во ред, се надевам нема да те испаничам, со добра мисла ти го пишувам ова
Фала на одговорот,Како помина со толку скратено грло дали беше се во ред,незнам каде би одела на Др место за брисеви да ми земат дали Систина,Ремедика зимаат брисеви или препорака за доктор.Иначе ми рече мн внимателно требало да се земат брисевите да не направиме поголема беља,па да не чека со терапијата циклогестот малце да се среди грлото па затоа,незнам стварно,зашто и на клиника вчера едно мислење супер си грлото ти е 33 мм,денес 16 мм матичниот ми вика стварно незнам што да правам.
Кај мене излезе бактерија на брисевите, па пиев антибиотик и се стабилизира на околу 25мм, фала му на Господ влеговме во 9ти и сега чекаме А за тоа со земањето брисеви, никој не ми спомна ништо мене, а јас сум скроз лаик така да не знам што да ти кажам... Во меѓувреме одмарај цело време, движење скроз на минимум па види како ќе се осеќаш. Ако се осеќаш некако чудно долу, како притисок или влечење надолу - одма оди на доктор. Ти посакувам да биде сè во ред
Јас имав лажни од 6ти месец, ретко беа болни ама ништо страшно. Така како тебе исто имав во 9ти, да речам нијанса поболни. Исто цтг кога правевме тука беше докторката и ме праша дали ја осетив контракцијата, а после тоа следеше и друга и и кажав дека ги чуствувам. Одговорот беше дека е нормално и очекувано. Ако мислиш дека ќе ги утнеш вистинските кога ќе дојдат, не верувам искрено дека има такви шанси
Ee јас од 8ма наваму немам облечено фармерки Летото широки панталонисо ластик, си земав хеланки труднички 3 пара и сеа си земав едни фармерки труднички онака за искачање до некаде. Зимата рачунам во пижами и во тренерки да си ја поминам
појди на трето место затоа што е многу голема разликата од едно до друго мерење. Мене матичната ми рече 35топ грлото а во ремедика ми рекоа 31мм и да почнам да одмарам повеќе, но со терапија се задржа. Ми кажаа тоа во 24та, а потоа во 27ма си остана ист
Лажни контракции, мене со второто ми фатија сега во 32 ра лажни, а со првото се отворив во 35 та и ги имав до крај и умирав од болки постојано/ Без гајле, ако не се во интервали не е ништо критично
Сите што земате клексани, да знаете дека од крај на ноември ќе одат на рецепта и нема да треба рефундација.
Hemoglobin mi e 11.3 a serumsko 6, dali e mozno od toa da imam jaki vrtoglavici ili nesto na psiha mi e?