1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    3.738
    Пол:
    Женски
    Да да, мене повеќе ме изненадува и тоа, бесчувствителноста на пациентите, баш како само неуки и неписмени да одат. Мислам дека кога ќе појдат таму им се пали survival mode и секој е спремен да згази преку тебе само за побрзо да дојде на ред па макар и ти надвор да умираш.

    Инаку и јас сум за, ако сакате ќе пишеме посебно мејл сите, а може и групно, само да допре до некого се надевам.
     
    На Astrum.Obtutus, Milkiway и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.596
    Допаѓања:
    14.509
    Пол:
    Женски
    Јас кога одев на трансфузилогија, баш беше и корона тајм тогаш, си чекав пред врата секако, искачаше една сестра, стандард сите што бевме трудни не викаше да влеземе први, а другиве те гледаат на криво, зошто дозволиле преку ред да одиш..
     
    На pikachu2, poker_face, Astrum.Obtutus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Зборувам за тие шалтери што се понапред кога ќе влезеш, таму ми земаа крв за крвна група, имаше доста постари луѓе и чекаа од 7 сабајле и на шалтерите не беа баш фини и не пуштаа трудници, а таму одма десно бев за дидимери кога испитував ама немаше од сабајле гужва и фини беа и они. Е сега кога има гужва не знам како е, еднаш само испитував.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    19.261
    Јас пишав, пишувајте и вие сакате истиот мејл сакате ваше лично искуство таму.
    Ако најдете други мејл адреси пишете ги овде, овие едино ги најдов на нет не знам ни дали се од правото место... се надевам ќе стигне кај што треба и дека има еден со 2 чисти во главата.
    Едино до премиерот да пишеме следно :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Ladyme, Joanna28, Baby warrior и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.405
    Допаѓања:
    19.261
    Да ама денес с епогоди немаат администратор и се чекаше на главните шалтери. Меѓутоа и на тој одма десно не е дека пуштааѕ.
    А некој спомна одење покасно, зошто во 10-11 во најголемата гужва кога паркинг нема никаде затка е цел клинички да мора да одиме само затоа што денес сабајле 5 трудници од 40 луѓе не се пропуштаат преку ред... па уште во сред на најголемите вируси
     
    На Hijabigurll и Astrum.Obtutus им се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.098
    Допаѓања:
    25.227
    Пол:
    Женски
    Јас кога одев на шалтерите внатре имаше и едно машко, така млад тип.
    И ме гледа со стомакот и и вика на сестрата боцни ја, трудница е да не чека, топло е. И таа надркана цела, а неможам пауза ми почнува. До пауза имаше уште 15 мин.
    И си отидов дома. Наредниот ден пак отидов, успат и на Гак имав закажано со др. И ми вика тој озбилно си отиде вчера? Викам па кога имаш стока од колешки, што патем и порано одат на пауза, со геријатрија немам намера да чекам.
    А тој човекот одма десно што е, ми е поранешен комшија и баш кога јас одев он не беше таму. А искрено на таа стока што оди таму, ќе го користев за да завршам работа.
    Мада кога одев, знаеја да викнат трудници прво.
     
    На pikachu2, Milkiway, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Не одам често, не можам да кажам од еднаш, само тогаш кога бев не пуштаа. Секако дека има луѓе и во болница некои уште што пуштаат ама и тие ми се чини се ретки. Моето искуство за луѓето што чекаат ред е дека ретко било каде те пуштаат па посебно во болница потешко. На пешачки најмногу ми застануваат. И тек тук во маркет некој ако си позади него. Тоа е, јасно ми е како размислуваат и се трудам да не се замарам многу. :)
     
  8. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    3.738
    Пол:
    Женски
    Јас до сега на многу повеќе разбирање имам наидено кај мажи отколку кај жени. Не само по шалтери, туку и по маркети и на пешачки и во банки. Не знам зошто е така, а обратно би требало да биде. Жена го има поминато ова, најдобро знае како е (или пак брзо забораваат, не знам...).
     
    На Nala1806, Moon lovers, mama11 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.098
    Допаѓања:
    25.227
    Пол:
    Женски
    Еднаш пазариме со мм, количката полна беше. И позади нас еден дечко со еден продукт беше и му викам оди пред нас, ние имаме повеќе, да не чекаш.
    Дечково, аууу не не нема шанси. Трудна жена да ми отстапи место, јас пред неа не не. Се тегначевме со дечково , да оди пред нас и незнам колку пати кажа фала, мислиш којзнае што било.
    Мене кога ќе видам жена со деца во кола, а јас и бремена + внук ми со мене, или со количка и дете плус, абе ќе не згази не не пуштала.
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Леле гарант е истиот како не видов како се вика сакам да го пријавам. Крупен, темен на тен и со опадната коса?
    Мене се дрзна да ми рече се научивте вие трудниците се ви е бесплатно па доаѓате тука правите гужва. Само јас лесно се спојувам како се искаравме па рече добро ајде една трудница еден што е следен на ред. Безобразно створење. Му викам да давате нешто гратис корисно па да идеме, а за да те гледам тебе сигурно не идам. Имаме мака и идеме. А најстрашно беше што никој од редот не се побуни ние трудниците да пројдеме први туку он нејќеше да излезе во пресрет. Гнаса.
     
