Женски, јас како поминуваат неделиве се потешко физички ама се поубаво се осеќам психички. Едвај чекам да се породам хаха да дојде денот. Од задутре 33+0 ми личи веќе блиску некако(ама читајќи ве вака испаѓа толку блиску, а толку далеку) Се одлучив и каде ќе се породам конечно Скоро 70%сме спремни со ствари… овие 2/3 недели да се спремиме до крај и чекамее
7+2 денес бев на контрола. слушнав срценце се е супер , и да ви кажам дури сега некако почна да ми се верува и да се навикнувам дека сум бремена. Се надевам се ќе биде во ред . Најголемата дада спремна е да биде дадс пак бара братче уште не знае не сме и кажале . Кога ќе дознае шо радости ќе има
Јас сум 34+3, вчера ме фати паника и земав да перам, денес плус уште две тури (не знам како ќе испеглам се) и сум превозбудена. На почетокот мноогу ми беше страв од природен пораѓај, а сега па си викам не дај боже царски, многу подолго ќе ми треба да закрепнам. Бев и до аптека денес и докупив сѐ, само не најдов дулколакс чепчиња. Од еурофарм ми објасни девојката дека баш за нив замена нема, имало некои кои се многу по слаби. Дали некоја сега брзо ги има најдено? За каде се одлучи ти за пораѓај?
Да си се самоцитирам. Значи сепак го грешија кај мене полот и во 12+ на скринингот. Стаса резултатот од пренаталниот, девојче е ќе има џиџи миџи
Нема врска никаква. Јас бев со ИВФ и до крај беше план за природно ама бебе не беше наместено во карлица назад понапред беше, а веќе беше голем за да го чекаат и во 39 ме породија царски. Ако немаш индикација за царски мислам дека природно е подобро, побрзо ќе станеш на нога нема да ги имаш болките од сечење што ги имав јас иако релативна лесно поминав
Каков е тој хаос на трансфузиологија и зошто трудници немаат предност ? Изговорот е па сите скоро се трудни хах врска нема во просторија од 40+ луѓе 3-4 трудни бевме. Стока работи таму, уште поголема стока дошла да се прај паметна и да не пропушта трудници. Кај тоа живееме срамота. Моја препорака е да не одите сами за да седите и некој нека ви чека ред на шалтер. Да не биде само се жалиме, верувам и други имале ваков проблем таму. Планирам денес да пишам мејл до министерство, дали сакате сите да им пишеме мејл со барање пропуштање на трудници на шалтер? Да составиме еден ист мејл и тој да се праќа до неколку служби? Или дајте идеја како да си го подобриме системот трул за нас и идните трудници
Истиот случај беше пролетта кога бев да оставам крв за крвна група да ми испитаат, но не се замараат нити на шалтер нити луѓето околу. А тоа и за мејл ќе ти пишат ќе видиме што можеме да направиме. На системот не им одговараат трудници а со тоа се докажува што таа петицијата за продолжување на породилно отсуство со години се гласа па ништо. Една колешка на работа рече па само им се болни децата, друга јас на нога ја истерав бременоста не знам како сите патолошка земаат. Од жени што вака размислуваат јас не очекувам да се побунат искрено...
Јас останав бремена после неколку инвитра. Бременоста ми почна како близначка, ама едниот плод немаше срцева акција. Понатака бременоста ми имаше супер тек. Бебето беше големко, ама беше супер наместено, па царски воопшто не ни беше тема на муабет. Се породив природно, 39+2 недела, прилично брзо и лесно. Помалку од 3 часа траеше се, на бокс ни 10 минути не бев. 3950г се роди бебето.
Истото ми се случи и бев принудена да излезам па отидов друг ден.. Толкава гужва беше и се буткаат тоа е ненормално на клиничка биохемија исто бев дента предадов крв ама си има посебен шалтер за трудници и одма завршив работа.
Треба да го средат како на клиничка срамота е ова што се случува па и принудена да си отидеш. Стока бе..
Јас бев пред некоја недела, најјако е што дојдов порано меѓу првите и прво чекав надвор пред врата, па после кога ја отворија вратата се истуркаа неколку луѓе за да стигнат први на шалтер меѓу кои и една жена која ќе ме турнеше за малку на земја. И и викам: на страна што ме гледаш со огромен стомак и немаш осет ме туркаш, пред тебе дојдов надвор чекав а сега се буткаш прва. И ми вика, цитирам: Па што ми е гајле кога си дошла, можеш ако сакаш и во 6 да дојдеш па да чекаш 2 саати овде. Буквално со овие зборови ми се обрати ЖЕНА, што треба најмногу да ме разбере. Таа на шалтер исто жена, уште подрска беше, на сите им се дереше. Ептен сум разочарана, прво од вработените таму, после од немањето осет и свест на луѓето што одат таму.
Напрајте ги славни беее Еден пост треба само во оние групите на фб ,тука на форум ,па и мејлови 20 да стигнат денес до министерството доволно е Се се прате се се чита Овие инста и фб личности на велико го читаат форумов само поголема галама треба да се направи
доколку можеш иди околу 10ч пред пауза или после пауза жив човек нема тогаш. Зимата така окапав пред врата… тогаш не бев бремена ама имаше една бремена да и никој не ја прими, а немаш ниту каде да седнеш. Инаку баш ова со немање предност на трудници ми се случи во Биотек лаб пред некој ден….
Тие се секогаш фини, само тешко е да стигнеш до нив од стокава пред и на шалтер... Инаку и една позитивна приказна од 8 Септември. Одам на закажан доплер, на шалтер стандард стока од народ не те рецка никој дали можеш да стоиш или не, некако стигам до шалтерот заверувам упат, ме прима докторката долу, ама се сомнева и на кила (бебето така свртено да тежи на едната страна и ми прави како топче долу под папокот) и одма ми даде приоритетен упат за на гастро. Ама ми вика јас немам право да те пуштам на ехо, ќе мора докторот таму да одлучи дали да даде упат или не. Се качувам јас горе плачам не можам да се смирам си викам уште ова ми фали ако е кила, искача сестрата го зема упатот и ми вика абе касно е веќе завршивме со прегледи за денес ама почекај да видам. Го викна докторот, и тој кога ме виде веднаш ме прими ме прегледа, ми направија ехо без упат и среќа не беше кила. Ама докторот беше ептен смирен и фин, одмана вака нормално не се испонашал некој со мене на државно.
Истото летото ми се случи чекав меѓу првите с еистуркаа пред мене сите да влезат катастрофа. Таму како само неуки и неписмени да одат. И после ради ваквите ќе се откажуваме и занполесно ќе си одиме на приватно да платиме..епа не треба така да биде. Мора да си бараме тоа што ни следува, а приоритет за трудници, стари болни, деца мора да следува без обзир на било што