Јас до 4ти месец само +2кг, после тоа од 4 до 5 месец на вага покажа +7 кг. За една недела сум пак на преглед, па ќе видиме што ќе ми кажат. Вака кога веќе читам, ми давате надеж дека нема да качам до 100ка. Штом бебето си напредува ич не му се грижи.
и јас се уплашив, почнав со 51кило викам 80ка ќе фатам ама сега па дека не се поправувам се уплашив. Абе бог да чува
И јас мислев дека доста ќе се поправам последните 3 месеци ама плус и пешачам веројатно и тоа ми делува. Така да нема врска секој организам е различен. Плус можеш да останеш до крај со иста килажа нема правило тоа. Мене доста ми викаа аааа последните месеци најмногу килажа се става.
Дали некоја имала ситуација на детектиран цитомегаловирус во брис од вагина, трет триместар? Матичната ништо не ми рече за тоа, вика, добри се брисевите. А читам на нет, не е добро ова. Искуства?
Мене матичниот на ехо кога ме гледаше ми вика си фатила цитомегаловирус и бебето има фатено,ама демек не се секирај поминува сам по себе ретко кога има последици а и кај тебе не е многу,и така решив да не читам по нет зашто ке прочитам нешто и ке се испоизвадам од памет,штом матичниот ми рече не се плаши значи нема потреба,а јас немам никакви симптоми,таман ситуацијава со грлово ми се подобри се зголеми малце решив да не обрнувам внимание да не се истресирам само па да се направи пак беља да се скрати.
Дали на преглед да појдам (кај докторката што треба да ме пораѓа) пред или после брисеви? Влагам 34 недела
Јас во 34та брисеви правев кај матичниот гинеколог, а во 36та почнав да одам во ГАК, и баш сега кога бев ги гледаа резултатите од брисевите дали се чисти. Во 36та почнав и со цтг.
Ај да прашам ич не ми текнува од првото дали пред пораѓај бебињата се помирни и столицата е потечна ?
Воопшто нема правило. Јас до 9ти одев на работа, движев, бев активна не бев запрена и буквално не бев стрвна трудница немав голем апетит за ништоо и се поправив 20+ кг. Сега сум 3 месеци пост партум со пораѓај намалив 15 кг бебе се роди 4кг и сум пострвна и повеќе јадам одколку во бременост и не намалувам кг се поправив дури 5кг
Посебно тие што дојат. Се троши многу енергија и самиот организам бара повеќе храна. Ама кг се најмаал проблем. Нека се здрави и живи бебуши сите лесна бременост да имаат и здрави бебиња килограмите се намалуваат
Постпартум доев и се измолзував имав премногу млеко и се исушив буквално. Имав качено 27кг за 11-12 месеци симнав 30кг и почнав да припаѓам и морав да прекинам да дојам за да почнам да качувам
Имам едно прашање, се надевам не е глупаво. Добив позитивен тест, пишував претходно со инвитро. За 2 недели ќе треба да идам на прв преглед, ако до тогаш е се во ред. Сакав да прашам дали ве прегледаа вагинално или преку ултразвук?
Зависи. Секој доктор различно си прегледува некој вагинално некој абдоменално. Мене лично до сега ни прва бременост ни оваа сега не ми направи ехо вагинално, се абдоменално т.е на стомак
Мојата буквално додека не искочи од мене не застана со мрдање. На пауза од контракции, место одмор имав удари од неа. А за столицата. Пред да отидам во болница, неколку пати имав течна столица.
И јас качувам. Откако се породив, си бев супер...ама почнав да качувам после првиот месец, еве три поминаа, мислам никогаш волку дебела не сум била а внимавам и со исхрана, почнав и да вежбам по малку ...