Оперативно се корегира ретина? Ако знаеш подетално пиши, јас одам исто кај доктор што оперира, ми кажа дека имам истенчена ретина, ама за корекција не ми спомна ништо, исто како и за корекција на диоптрија што треба да се почека, затоа што диоптерот се покачува за време бременост, па по породување се враќа колку што бил
Па претпоставувам дека оперативно, јас бев Систина/Промедика кај д-р. Фанка, можеби е брза процедура па затоа така ми кажа, не знам точно колку се чека јас бев во 34та недела негде, не се распрашав детално оти немав проблем...
Токму тоа го кажав Дека ќе консултирате специјалист и дека тој ќе ви каже врз основа на прегледот. Си консултирала, ти кажал и тоа е тоа Со лесно
Носко за вадењето мрсули, ние сме на ад, имаше доста и се правеа па на два три дена чистевме. Ножички имам од дм од бебилов сетче го добив на мекици супер се покажа и имам турпија на батерии од германија таа исто ја користам прво сечам ќошињата па турпирам. Веледа користам од старт моето е прематурче, супер козметика, за пеленската регија комбинирам и бадемова крема од фармамед. Шишиња, медела (ради пумпата) и бејбилов стаклени. За почеток подлога не користев само тетра перена пеглана и на кревет во дневна ми беше таму ја вежбав и имав картички црно бели па да и држат внимание. Пелени користев бејби лов на почетокот до кај 3ка после се префрлив на памперс премиум. Не сме имале проблем со пелените. На педијатар и ставаат слипи. Океј поднесува тоа.
За тие што се секирате за скратен цервикс, јас 22 недела имав 3.3. Малку се загрижив бидејќи не е идеално (мин. 3.5 нели), докторката беше кул, само магнезиум ми кажа и толку. Воведов магнезиум од џејмисон од 250мг навечер (премама дуо наутро). Во 32 недела, цервиксот е 4. Значи, може и да се покачи.
И јас да ве утешам за цервиксот. Во 11та недела поради кафен исцедок ми го измерија и ми беше некаде 33мм мислам. Не сум сигурна за точна бројка, ама тука некаде беше. Многу бев уплашена. По препорака на доктор почнав од тогаш да ставам утрогестан, пиев ферона и магнезиум секој ден. Во 19та недела на контрола си побарав да ми го измерат пак, си се качил на 47мм. Така и си остана и се породив во 39та недела. Значи сепак може да се подобри. Мирувајте само обавезно.
Здраво дали некој има правено нифти тест во гинекаликс и како сте задоволни и после колку дена ги добивте резултатите? Исто ме интересира дали ви го погодија полот?
Мамички, ајде помош 8 недела сум, ќерка ми ја фати стомачен вирус во четвртокор, па нормално нели и мајка нема да ја одмине. Го прашав геникологот само линекс смеам да пијам. Само се нервирам што ништо не можам да ставам во уста. Од се повраќам. Дајте чаре некое шо да се прави.
А имаме некоја мами, што околу Нова Година , што треба да се породи? Да чекаме новогодишно бебуле тука.
Хаха ништо и од мене. Си чекаме. Јас во среда 40та недела. Синоќа нешто ме болеше доле како менструални болки, болки во срамна коска, притисок ама ништо. Еве денес ни болка ни ништо, ретко некоја контракција. Се разработив низ дома викам ај може ќе тргне
Jas vo dvete bremenosto pravev nifti no Ginekalis.Jas licno sum zadovolna.Sega posledniov pat mi stasaa rezultati za edna nedela.