Нејќат овие деца убаво им е. Јас сум денес 39+1 утре сум на преглед. Ама немам никакви болки ништо некој знак. Не можам уште една недела потечена сум ко слон не можам да одам, ќе плачам утре да ме пораѓаат
Јас бев денес на преглед, некако многу ми тежеше и јас по мое осеќав дека е многу доле па да ме ѕирнат. Прво ме зачуди др од Коруновски 2 уште кога седнав ми вика ааа ова беше бебчето големо рече вака се е ок ама е потежок за неделата и јас дека сум послаба затоа така го осеќам. Буквално каде што беше она со сондата што му го гледаше телото таму ме стиска и боли. За 10дена закажавме за брис и се надевам до тогаш нема веќе да идам кај нејзе
Па јас се надевам дека магично без болки сум отворена многу е смешно прворотки што си замислуваат магија
Ај и јас да си прашам, има ли некоја како мене со постојани главоболки, веке незнам што ми е, не се јаки но ги имам постојано 20+1 сум, протеини во урина немам, крвна слика океј е
Зошто да замислуваш. Другарка жени, секој како неа да е. Со првото до 9 прсти немаше болки. Вика на цтг, апаратот дава болки, јас ништо. Мислеа дека ги лажам. За 2 минути се породи. Со второто до 7 прсти исто. Пишувавме, ја снема и за 15 мин ми праќа слика од бебето. Друга иде на редовна контрола, 10 прсти отворена и викаат ти раѓаш бре жено. И она како се поткренала во шок да каже ама како не осеќам ништо, бебето со глава искочило. Се е можно и не мора да значи , ,,мачење” додека искочи бебе. Еве мене толку брзо ми беше, кога ја родив бев во шок малце.
јас имав до кај11тс чести главоболки, мигрени со аура ама тие ги имав и пред а после во брмееноста се интензивираа
Исто и јас знам многу околу мене што така се породиле. Немала болки ништо ама крв малку на гаќи и одма отишла на дежурно што да видат на цтг породилни болки она ништо не осеќа одма ја качиле на бокс отворена 10 прсти за 15 мин породена. Со второто на преглед отворена без болки без ништо и пукнал сам водењакот тдодека ја прегледувале и одма на бокс се породила, да била дома немала ни да стигне на време Дај боже сите такви пораѓаи да имаме лесни....
Се преплашив, многу се изнервирав нешто се тресев дури од нервоза на крај како да ми помодреа стапалата, срцето ќе ми излезеше едвај се смирив, може нешто да сум направила на бебето??
Ништо нема. Земи едно бедоксинче, смири се, се е во ред. Не мисли на тоа како си изгледала. Моменти се тоа. Какви стресови имав, се беше во ред.
Зошто не магнезум? Тело баш најмногу има потреба тие прекинувааат. Све ќе биде, нема да запрат ни контракции кога треба да дојдат, ни да забави процес. Сега може запек, грчеви во нозе ако си поактивна или слабо активна. Не ги разбирам докториве.
Девојки денес бев на контрола, ми зедоа крв и урина. Сега сум 34 недела, и прв пат имам кетони +++ во урина. Утре ќе испитам скриен шеќер. Некој да сподели искуство со покачени кетони?
И кај мене е доста ниско спуштено со главчето надолу, ме притиска ми прави проблеми цел предел долу над и околу срамната коска ме боли. Дури и потечено ми беше местото се гледаше како топче. До тогаш бев задоволна од Коруноски (Павлина Коруноска). Ама на двата последни прегледи по ред и го нагласувам ова, не се ни замара да ме погледне - ништо не ти е ми вика. И на крај отидов на специјалист, со приоритетен упат, кој ме прати од таму да испитам да не е кила зашто се сомневаше на тоа. Ама муабетот ми е дека двапати се жалам, визуелно е видливо и ич мува не ја лази, нит ме праќа некаде ни го погледнува како што треба. После ми излегоа високи Д-Димери, и кажав дека заминувам на одмор утредента откако и ги пратив резултатите, 100 пати и пишав дали треба нешто да земам терапија за на пат, не ми одговори, и вртев не ми се јави. Битно за прегледи пари зема. Не знам дали после пораѓај уште би останала таму после ова искуство. А слушам од другарки дека и од други матични генерално се жалат. Не знам у Скопјево дали има еден нормален што е...
Здраво, дали чувствувате на моменти страшна нервоза и негативни чувства? На моменти ми доаѓа да експлодирам од нервоза....
јас идам кај др Снежана и задоволна сум, број немам не сум побарала нит ми понудила ама одам и на незакажано кога имам потреба
За тоа да, нема проблем (само кај Павлина секогаш е фул - по 2-3 пациентки чекаат надвор кога и да појдеш па ќе си се изначекаш). Ама кога самата докторка ми вика прати ми резултати на вибер или пиши ми за итни работи, а не одговара после тоа по неколку денови, мислам дека не е во ред.