Моето бебе нешто над 3300гр се роди, и јас сум слаба плус ниска. Зависи од тело до тело секако, не дека урмите нешто магично прават но ете ќе верува човек дека и тоа делува.
И тоа и тежина и киселини ми враќале во спиење. Нема врска јадењето, јас пазев и на исхрана и на се ама сега ништо не ми помага за киселини. Пешачам ми идат жештини во гради, седам исто, лежам уште полошо кога ми иде киселина до нос. Исто беше и со гадењето само дур не помина во 5ти месец.
И подуеност и киселини, све - и ништо не ми помага. Не јадам све, не јадам количински, и џабе - и од вода некогаш имам и подуеност и киселини
https://zegin.com.mk/mk/weleda-mother-maslo-za-masazha-na-perineum-50-ml и ова го кажуваат дека е за демек да пројдеш без епизиотомија
Да прашам дали некоја носела појас за трудници и дали помага за болка во плешки и торако лумбална болка? Chatgpt вика да не можам веќе од 51кило станав 67…. Ќе пукнам колку си тежам тоа што ми се споени градите и стомакот ми е ужасно неудобно. Хелп што да се прави! Читам нешто вежби за истегнување ама кои? Ако можете пуштете линкови
Дали ќе завршите со епизиотомија или не зависи од мн фактори.. Колкаво е бебето, колкава ви е карлицата, како тече пораѓајот. Секско е подобро да ве сецнат него да испукате сами. Една мајка беше така мислам дека не можеше да фукционира. Јас бев со епизиотомија , се породив накај 18 часот сабајле во 7 си миев заби се туширав. Ок боли, не викам не. Ама не знам не е некоја огромна неиздржлива болка. Сега си имам лузничка само. Баш и викам на таа што ме депилира ај види ме страшно ли е ми вика абе што ти е скроз малце топ е. Така да , и да имате епизиотомија ништо страшно. Максимум 10 дена болки, првите денови по изразени. Другарка е крупна, голема е секаде , роди бебе од 3700 за саат време од прием, без сечење без ништо. И тоа прво. Си манифестирам така за ако идам некогаш на второ. Во глобала ништо страшно, кога искача бебе све заборавате. И ако иматее можност за епидурал, земете. Мене ме спаси тоа чудо скроз. @rainbowec аиии до втор скрининг ли стигнаааа, ко вчера да беше кога те прочитав во темава дека си трудна. Со лесно на операцијата, ќе биде се ок
За лузни после епизотомија, откако ќе паднат конци и се среди доле се, мачкајте до ампула витамин ц. Ова ми го кажа докторката од Гак што ме водеше, породи и што ме шиеше пак.
Жени, 17та недела, го осеќам бебево како шутира и мрда веќе 3 недели сигурно. Од вчера, околу 12 саати не сум осетила удар. На преглед тек следна недела. Дали паничам премногу? Ништо друго не ми е…
Имам, само наутро кога ќе станам од спиење стомакот ми е ок, инаку во текот на денот што и да каснам ми ствара подуеност, како камен ми е. Пиев и пробиотик ама не забележав некоја огромна разлика.
Таа недела, некои не ни осетиле уште ништо. Толку се слаби движењата, што се како нешто да ти се движи и скокотка таа недела кај некои. За јаки удари е премалецко. Плацентата на предна или задна страна ти е? Касни благо и легни. Ќе осетиш.
Не сум пробала ништо, ама смешно ми е што бебето не ми дава да се наведнам )) Се наместила најгоре под градите и малку да се подведнам, ме бутка да се исправам
осеќате замор? многу бргу се заморувам а тек 8 ма полна правам во сабота. значи едни алишта да ги здиплам јас се изморувам и цело време ми се спие.
Zdravo , dali imat nekoia broi kaj moza da se java za uplata vo fond? Veke 2 meseci nisto ne mi pustile
Имањето однос уствари е и препорачнливо баш пред пораѓај. Скоро слушав една докторка гинеколог баш за ова збореше. А на кој начин делува, односно може да индуцира пораѓај: спермата содржи простагландин, а простагландините се основната состојка на медикаментите што ги даваат при индукција на пораѓај т.е провокации. А за чајот од лист од малина и урмите, делуваат на друг начин - содржат некои други состојки кои помагаат полесно да омекне и да се отвори цервиксот. Затоа и викаат дека при крај треба да почне да се конзумира, за полека телото да се спрема. Тоа не значи дека кај секоја жена ќе делува, ама генерално тоа е позадината на овие народни методи и верувања.