цената првично а и второ дека немаат интензивна нега баш ако нешто треба секако трансфер прават….супер ми е Симонида ама педијатрите некако ми се мех. А во Ремедика сакам ради условите, персоналот, негата што ќе ја добиеш, шти немаш галами гужви. И дека имам таму работено до летово па малце како дома”се осеќам
Здраво мамички Бев на преглед,слушнав срценце Втора моја љубов,само со Господ напред да биде се во ред. Лошење многу,ништо не јадам пак исто како и првата бременост. Е сега уште имам кафеаво,бев пак кај различни доктори и пак различни мислења. Едниот вика да ги прекинам вагиналетите и да земам дабростон да пијам,другиот да ги продолжам и сега,што да правам? Ваше мислење?
И јас цела бременост ја водам во ремедика, презадоволна од целиот персонал, многу ми беше битно некој убаво да ми посвети внимание но, и јас поради цената за пораѓај здравје се одлучив за на ГАК, знам дека третманот нема да е како во приватните но се надевам на природен пораѓај па ке издржиме ден-два.
Абе мислам интензивна ретки се тие што можат во систина да платат да сме реални. Кој може да даде за 20 дена интензивна 20000 евра инкубатори и грижа. Сите праќаат деца на Клиника ако треба нега таква. Не мисли на тоа дете ќе е супер. Ќе поминеш 3-4 дена таму и ќе си дојдеш со дете дома. Ќе имаш убава нега за ајде да кажам уште прифатливи цени за разлика од систина што е сега со цените.
Зошто мислиш така за педијатрите? Јас додека бев во Македонија соработував со нив и баш ми изгледаа доста спремни и професионални. Сега не знам дали уште се истите, но, баш си ја знаеа работата.
Здраво девојки. Дали покачени Д-димери во 7 месец од бременоста е алармантно? Мене ми де околу 1200, сега и ги пратив резултатите на матичната ама знаете што се прави во ваков случај? Дали се пие некоја терапија?
Да, 1800еур не се малку. Јас за сега се водам по тоа со кој гинеколог имам клик и соработка, кој прави да се чувствувам сигурно и смирено, како и сестрите. За педијатрите во Ремедика не сум стигнала да размислувам; ја слушав Марина ПопЛазарова на интервјуа и ми делуваше ок. Првиот чекор е нели породувањето и до тука сум )) Во принцип ми значи да имам една опција/план и да се држам до тоа, па ако треба, ќе го смениме планот
Бев денес кај матичниот за микробиолошки и ми вика мислам дека матката ти е малку спуштена подолу, дали сум дигала тешко пред да затруднам викам да во маркет работев, а досега ми нема никој спомнато такво нешто и ме малку исплаши пошто имам и како притисок кај матката поготово навечер а воедно имам и болка подоле од половина некаде накај колкови и се прашувам дали е сето тоа поврзано со матката или сега што се шири, мислење ваше и искуства