Ништо, цела бременост пари се изнафрлав за пробиотици и на крај пак редуцирана микрофлора и кандида. А држев диета за гестациски.. и биофемин орален пробиотик пиев исто, чисто да го знаеш како опција. Ацидосалус многу јак хербален мирис имаат, а лактогин вагиналети лично мене не ми пријаат.
Здраво, 18 недела сум, докторот специјалист на ехо во матката забележал инфекција што не можела да се види со брисеви. Ми препиша сумамед, 2 пати во денот, 7 дена. Дали некоја од вас е слично искуство, се двоумам бидејќи е сумамед и тоа поголема доза...
Обавезно и орален пробиотик, секој ден. Кај нас ги има овие women probiotic, тој мислам е со 17 билиони корисни бактерии и biofeminn, lactocgyn тие не знам со колку се, ама ако веќе имаш нарушена микрофлора можеш и по 2 да земаш. Јас нарачував од iherb со 50 билиони, кога ги потрошив комбинирав и со овие што ги наведов и еве цела бременост немам проблеми. Сигурно видел тоа што го нарекуваат слаџ. Не се плаши да пиеш антибиотиок, плаши се од последиците што можат да настанат ако имаш инфекција а не примаш антибиотик.
Јас да ве известам дека се породив, не ми треба чајот од малина Во 17:17 се роди природно моето второ синче 38ма недела точно, 3100кг. Доста потешко од првиот пораѓај, ама па побрзо..
Честитки да е живо и здраво !!! Кога ќе можеш пиши што беше потешкото за втор пораѓај да бидам психички спремна. Ја си викам полесен ќе е втор