Да имам слушнато и за тоа. Во разговор со доктор (не гинеколог, друга гранка од медицината) ми рече треба мноооогу чај да се испие и ананас и урми да се изедат за да има ефект. Од 10 урми и еден ананас ништо од бизнисот. Па викам чекај може некоја тука има пробано
Исто бев и јас, цтг од 38+, сакаш ли рака . На 40+ по протокол било со рака ми рекоа, јас се нечкав ми рекоа мора да те прегледам иако апла абер немав.
Сеа у 39 ќе влагам ми рекоа да дојдам во сабота за цтг прв пат од една страна ми е убаво не се малтретирам да дремам уште толку врзана ама па и шубе ми е толку време што ниту еднаш не направиле. За рака и јас не сакам
Не знам колку е вистина и дали е поврзано, другарка се породи без епидурал, без епизиотомија ама од 30та недела си почна редовно со чајот и со урмите. Јас би рекла да пробаш, секако нема штета. П.С и ако некој знае каде има да се купи чај од лист од малина нека кажува
И јас сум со сличен пример. Чај од листот никогаш не најдов. Јадев урми ептен премногу, јес да се шеќер ама е подобро отколку рафинирани глупости да јадеш. Без епизиотомија поминав, без епидурал или провокации и со неколку напони бебе се роди час и пол откако ми пукна водењак.
Од кога почна да јадеш? Јас да почнам сеа во 39та недела не знам колку ќе ми се исплати а не ми се баш нешто омилени
Јас од оваа страна нарачав чај од лист од малина, пијам по една чаша дневно и се надевам дека ќе помогне. Исто земав и урми и ананас со надеж дека ќе има ефект
39+2 се породив. Јадев низ цела бременост по некоја, а баш активно почнав од кај 34та отприлика. Пробај се сепак, и со лесно
Мислам дека се зависи од жена до жена и дека некоја ако поминала без епизиотомија и брзо зависи исто од организам до организам. Немаме сите иста анатомија на органи. И не верувам дека урми помагаат оти јас цело лето јадев па не сум имала проблем со грлото да ми е отворено. Или тоа магично делува отпосле да се отвара? Не ми е верно...
Јас гледав со вежби одење со една нога на тротоар со друга на улица. А повеќе ми е верно со односи да се отвориш него ли со храна.
Ќе пробам, ништо не губам. Хаха односи маж неќе ни да чуе. Ја му викам ајде он не не остај ти тоа ќе почекам
Урмите наводно помагаат за полесно отварање. Ама ако бебе е големо, прават епизотомија, со цел да не се распука лошо. Мене ме сецнаа, дека бебе големко, не многу, ама јас слаба и др. процени и дека така е најдобро.
Абе секој си кажува како ќе му текне, некои порано некои го надносувале. Небаре знаат они кога сме го правеле и кога е зачнато и прикачено.
Абе си имаа децата мој термин, си чекаат регуларно терминче Јас со првото (девојче) се породив во 39+2 ама со провокација, а да не беше провокацијата мислам дека ќе ја надносев, абер немаше
Мене ми се случи тоа. Јас редовни контракции неколку часа, отворена 4цм, а цтг детектира минимални болки. Дури се зачудив. Ама ете и тоа го имало.