Ти мисли си за доброто на своето бебче, нема ш Воопшто да не ти е гајле што мислат тие, ти мисли за здравјето на бебето и твоето здравје а работодавецот е должен да се организира спрема ситуацијата, ако треба и на боледување ќе одиш
Секако ќе мора дома да преслечеш, дадеш млеко, смениш пелена...во еден момент ќе мораш . Ти види што ти е попрактично за да не се туфкаш во болница. Мене пркмер вп ремедика ми ги каснеа резултатите за жолтица и во 11 ми викаат можеш нека дојдат по тебе во 12 испис ..кој хаос настана. Таа го облака, му дава млеко, ја не стигнав јас да се спремам, преслечам, нашминкам не па бебето. И дома после на раат бањање, шминка малце, дотерување па ете по некоја фотка.
И тука да споделам, кој треба да прави пренатален тест, чисто информативно сега ми излезе на инстаграм па да споделам.
како го изнесе јулското? јас имам мајско на 2 тогаш беше ладнечко боденце пантолончиња и блузиче и завиткана беше во ќебенце тенко. син ми 21 јуни ама не беше баш топло тие денови мислам слично ко со првото го изнесов. Со третото најладно беше 23 март ја изнесов по боди на кратки и шпикозни тенки плетени на ниперленд и во ќебенце. Ова сега ќе биде 5 јули знам дека ќе биде жешко. Рано ми е да мислам уште сега на тоа ама чисто информативно
Јас на 21 август се породив топло беше. Ја облеков во фустанче со високи чорапчиња Ептен беше женска. Твоето може и маже ќе е, можеш некое ромперче и чорапи. Мислам дека не треба да се преоблекуваат.
Пол не знаемее уште. денеска нифти направив па ќе видиме . ама некој глас ми кажува дека ова ќе биде маже две мажиња и две моми кој е како мене
Мојата на сред јуни родена јас ја изнесов по фустанче на кратки и голи ноџиња со чорапки со чипка - мајка ми ќе припаднеше кога ја виде а сестрата во систина ми рече - браво бе мајка ти си прва од почеток на летово без шпихозна на долги у јуни
Во ромперче беше - горе ептен куси кратките, а долниот дел требаше да биде као долги ама ја родив бебе џин, а имав ромпер за новороденче и се напнав у тоа да излеземе и му беа нешто покуси од 3/4 Па мислев или ромпер од долу или шпикозна па горе палтенце доле тенки панталонки. Ако ме испуштаат сабајле и биде ладничко соодветно ми е да не му се голи скроз нозете, секако овие панталонкиве за бебе се баш тенкички, а сигурно ќе сакаме фотка со син ми ау бау. Штом дојдеме дома само ќе тргнам јакната и панталонките и ќе си биде со шпикозната во соба.