Кога последно сум ги проверувала таму некаде 27ма 28ма ми беа 1200, ама на страна од тоа ми се појави по некој капилар на едната нога под препонот а после тоа и почна вена на истото место да ми излегува (само кога стојам долго време). Па ме праќаа на доплер мислеа да не имам запушување некое итн. И на доплер докторката ми рече да ги следиме да испитувам еднаш месечно да не рипнат нагло.
Да да, затоа реков да не случајно има некоја максимална вредност на д-димери после која препишуваат клексани, ама се расчитав после дека не зависи само од тоа, туку и од многу други фактори. Некако ич неќам да стигнам до таму иако знам дека не е трагично, ама што и да дојде ќе мора да се издржи.
Здраво мајки, да ве прашам дали во 31 недела движењето на бебето ви е секој ден исто или еден ден по активно а наредниот помалку, еве вчера беше цел ден активно денес помалку и понежно некако. И друго сакам да прашам далидоколку мигрена со аура се враќа во ова тримесечје е знак за прееклампсија или не мора да значи? Бидејки јас имав пред бременост мигрена со аура и овуе 7 месеци ми се немаше појавено до некни.позз
Колку што знам сите испитувања и прегледи треба да се бесплатни за трудници ама нема кај нас тоа, се си плаќаме... а приватно од месец во месец се качуваат цени, за скрининзи зборам
јас имав пред бременоста мигрени со аура и во првите три месеци имав… мислам дека нема врска со притисокот повеќе е хормонско инаку за мрдањето да и мене ми се случува во 34та тоа….
За мајките што се породија сеа пред брзо време, како се оправивте после пораѓај? Значи 3 дена, слабо енергија, гледам да се движам ама не можам многу, слаба сум, бледа, до вчера не можев ни да спијам ич а замижам рипам во сон и толку, за железото ништо не ми рекоа у болница.. Сеа ќе си правам пак крвна слика да видам што е работава или да препишам на неспиење и хормони...
Да ти кажам моите дека беа 11000 во 31ва па со еден клексан сакаа да ме тераат, па некако средив со еден доктор за два клескани. Над 2800-3000 даваат клексан ако се качат ако нема друга причина за пред тоа да се даде, мислам сеуште си во нормални граници. Не се плаши. Ама следи ги, ако можеш за две недели направи пак и исконсултирај трансфузиолог
Мајки што сте породени природно, откако ве пуштија дома колку време носевте вир влошки? И кога почнавте да носите мидер?
Јас веќе сум скоро две недели и носам мрежести влошки уште носам и ќе носам дур не престанам со крваарење а мидер имам само за половина тој вчера почнав да го носам
Јас ги носев две недели, не крварев премогу па прејдов на обични. 4та недела уште носам. Од втора недела и појад почнав да ставам ама тогаш веќе ми беше 90% вратен стомакот
Во болница ми дадоа Тотхема 3 дена, ама ме тераше на повраќање па дома си продолжив со капсули Фероглобин.
За да се врати стомакот. Има и појаси со ластик, јас на тему за 200 денари земав топ, а по продавнициве е 1000 ден.
За стомакот да се повлече на времето од али експрес го имам нарачано сигурно на тему го има https://share.temu.com/fZTEdO3KufB еве го и има
Денес еве ќе си направам крвна слика, вчера ми се качи притисокот 140, рекоа на лекар дека е од замор бидејќи не сум спиена убаво...И задршка на течност зошто градиве ќе ми прснат со млеко се преполни