Ти рекоа машко, излезе женско или обратно? Прашувам за да знам колкави се шансите да греши матичната во овие недели оти ова ќе ни е осмо машко дете во блиска фамилија. Секакви статистики срушивме значи Немаме на кој да купиме unicorn, elsa, нешто розевко, џиџи миџи
Јас сум 22+1 и на моменти ептен го чувствувам дури и преку облеката се забележува. Стомачето не ми е големо, заоблено но ниско под папокот, не ни приметуваат дека сум бремена. Само последниве денови го осеќам како удира скроз доле ниско и нон стоп одам да мочам, за некој ден сум на втор скрининг па ќе видам што ќе ми кажат како е свртено и што. Последниот пат докторот прозборе дека било ниско бебето но ништо не е рано е уште и не прашував многу.
Update за мене и моите болки - Вчера пак имав болки и на бришење ми падна слузесто парче кое беше горе долу исто со мукозниот чеп првата бременост. Бев на ГАК - лажна тревога, нема индикации за предвремен пораѓај (среќа - имам фотосесија после 20.11 и планирам последната недела да китам да не помислило да дојде пред да накитам!) Друго планирам да се пораѓам во Чаир (таму раѓав и прво) ама позитивно се изненадив од ГАК немаше никој и докторката беше млада ама доста темелна - Камиловска. Надвор од ова имам нов craving од неделава - смрзнати малини и чоколаден прелив врз нив
Еве ме мене со една грижа, во првите 5месеци се поправив баш многу 15тина кила. Сега последниве два месеци се немам поместено со килажа. Бев на преглед на крај во 27ма недела сега за некој ден сум 32ра, минатиот преглеф бебето си беше супер во мерки како од сам почеток за две недели плус. Почна да ме фаќа страв дали не напредува доволно или не знам дали нешто се случува….. во понеделник имам закажно трет скрининг
Не грижи се, јас се на се качив 5-6кг во првата бременост, и тоа во првото тромесечие ослабнав 2,5кг, многу внимавав на ис храната бидејќи секако имав вишок кг уште на старт. Не значи дека бебето не напредува ако ти не се поправаш.
ти имаш искуство втора бременост, но баш на предавање ни кажуваа дека чепот не мора наеднаш да падне и дека дури гинеколог не може да примети…. Додека не дојдат следните симптоми. Која недела си?
На прв скриниг ми рекоа машко. Ама со резерва кажа др и ми кажа дека тој период се оформуваат усните на вагината и може да личи на машко. Инаку после ми кажаа женско и еве година и два месеци, на суќни сме веќе.
Јас така двете бремености до 5 месец качувам што качувам, околу 12 кила и до крај ни грам. Бебињата си растат. Собираме резерви и после килажата стагнира.
Да, не паѓа одма - со првото исто постепено ми паѓаше од 37-39. Јас сум 34 од денес, така да не гледам простор за паника, не мислам дека сум загрозена барем за сега.
Дали се празните почесто крај на 8ми почеток на 9ти и дали е некој знак дека отприлика се наближува времето? 36+2 сум и едно 2 недели пред тоа поретко идев во вц, сега секој ден некогаш и по 2 пати и не е диареа.
Ич тоа не се секирај, јас до 3ти месец се дупнав од повраќање намалив 4.5кг од почетна килажа, бебе беше недела ипол напред. Родив во 31+5 бебе за 33 недела. Значи нема везе ич. Бебе си влече од тебе колку му треба.
Јас се поправав после 3ти кило, кило ипол месечно горе доле, еве сега 11кг имам во 9ти влегов, chat gpt ми вика дека по 2 кг месечно отприлика според BMI треба во трет триместар јас со исто темпо, а бебето си беше 2.500гр пред 2 недели. Така да нема врска ако бебето си напредува.
Јас не знам колку сум здебелена не сум се мерела ама бебево се е недела, две уназад... 37 недела бебето 2400гр.... Мереше се протоци вика се е супер едино постелката што ми е зрела само