Ајдееее конечно мамица. А ќе ти пишев вчера дека со два прста отворена, наредниот ден се породив, ама ај да су ќутам. Ајде се олесни. Живи , здрави и полни со љубов да сте
За Клексаните пишуваат извештај во Државата Болница таму те обраќа матичен Гинеколог и од Државна со рецепти кај матичниот те води до крај на месецот. Потоа одиш Фондот за Здравство пополнуваш формулар и заедно со Документот од Д димери,документот од Гинекологот од Државна,фискални со сметкопотврда од аптека,рецепти потпишани дека си примала клексан од кај матичниот предаваш во фондот и чекаш исплата
Да е живо и здраво побрзо да се опоравиш ти Леле значи и овој пат со болки, божем второ полесно. Немаше опција за епидурална? Нели се фалеа од октомври ќе ја даваат
Баш те мислев да ти е здраво живо цел живот среќа да има ајде се се заборава а за Гак знаеме дека не се нормални
Кога зимав обични памучни од Сара Фешн, ми кажаа дека имаат и термо. Да провериш таму или во Стружанка евентуално.
Што јадете, пиете за киселини значи неможам ништо да јадам од се имам киселини, имам едни гастрогард но не помагаат многу, или од ништо нема фајде
Јас имав многу киселини, посебно ноќе и ги повраќав. Ме смируваа Waya ќесичките, ама на крај и тоа не помагаше. Кога се пожалив на гинеколог, ми рече нема потреба да трпиш и ми препиша омепразол да го пијам секојдневно, не штети на бебето. Се препородив од тогаш.
Здраво женски да ве прашам за тие што боцкате клексан/фраксапирин до кој месец боцкавте во стомак? Јас еве во 6-ти сум и уште си ги боцкам во стомак. Дали некоја ги боцкала до крај во стомак, а ако не на кое друго место сте боцкале каде е побезболно?