1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.464
    Допаѓања:
    19.350
    Па таму мислам не се бира доктор освен ако не се договориш, треба директно да прашаш, ама јавна тајна е дека се плаќа тоа екстра и се фаќаат врски не знам како не го знаеше тоа до сега за ГАК штом и еднаш си се породила. Мислам и врапчињата веќе знаат за гак и чаир дека е така, вака кој е на дежурство тој ќе те породи
     
  2. Маша2024

    Маша2024 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Германија и за 5,3 на гладно ми дадоја инсулин и ме следат секоја недела
     
  3. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    402
    Мислам веќе не ми може да ти дојде ако те фатат болки не им даваат ако нешто договориш кога е дежурен па за царски или провокации, јас со првото се породив таму исто ми кажуваше докторот за еден недела дојди ако имаш болки ќе си дојдеш па кој е на смена тој и на крај во 40та се дог на дежурен со провокации и овој доктор не доаѓаше на повик уште тогаш и нејќеше пари ништо
     
  4. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Женски
    А на прием си кажувате дали сакате во апартман после ?
    Јас со првото имав среќа и ми се погоди оваа на смена сеа што сакам да ме пораѓа ама сеа којзнае како ќе биде...
     
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    11.997
    Пол:
    Женски
    За колку време закажуваат во Ремедика, ако се јавам еве утре?
    За прв скрининг ми е.

    И дали докторката Елена Петрова е сеуште таму?
     
  6. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Женски
    Жени денес бев да ми земат брисеви 34+5 и ми измерија скратено грло 24мм, ме пратија во Чаир таму ме гледаше некој рандом млад бидејќи докторот на смена беше на пораѓај.
    Ми измери 28мм грло ама отворена 1цм и двајцата доктори ми даваат макс уште две недели и викаат бебето е као ок во 36 та е да не се секирам, ама ја сум преиспаничена.
    Одам уште на работа со седење и си викам ова бебево ќе тргне сто посто порано ако седам толку долго.
    Планирав да одам до 36 ама веќе имам болки и мн ми притиска, цтг нема утерични контракции за сега.
    Не знам што да правам, не ми се останува дома ќе ме мава на психа
     
  7. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    2.349
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислам дека е нормален а и немав јадено ништо 14 саати

    Да имам од претходно ама не пијам цело време терапија гледам со исхрана да го одржувам, ептен некогаш кога ќе ми се качи многу пијам апче :?:
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.464
    Допаѓања:
    19.350
    Дома да лежиш ти е најпаметно може ќе истераш и подолго од 2 недели фора што ти даваат, нема зошто на психа да те мава а вака па во поголем ризик
     
    На Ladyme, Peperutce6, Eho и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    402
    Не бев во апартман јас ме примија на паталошка терав два дена со провокации после коа се породив ме качија со уште една во соба мислам сеа апатман е 100 евра од ден прашај си сеа коа ќе одиш на преглед најубаво ќе ти кажат
     
  10. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    712
    Пол:
    Женски
    Исто и јас немам број и да ти кажам не можам ни да се замарам. Господ да не чува да поминеме лесно. Јас и ти може да се погодиме ептен цимерки и јас сум наредна недела пак на цтг и ќе бидам 38 недела. Само јас си замислувам дека ќе одам на преглед и ќе ми речат ааа ти отворена си ајде на прием :rofl::rofl::rofl:
     
    На Astrum.Obtutus, pikachu2 и mama11 им се допаѓа ова.
  11. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Женски
    Јас си сонувам дека дома со слаби болки ќе си поминам и да ми речат па ти си отворена 8 цм и поише а јас да не осетам и одма да го родам на бокс без да се изморам ич :rofl:
     
    На Campanula, Joanna28, Anastasia579 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    712
    Пол:
    Женски
    Баш вчера кога бев на цтг имаше жена дојде 8 прсти отворена и истото си го помислив. Да си дојдам вака и да завршиме за пола саат :rofl::rofl:
     
    На Peperutce6, Campanula, Anastasia579 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Vasileva98

    Vasileva98 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Денес бев до матичен на рутинска контрола, со беба е се добро, ми мереше притисок 110/75, на пладне исто беше притисок тука некаде сега пред пола час мерам 140/95 се зачудив на два апарати исто покажа, утре ќе проверам протеини во урина но последен пат крвна слика беше ок, има ли простор за паника или е нешто привремено минливо
     
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    17.872
    Пол:
    Женски
    докторката Елена Петрова се пензионираше пред 2ипол години :)
    А термини пуштаат секој 15ти во месецот за наредниот регуларно. Ако замолиш или не знам друг начин можеби може и на друг начин да закажеш
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    17.872
    Пол:
    Женски
    Мене во 31+4 ми измери др Котларова 26мм ама не ми рече ништо, вика ќе изгураме до 36та сигурно. Така да не е страшно и полна 36та да бидеме :)
     
    На pikachu2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Поздрав девојки... пишувам за да се 'одјавам' од темава. Мојата среќичка ми пристигна :l:

    Сакам да ви кажам фала на поддршката. Во најтешките моменти од бременоста форумов ми беше најголема утеха и прибежиште. Вашите искуства, позитивните мисли, советите - за сè тоа сум ви неизмерно благодарна! :l:

    Ви посакувам сè најдобро на сите, лесни и безгрижни бремености. Ќе ве читкам и ќе се потрудам секогаш кога можам и јас да бидам потребната поддршка за некоја идна мама :l:
     
    На pianogirl, strelec231992, Nala1806 и 39 други им се допаѓа ова.
  17. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Честитки мила :hug:
    Да е живо и здраво бебенцето, цел живот само убавини и радост да ви носи :l:
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    3.919
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали на некоја од вас и се има појавено проширена вена во бременост. Мене на едната страна повеќе ми тежи бебето, така е наместено, и баш на таа страна на ногата горе ми се појави по некое капиларче што не го сфатив алармантно, ама сега околу препонот ми се појави и вена. Бев на доктор ми рече докторката дека најчесто се повлекуваат тие вени после пораѓај, ама читав дека ако е ептен испакната не дозволуваат природно да се породиш. Некое слично искуство да не има некој?
     
  19. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    171
    Дали некоја од вас има летано со авион 18н? Летот трае 2ч
     
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.600
    Допаѓања:
    18.847
    Пол:
    Женски
    Овој замор и цело време што ме тера на спиење се надевам ќе помине бргу. Оти ако не помине ќе ме доотепа . Денес 6+5 уште не сум била на втора контрола за срцева акција. Требаше утре, ама ми откажа гинекологот па дури понеделник и до тогаш ќе пукнам од мисли :sweat:
    со првата бременост ми беше вака цело време замор цело време ми се спиеше, без енергија ама тогаш бев сама можев да одмарам кога сакам и колку сакам :D сега неможам немам време ич да одмарам со моите три мускетари :D
     
    На pikachu2 му/ѝ се допаѓа ова.