Devojki, dali imate iskustvo so vaginalen iscedok vo bremenosta? Nekogas pogust, a sega poslednite nekolku dena pocna i kako voda nesto zoltenikavo pa se izvadiv od pamet…brisevite cisti, 13+2 sum, nekakvi simptomi drugi nemam..
Нормално е да имаш зголемен исцедок, јас цела бременост ја терам така. Доколку не смени боја и мирис, и немаш чешање или печење, нема ништо страшно.
Мене и во првата бременост и сега страшно ми е затнат носот, дали е од хормоните или од нешто друго не знам. Солени капки и спреј не ми помага воопшто, ставам по една капка од назопас капки за деца и многу ми помага.
Па да, реално ако земеме во предвид дека за целодневна свадба со 2ца фотографи и камерман, монтажа и фотографии вклучени во цена земаат по 500, ова не е баш ефтино. Ама фала ти, баш ќе ги разгледам сликите, ако се убави може и дa вреди.
Здраво девојки, Бремена сум со прво детенце и се уште не знам што како, трет скрининг и 4D исто ли е?
Не е исто. 4Д е ултразвучен преглед, а скрининг кој исто така се спроведува со ултразвучен апарат е детален преглед кајшто се мерат параметри кај плодот кои се витални за детектирање на одредени аномалии. Скрининг најчесто се прави еднаш на секој триместар.
Имаш прв втор и трет. Првиот и вториот скрининг ти се најважни. Првиот е за даунов синдром се прави 11-12 недела. Вториот ти е за органите на бебето се гледаат сите органи детално по ред и се прави од кај 20-23 недела. Третиот ти е сличен како вториот пак се гледа бебето детално плодова вода папчаник. А 4д ехо ти е сосем друго се гледа бебето во 4д целосно и поубаво. Еве ти слика лево е обично ехо десно 4д
И мене ми прави и омилено ми е се гледа бебка убаво и секогаш ми зима мене пари за сите три претходните по 350 ден ми зимаше. Сега по 5стотки качила Ти која недела си?
Јас пак да замарам со Д-димериве мои 32-ра недела 1900, парцијално време на долна граница, хематокрит малку под долна граница. Ми рекоа ако се ептен покачени дека се даваат клексани или апсирин. Некои искуства?
Си наплаќаат а не треба. Викам минатиот пат колку треба 500 денари овде ќе ми оставиш во нејзината соба кај што прегледува а не на шалтер кај сестрата - значи она си ги зима за нејзе Брисеви ми зима си наплаќа што ми земала. а кај што ги носам на испитување не ми наплаќаат викаат ти си трудница не треба да плаќаш - и ај сега
Осеќам брзо ќе стигнам до тие 2000 со оглед на тоа што пред еден месец ми беа 1200. И ги пратив, ќе видиме што ќе одлучи.