Девојки, дали некоја од вас имала препорака од офталмолог за пораѓање со царски рез како посигурна опција поради висока диоптрија и истенчена ретина и дали ако има индикации за природно да се проба или сепак да се оди на царски?
Јас бев пред некоја недела на офталмолог по препорака на гинекологот заради висок диоптер, но кај мене имам дозвола од офталмолог за природно оти ретината е здрава. Оди си на офталмолог ќе ти каже најсигурно, ти треба мислење од офталмолог за природно, и не е кај сите иста ретината така да не мора да значи дека мораш царски.
Девојки, кажувајте помош за запек. 35+5 сум, гинекологот ми го укина Магнезиумот, и деновиве мака мачам. Јадам суви сливи, круши, пијам многу течности - џабе.. Зедов еден сируп на Waya (детски е) - првиот ден ок, после тоа без ефект...
Имам останато повеќе од 40тина таблети метилирана фолна и метилиран б12 од 1000 на Now. Ако му требат на некоја од вас нека ми пиши, можам да ги пуштам по карго.
Јас со првата бременост чаре најдов во Дуфалак сирупот. Можеби има и други опции веќе, ова зборувам пред 3-3ипол години, ама чисто да споделам оти одлично ја знам маката. ________ 14та недела од вчера, поднамалено е гадење и повраќање. Со првата бременост 11та недела како со нож пресечено беше се', а оваа изгледа цела ќе си имам мака со желудник, ждригање, гадење, тешко варење. Друго ми е зборот, од што може така да ми се снеарнува? Ептен ми се слошува што мислам дека ќе паднам, со вртоглавица со се', со тремор внатрешен, како одеднаш глад, тахикардија,.. Железото пред 2 недели 10 беше, шеќер околу 4.7 на гладно, тсх ми беше поткачен, па ми ја поткачија дозата. Можно е од промена на дозата на еутироксот? Или да си испитам порано јас огтт и инсулин? Страв ме фаќа малку оти не се сеќавам вака да ми било со првата или имам заборавено, ќе треба мислења да си пребарувам.
Мака мачев црла бременост само се жалев и се проверив ништо немаше проблем со мене ама лошо,ми беше за срцето идев зошто и тоа кко изморено ми беше вторава бременост многу тешко ја поднесов.... Секое сабалје се молев само да го преживеам денот....После 7ми месец почна да ми се подобрува не ми е како што ми беше ама пак не се чувствувам своја ко што си бев ппрано... Некои денови ми е страв кога ми е тешко дали ќе имам сила да издржам пораѓајот...
мене со -6.25 диоптер кога и да сум одела на очни прегледи уште пред бременост ми велеле да си знам дека со тој диоптер морам царски, ретина никогаш не се ми прегледале..сите велеле доволно ризик е самиот висок диоптер
Мајка и јас до сега сум така. Само се надевам да се освежам понатаму оти до сега сум на survival mode, резерви трошам. Па и тодлер, па и работа, па и никој не ти ја сфаќа сериозно втората бременост
Мене офталмолог ми рече дека ретината е здрава и дека диоптерот нема врска ако е ретината здрава и дека можам природно. Дури ми кажа може и да корегираш пред породување ретина ако сакаш природно. Офталмологот кај што бев е специјалист и хирург.
Isto i mene, i jas sum so visok diopter + 4,5 ama mi rece deka retinata mi e zdrava i nema zosto da ne odam na priroden porod ako taka dojde
Плус ти е или минус Не е висок диоптерот Најчесто кај минусните диоптрии над 6 ка не се препорачува нап поради аблација (одлепување на ретина) Тоа може да се случи и при поголем напор од секојдневни работи на пример одење во теретана и кревање тешко не само пораѓај. Консултирајте специјалист за таа проблематика бидејќи не е нималку наивна, па тој ќе ви каже.