И мене ми е потечна и да, така се сеќавам и со првото ми беше дури и на секоја контракција трчав во тоалет
Така ми беше со првото. До 3 години го доев се исушив на 40 кила дојдов а висока сум не сум ниска. Јадев ама џабе како ништо да не е доволно ништо не се лепеше на мене. Припаѓав и јас ама тоа од шеќерот и железото ми беше од детето се што зима од тебе преку млекото. Провери си го и нека ти дадат терапија ако мора
За џабе се испаничив, ваљда дека првпат гледам нешто на брисеви. Тоа било стара инфекција, на торч-от си покажува антитела. Преку слузта се чисти.
Вие што треба да се породите кај и да е, дали пешачите нешто вежбате? Јас ептен сум без енергија и цело време си викам да се одморам ќе не можам да туркам ама па од друга страна ми е страв од ова лежењево да не не се отварам. Да почнам ли некоја активност? Или некоја што се породила да сподели искуство во врска со активности дали и помогнале или нема врска?
Какво одмарање однапред, пешачи и биди активна доста. Јас со првото ама пешачев бааги од 36та по 2 саати навечер пешачевме. Мислам ради тоа се породив брзо искрено, инаку сум човек што ден нема вежбано. А за енергијата па ти фали кислород затоа си без енергија и колку повеќе залегнуваш толку поуморна
Јас цела бременост лежам и сега лежам немам енергија до толку. Со првото чучњеви праев па пак после скоро 24 часа од болки се породив.. Нема врска мислам тоа... Кога ќе размислиш тие на патолошка што се како се пораѓаат? Има што знам дека многу лесно се породиле
Јас од соба до соба веќе сум без енергија, уморна. А секој ден си викам ај од утре ќе почнам да пешачам и така ќере не иде во градинка па да прошетаме заедно ама... слабо реализација. Не дека дома сум улежана, се нешто чисти, пери, средувај. Таман сум исчистила дневна ете ја ќере ја направила хаос, па ајде одново чисти
Можеби има врска но околу мене бар примерите од другарки не се покажало точно. Таак да мислам како ќе ти се погоди е моментот
Кажуваат во болница додека ти траат контракциите тогаш да се движиш за побргу да се отвориш и тоа мислам е вистина ама другото бабини деветини
Мислам нема врска јас со првото се убив од пешачење вежбање угорници скали што се не па тешко се отварав т.е во 40+ 5 со три провокации бев може и дека големо бебето којзнае ама мислам нема врска активноста сестра ми цела бременост лежеше се поправи 20 кг отиде у болница со 7 прсти така нема правило
Работев до 36та, ама толку ми беше мака само ми се лежеше и спиеше. Пред да забременам бев доста активна, скоро секаде одев пешки плус вежбав. Е при крај не можев, маж ми ме тераше да пешачам за полесно да се породам ама се породив како од шала без пешачењето .
6 полна недела вчера . а јас се осеќам како да не сум бремена и заборавам на тоа да се пазам и слично. дури на моменти и си мислам дека нема да го сакам незнам од кај ми идат такви мисли. не бев спремна на ова баш сега толку бргу сакав четврто бебче ама не сега за 5-6 години сакав да се видам каква ќе бидам трудница и мајка накај 40 години. знаев осеќав дека ќе имам уште едно ама волку бргу не и незнам како ќе се навикнам ве молам дајте некоја утеха. се надевам нормално е и хормоните си го прават своето и дека ќе се навикнам. петок сум за срцева акција се надевам се ќе се смени кога ќе го слушнам срценцето како чука. од една страна сум пресреќна а од друга страна си викам како ќе го поднесам сето ова и издржам ќе имам ли сила за се??!!! се надевам се ќе биде добро
Да си прашам и јас, поискусните знаат, од утре почнувам 18та недела и од пред 4 5 дена осекам од време навреме во стомак како кога ти трепери некој нерв, дали е можно да мрдка веке бебе или е рано пошто ми е прва бременост
Можно е полека да почнеш да осеќаш. Како пеперутки, како лазење така нежно ми почна и мене тогаш, прво бебе.
Да, не ми е на исто место тоа треперењето што го викам јас, доле ниско на стомак па некогаш лево,десно наизменично