Хах и ја така ко тебе се мачев од 36та, на крај скоро 39та родив и тоа во ремедика после преглед со рака со кој ме доподотвори она пошто големо беше или ќе родев во нареден ден два или царски ќе ме пратеа. Ај се надевам нема многу да чекаш зезнато е со болки
Јас еднаш отидов така само какао имав пиено и исто беше заспано, па ме врати докторката да јадам и ми напомена следно секогаш да одам јадена.
Можам да се отворам за пораѓај без болки и без пукнат водењак? Осеќам онака болка како за у вц ме протерува неколку пати... Денес прв пат ме пеоверуваа со рака 1 прст бев отворена
Цела бременост си иимам бело прање... По некоја логика со првото ми падна како големо чепче се гледаше убаво.. со второто такво нешто уште немам ама читам можело помалку помалку да паѓа па ми е да не паднало а не сум приметила.... Не знам не ми се иде пак во болница сабалјево бев....
Јас без пукнат водењак се отварав. Другарка до 8 прсти немаше болки. Јас до 4 прста бев болка бев. И после тоа , мене болките ми беа издржливи. А инаку пред да ме фатат болките, бев 3-4 пати како протерување. Со лесно и мислам дека утре ќе фрлиш некоја мекица навака.
И јас незнам кога ми паднал чепот. Имав повеќе секрет при крајот, ама чеп како што го објаснуваат тука не.
Со скратен цервикс, слаби контракции и 1цм отворена бев пред една недела. Од тогаш немам појдено и ме фати инает дека не одам до силни болки, се надевам нема во кола да го родам како ве читам дека може без родилни болки и без пукнат водењак да се отворам. Со првото ми пукна водењак и земав да се средувам дур дојдов у болница бев 7цм веќе
Со првото имав лажни од 34+3 та недела, ама тогаш се отворив 3 цм и бев на мирување и со утрогестан. Сега со скратен цервикс 24мм од пред две нед и прст отворена од пред една, по мое мислење до крај на следна недела ќе излезе - макс 38ма да се роди.
Леле дај Боже да отидам во болница 7 прста и да не ме боли Мене како ми се ближи денот така страв ме фаќа некој. Два дена имав како менструални болки и се убив од одење во веце денес ништо. Чеп не ми паднал ама имам повеќе секрет. Сакам да издржам до вторник тогаш ми е докторката на смена така ќе се осеќам посигурно ама кој знае како ќе биде
јас упаѓам ама мене почна да ме фаќа така некоја мисла не страв како ќе биде со бебето, како ќе биде секојдневието како ќе се навикнам на промените
За со бебето јас и викам на мајка ми ќе си плачеме тројцата Ама за во болница се плашам. Кога бев на тие вежбите не однесоа горе супер атмосфера имаше ама од кај да знам дали нема некоја од тие со комплексите што се занесуваат додека си ти немоќен. Триста филма си направив.Само да си дојдеме дома живи и здрави.
Вчера отидов на преглед, имав лажни контракции и реков за секој случај да си бидам мирна. Само ехо ми направи др и ми препорача да накачам магнезиум. Дечки од вц не можам да искочам дали ви направил и на вас магнезум ваков проблем? Инаку пијам на џејмисон во прав безглизинат со цитрат
ќе се вратите, не мисли на такви работи. Стварно сигурно бар за тоа се грижат а искомплексираните ако ги има само игнор а и не верувам дека од чиста мира некој ќе ти се испонаша(не оправдувам никако да се испонашаат)ама секој различно си доживува и ние сме различни карактери па така доловуваме
Цитрат прави тоа, мене ми одговараше зошто бев со запек. Земи само од тој бизглинат, јас купив на health aid, не одев во вц па се вратив на цитрат...
Девојки, како ве читам, и полека почнува паника да ме фаќа, ме враќате во реалноста дека крајот е многу блиску. Јас сум 38+3 денес, ама абер немам, барем јас така мислам. Ептен сум лабава и во глава ми е дека има уште бааѓи време. Уште сум активна, болки некои посебни немам, осеќам бодежи доле, ама ретко, еднаш двапати во денот. Неколку дена тешко одев во тоалет, ама почнав да пијам сок од сливи и сега е океј, да не се урочам. Докторката рече дека од наредниов преглед во вторник ќе почне да ме проверува вагинално, па ќе видиме како ќе биде.
Леле истото прашање ми се врти низ глава. Јас веќе два дена имам болки во препони, како притисок доле и како менструални болки кога ќе фати некоја контракција ама не се на редовни правилни интервали. Бебе активно лудува во стомак, се тегне бутка. Мислам дека почна да ми паѓа чепот поготово од средата навака откако ме прегледа со рака. И да многу сакам така од нигде никаде без болки без ништо кога ќе отидам во болница и да ми кажат ааа отворена си 7 прста и за најкраток можен рок да родам
Нешто слично бев со третото и таков пораѓај на сите ви посакувам . ми падна чепот пукна водењакот во 15 ч претходно ништо ни болки никакви од како пукна почна болките одма туширање у болница кога стасав кај 15:45 веќе бев 3-4 прста во 16:34 се роди. ни шиена ни пукната не бев. јас бев во шок колку бргу и лесно се деси се. бабицата ми вика шо си замислена радувај се . викам уште не ми се верува што се случи се молам со ова така да поминам уште сега тек 9 недела почнувам и да ви кажам три родив ама со последното највеќе соработував не бев толку исплашена и ја слушав кога да дишам како да дишам кога да напнам и затоа ни испукав ни ме шиеа.