Жени, 33+5 веќе саат време имам силни болки, последно почна да ги има па нема. Пиев мг директ, се мислам да пробам да заспијам. Ако не се намалат кај треба да одам? Само државна можам претпоставувам во оваа недела… се надевам нема да има потреба
И јас веќе два дена имам болки ама нонстоп се кога лежам се смирува гледај да не се движиш многу многу лежи одмарај тие болки се најверојатно од што се мести надоле за пораѓај веќе сњ симнува јас сум 36+ ... Не бев на Гак, во петок имам закажано на лекар кај матичната ќе видиме Полежи си дома види ако се смират добро ако не оди
И Б6 напи се, 2 табл. И легни на лев бок.. Би требало дабсе смират.. Се мести беби, се тегнат мускули..
Фала ви многу на сите за честитките Инаку потежок затоа што овој пат имав премногууу болни контракции и некако и епидуралната како во стомак да не ми намали ништо болка.. И на двата бев со провокација меѓутоа првиот пат контракции идеа до 100 и ја не ги осеќав, а сега господ го видов ама се издржа и тоа, многу побрзо се отварав и бебето кога почнаа напони за буткање излезе со 4 буткања прелесно и пребрзо. Буквално како што викаат секоја бременост и пораѓај се различни.. се се издржува и еве сега си се гушкаме и ништо не ме боли. Среќа и овој пат поминав без епизиотомија
Со среќа мајка, гушкајте се и брз опоравак. Ова што го опиша мене ми беше со прво, ќе видиме со второ како ќе биде (јас немав епидурал) ама прееееболно, а мн сум толерантна. Мене ми беа 110 на 7 прста, а после веќе на 9 и преку 160 и мислам дека ми се повраќаше од болка
Знам дека не се вистински затоа не можам да трчам накај болница, со првото ме измалтертираа. Инаку баш се болни еве сеа пак станав за ноќно мокрење на син ми и поднамалени се па ќе пробам пак да презаспијам. Уште малку си се тешам - со надеж да родам 36-37 недела
Не се двоуми, тоа е слаѓ, ако не го средиш го крати грлото и води кон предвремен пораѓај . Сеуште си мн на почеток, ама среди го проблемот на време, без терапија нема да се повлече. Кај мене се појави од 17та недела натака и не го истретирав одма докторите као малку е вака така, од 22 почнав со терапија и го скрати грлото, едвај до 32ра издржав со лежење на Гак последните 4 нед.
Ох кошмари ми разбуди По нив термин 17ти по мене 22ри Прегледување со рака по 2 патии на еден преглед не се отварав повеќе од прст Ми ставија вагинална провокација како и да се вика хахаха и др.Адела горда ти ќе се породиш дур ми заврши смената син ми не за џабе е инат се породив царски (22ри)со сите сили и салтани тек вечерта на смена на др доктор
Здраво девојки, На подлактиците на рацете имам бели точки како што се на прикачената слика. Не чешаат, туку едноставно се појавија. Има некои информации на странски портали дека знаеле да се појават во бременост, па ме интересира дали некоја од вас ги имала. Наредна недела сум на контрола па ќе го прашам докторот. Фала ви
И мене така ми рече, јас царски точно 2 дена после балонот, и тоа среќа докторката сабајлето ми се смилува, таа претходната смена планираше трет ден да ме малтретираат
И јас исто ко тебе поради првото не сакам да отидам у болница хахаха, чекам до последно сеа и не ме интересира Боли боли ќе помине, осеќам дека не се породилни зошто нонстоп ме боли не се на интервали..
Овде сте ми најактивни сите трудници па ќе замолам некој да ми одговори. Дали е безбедно да се наорави магнетна резонанца на кичма 22+0 недела сум Ме плаши ова со болките да не остави трајни последици и после породувањето.
@Puffy2019 Дај жено следна година уште по едно да напраиме да се тешиме двете , те немаа мис ју по темиве
Жени здраво. Дали некоја од вас се соочила со акни бо бременост? Второ дете ми е, со акниве а и доста младолика сум, изгледам буквално како малечката невеста, 16годишна. И претходно се имав борено со акни, после првата бременост лицето ми се направи стакло, останаа некои лузнички ама е океј. Сега н ништо не личам не можам да се гледам во огледало веќе…
Колку често треба да ги чувствувам движењата на бебето во 25та недела? Некои денови многу го чувствувам некои денови ептен слабо. Пред 3 дена бев на гинеколог и беше со глава долу ама свртен со лицето спрема кичма. Многу анксиозност ме јаде кога не чувствувам движења.
Хахахахахаха нема шансиии Дури тогаш на Фемина нема да помислиме од што ќе трчаме по сегашниве бебиња Иако, да знаеш сум се чудела на себе пред некој ден, ги пакував малите алишта на ќерка ми, и си викам на кого ли ќе ги дадам следно да ги носи, а во душава некоја желба за уште едно бебе Ова не сум јас, сто посто е од хормоните, јас и три децаааа Втората бременост ми беше многу помачна од овој период сега, особено во 9ти не се издржуваше ни психички, ни физички. Докторката на одење од болница ме зезаше дека ќе и фалат моите пораки (паники) Убаво рекле, или ќе имаш лесна бременост и тешко породување, или обратно. Две убавини нема... Тука сум читам редовно, но колку пати сум почнала да пишувам и оставам ехеее. Повеќе време ќе имаме да пркнат уште малку. А мерак за ќерка што ти било, тоа да се купува, да се бараат слатки работички Вчера и купив една розева бундичка, се топам гледајќи ја. Денес и купив шпихозни, комплетчиња, душече, капче, а на син ми само долна маичка. Па излегов од продавница така како виновна. А вчера му купив термо комплет, и не е дека е ускратен од нешто, и тој има куп облека. Маж ми вика сум претерувала, не требало да чувствувам вина, затоа што купувам според потребите. Ама ај на мајка објасни дека не е неправедно за едното да се врати со полна кеса, а за другото така Тешко ми е, она од кое се плашев се остварува. Немам време да му посветам, се заштитнички сум настроена кон малата затоа што нагло и приоѓа па ја плаши, скока околу неа. А толку се сакаат кога ќе и пријде полека, па ќе и се смешка, зборува, а таа му гуга, па тој се топи вика мамо ми зборувааа Душече купив за побрзо да ја ставам во нивна соба, да не спие сам, и за тоа чувствувам вина. Воопшто не било лесно да си мајка, но затоа е и единствено, најубаво чувство на свет Се изнапишував, искористив прилика дури ме вози маж ми, а малата спие