На сламка се држам од вчера и нервно и телесно. Денес осеќам таков притисок доле и бебево мислам дека е цело во бешика ќе умрам. Нешто испонастинав плус си викам сега да реши да излезе со која сила ќе го извадам
Исто и јас не се прочистив, немаше време кај мене. Но бараат, на патолошка жените кога одеа на царски им кажуваа вечерта да се прочистат, верувам дека и за природно е исто доколку имаат време .
Каде да најдам чепчиња дуклолакс? Барав денес се некои трети ми нудат. Има врска или? Демек овие дуклолакс биле појаки.
И мене ме стиска доле многу цело време трчам во тоалет мислам дека се помочав. И јас сум како затната купив марисол колку да се лажам дека нешто ставам да можам да дишам
Поздрав женски, јас се породив вчера, родив за прв пат и тоа ќеркичка. Термин ми беше 4ти декември, но отидов рано нормално од незнаење до кој степен одат болките и од страв да не отидам касно и ми дадоа инфузија и се отворив за краток период од 1 час од 3 до 7 прсти па после знаев дека ќе ми е мака кога беа на 2-3 минути болките и си побарав епидурал. Среќа што фати инаку ќе го видев господ по пижами дека распукав многу. Туркањето и шиењето не ги ни осетив а другите болки скроз ги заборавив кога си го видов моето слатко бепче. Ви посакувам полесно породување иако моето не го сметам за многу тешко.
Се породив јас. Потешко ми беше отколку со првото.... поболно... Не се нормални на Гак не сакаа да ме примат немало место ќе ме препраќале Чаир па кога видоа дека сум отворена одма ме качија во предродилна.