Најпрво искрени честитки Мислам дека ти е од хормоните повеќе, зошто бебе е малечко колку што сум те читала. Си посакувала 4то детенце и желбата порано се исполнила. Секако дека ќе си го сакаш неизмерно, можеби измешано ти е се во главата моментално но мислам како врват недели ќе биде подобро. Ќе имаш две малечки да растеш истовремено, ќе можеш да им се посветиш максимално, може е и подобро така. Реткост е некој да го посакува ова на денешно време, секоја чест. Со силна вера во Господ ќе биде се океј.
Така си мислиш во моментот како ќе расне меше ќе видиш каква љубов ќе чувствуваш.И јас бев во слична ситуација претеран страв од пораѓај, имав едно детенце и од страв не сакав да чувам… ама после 7 години се решив сакам уште едно детенце, на породување имав траума уште повеќе се истресирав, и толку за мене е завршено. Меѓутоа дедо боже имал друг план после 19 месеци останав бремена. Што од страв, што од дека имаше кратко време од царскиот и јас се чувствував како тебе. Еве се породив пред месец сега ми е најубаво душата ми е полна мајка на три сина
Здраво, поради силни вртоглавици матична ме препрати на орл. Никогаш сум немала проблеми со ништо вакво , посебно не волку долго да траат вртоглавиците, имате ли некој совет? Железо ми е ок, притисок низок ама така мине цела бременост, преку ноќ ми почна се ова. Не можам да функционирам убаво во денот
фала многу за поддршката девојкии. петок сум за срценцето да го слушнеме се надевам се ќе биде во ред. едвај чекам
Жени има ли некоја константни болки во плешки, горе во кичма? Што можам да направам овие неколку дена баш се јаки и постојано пристуни…31+5 недела сум
Здраво женски, нешто не ми е јасно во врска со последните брисеви. Бев кај матичниот за последните брисеви и рече дека ќе ми земе брис за стрептокока. Во институт за јавно здравје однесов само една епрувета (стапче). Кога го добив резултатот никаде не пишуваше дека е направен тест за стрептокока, туку само за кандида. Дали на вашите резултати пишува дека е направен тест за стрептокока? Дали е доволно само со овој резултат за пред пораѓај или треба да правам нов само за стрептокока? Моментално сум бремена 37 + 4.
34+3 и исто до 36 имам пишано дека ќе одам. Немам грам енергија во мене и ПРЕ нервозна сум, ги бројам минутите!
Не бев нервозна ич, ама веќе се гледаше дека немам енергија . Јас па си мислев пилатес топка да земам и да вежбам, оф лелее.
Мене две стапчиња ми даде и баш кога ми ги земаше таа во Пролече ме праша две ли ти се завиткани. Имам два резултати од кои едниот беше специфично за стрептокока. И брисот матичната го зема и вагинално и поминува плус и надворешно перинеум.
Ајде и тука директ искусните мамис да ги прашам. Има ли некој користено перница за трудници од Bebehome да сподели искуство дали се добри? Јас ги меркам на Pillows Lala, гледам дека се и доста фалени на форумов ама и за овие на Bebehome ме интересира мислење.
Јас бев да ги видам кога бев негде 15-16 недела и на крај се одлучив за лала, многу мали ми се видоа овие.
Ааа ради претходно искуство, но чим по втор пат си забременила стравот си го надминала сигурно потсвесно, не може да бидат два пораѓаи исти сигурно
Дали има нешто што ви помага за отоци? 33+4 сум, последнава недела почнаа да ми отекуваат носете па и рацете, никој од блискиве што родиле вече не ме предупреди како болат коските на рацете притисок мерам, цело време ми е 130 со 80, денес бев во биотек немам протеини во урина. Можеби јадам солено, треба да намалам знам..
јас немам отоци ама ме боли секое зглобче на шака и си бикаб дали нешто се трипам или може од бременоста е а лек немам