Може да се и лигаментите.. Јас со третото такви оштри болки знаев да имам.. како игла да ме прободела. Трае секунди, а после некое време наболува додека се намести се како што треба. Обично при вртење на кревет, нагли потези знаеше да ме фати. Пречудна болка, уште ја памтам... Мислиш некој те штипе од внатре https://bebelogija.mk/shto-e-bolka-vo-kruzhnite-ligamenti-za-vreme-na-bremenosta/
До која недела ја истера првата бременост со скратен цервикс? Инаку на мене не ми рекоа за лежење со перница под газ. Туку само строго мирување.
Јас не сум отворена, се надевам ке издржам барем уште цели две недели. Цервиксот до сега нема паднато под 23мм. А дали примаше некои инекции за зреење? Бидејќи бебето се родило во 34 недела, дали ги ставаат во инкубатор во таа недела?
Имам болки во стомак пределот кај пупакот дали е нормално? Воедно бебето е мн вознемирено и многу нагли вртења прави. Многу ме боли и кога мрда до степен да плачам 35недела сакам да го извадат не можам да издржам мн е болно. И откако замрда не прекина
Јас исто имам при движење десно од папокот, толку болни да мислам толку ќе се струполам и потоа застанувам и дишам и после 10мин се смирува. Мислам дека се Бракстон лажните - јас сум 1 цм отворена со скратен цервикс 35+3 и нормално функционирам, така и планирам. Мислам дека нема шанси пред 37 да излезе
Мене 23-24 недела ми измерија 28-29мм и докторот ми кажа да одмарам. Јас и онака не бев нешто многу активна пред тоа (имав многу гадење, повраќање, болки во препони) и му кажав дека само два три пати неделно правев прошетки. Ми кажа сега отфрли скроз. И бев само дома од тогаш. Ми даде терапија прогестерон вагиналети 200мг еднаш навечер, и магнезиум. Правете почести контроли, мене на 2 недели ме закажуваше, со нагласување - ако долу осеќам притисок или влечење надолу, одма да одам на преглед. Ако се испостави дека дополнително се крати, инсистирај да ти прави брисеви, кај мене испадна сум имала бактерија и голема е веројатноста ради тоа да ми се скрати (кај мене и понатаму се кратеше). Гледај колку можеш лежи повеќе (јас ставав перница под задник, читав така се намалувал притисокот врз цервиксот), избегнувај долго седење (јас осеќав седење ми правеше ептен нелагодност, во кревет и јадев). Знам кој стрес е, ти посакувам да бидеш силна, со верба и позитивни мисли да биде сè во ред. Чувај се
Кажете лек за грло, вирус некој имам закачено од малово а пред пораѓај сум Ме фаќа страв да не се породам да му префрлам уффф Ептен сум фатена
Гаргарај сол и вода или сода бикарборна со топла вода земи мед прави си анхалации над тенџере со камилица или жалфија парацетамол тоа е ќе пројде
За секој случај во торбата спакувај си маски ако си болна барем колку толку Прополис прскај , пастили за лижење ќе бараш кои се погодни во бременост.. друго тоа е
Не им се искача, топличко им е во гарсоњериве Ја од среда 39та недела више ќе пукнам, ни да седам ни да лежам ни да одам ништо. Се ми е тешко, едвај го чекам ама инатче ептен ова
Ја првото го надносев со ова сум отворена 3 цм веќе цела недела чепот почна да паѓа ама не му се искача уште нејќе шкорпија да биде
Мене уште не ме провериле дали и колку сум отворена само цтг и ехо до сега па ќе видиме во среда како ќе биде. Кога и да е само живи здрави прави и брзо да се олесниме
38 vlegov uste nema aber U sreda na pregled ke vidime ne znam dali sum otvorena ne mi pravel nikoj pregled.. Dodusa prvoto go nadnosev sea i ova taka ako e ....
Да прашам за искуство ако има некоја што е или била ин витро. Дали се породивте или ќе се пораѓате природно или царски? Ми се уврте во глава сега некој страв од природно и се мислам дали да се договарам за царски. Иако секаде каде што прашав ми рекоа дека нема врска, ама се изнамачивме за бебе страв ми е да не се искомплицира нешто ко што малтретираат за природно до крај