    На Ladyme, Eho, Astrum.Obtutus и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Vasileva98

    Vasileva98 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Ми треба ваше мислење за скрининзи на ГАК, треба да закажам за 2 скрининг и да се одлучам за каде, какви се вашите искуства или сепак да одам на приватно
     
  12. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Сега приметивам како поминуваат месеците на секоја крвна слика помалку се намалуваат тромбоцитите денес пак ќе правам.. Последно пред неколку недели ми биле 270, а мене од секогаш ми биле до горна граница..... И не бремена и бремена
     
  13. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Зависи кај кој доктор. Јас паднав кај некоја поим немам како и е името и ме извади од памет па секако бев на приватно. Иди на клиника па ако ти кажат глупост ко што знаат секако ќе идеш на приватно.
    Барај термин кај Јованова или Симеонова кај нив сум била ептен се ок.
     
  14. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.053
    Др. Ана Данева
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.737
    Допаѓања:
    17.299
    Пол:
    Женски
    јас бев еднаш кај др Ќарв, скринингот беше 5мин и не ми даде извештај, па морав и на второ мислење
     
  16. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Веќе 3 ден со болки во стомак и половина ми смета ептен не можам да функционирам.. Вчера отидов кај матичната бебе добро,цервикс долг и затворен се изгледа во ред. 22 недела сум од што може да е вака?
     
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    9.227
    Пол:
    Женски
    Втор скрининг денес, се е супер бебе убаво си напредува. :l:

    Скрининзите ги правам кај др. Филип Вановски во Хистера, одличен, детален и посветен доктор.
    Топла препорака доколку барате специјалист со долгогодишно искуство кој без брзање, со трпение и посветеност ги прави прегледите и убаво го објаснува секое прашање кое ќе го поставите.

    Операција за промена на пеjсмејкер ми е закажана за на 25.11.
    Wish me luck. (fingers)
     
    На LiquidLuna, lilyen, KikiKviki и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Јас се породив денес со моето ноемвриско бебе, поминав царски. Денес бев 38+6. На сите ви посакувам ваква радост
     
    На LiquidLuna, lilyen, KikiKviki и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Danny M

    Danny M Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Честитки, живо и здраво да ви биде, да ве весели и радува многу
    Сега опоравувајте се и гушкајте се.

    И нашите ноемвриски кога не сакаат милум ќе ги ваѓаат со царски. И мојата 38+3 нема абер за излегување. До хранопроводникот е качена мислам кога ме мава мислам градата ми ја менува :D
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    4.739
    Пол:
    Женски
    За трансфузиологија да се надоврзам… од мене ја имате цеееееелата поддршка на светов. Бидејќи имам поголем панел на мутации и една подоцна изгубена бременост оваа бременост морав од позитивен тест да боцкам клексани. Секој месец одев кај Јани. Тие на шалтер се ужасни луѓе… нити ти знаат историја нити се медицински лица а толку се у некој филм безвезе влезени што мн пати си дозволив да се испонашам за да добијам тоа што ми треба.

    Бабите што чекаат и се буткаат пред врата не ги коментирам, една ме гледа со меше 8ми месец стојам во мај месец жешко и мк вика, машала ајде со лесно на крај си? Викам да уште еден месец … е супер изгледаш ајде со лесно и викам фала 8) за 1мин се врри околу мене и ми вика, баба не може да стои мн ме болат нозете да ме пуштиш пред тебе :D

    Девојките албанки што боцкаат се друга класа:D со долги розе нокти со циркони седнала на телефон си текста со некој, влегувам во лабораторија од канцеларија искочена набрзина со штикли капут за 40мин имав состанок во дајмонд мол и викам здраво да ме боцнете рече докторот. Дига поглед едната другата си продолжува да си куца на тел со ноктите и ми со лош македонски вика: епа ќе соблечеш капут? Со капут не боцкаме :D абе ми се стемни еј во секунд како што сум нервозен тип - се соблеков седнав нити ракавици да стави којзнае што епрувети едни жолти ги приметив стари безвезе боцна и излегов прељута. Од тогаш неколку дена пред термин кај јани си одев во гратска ќе ме боцнеа ќе ми стигнеше резултат и со готови резултати си одев да ме види.

    Ужас од персонал, едино Јани што вреди за 10доктори таму, господ да го поживее да потрае што повеќе зошто стотици ако не и илјадници жени не направи мајки неговата експертиза и препораки за дози ;(
     
    На lilyen, ALISA0000, Nala1806 и 2 други им се допаѓа ова.