Пред една недела си била 4 недели и е прераноо за симптоми како гадење, мачнини. Може нешто друго било. Тогаш плодот само што се закачил во матката. А за да се осеќаш трудно исто е премногу рано. Баш така ќе се осеќаш кога ќе почне да расте меше и да осеќаш удари. Инаку и без никакви симптоми да си е скроз нормално и биди среќна.
Сто пати прашав јас, читав низ групава имаше ама дали има некој потазе што му се десило. Вчера имв повеќе крв кога плукнав денес гледам во точки на два пати, читав миже да е од многу јаки киселини. Пишав на гинекологот дали е можно од киселини вика да ама сепак и брис да земеш…. Сега споен викенд кок ќе седи до вторник со страв
Како си плукнала крв, се закашла па плукна? Или од непца при миење заби? За точките видот може да слабее во 3то тромесечје и ја гледав точки. И зошто чекаш до вторник за брис и каков? Пошто приватниве лаб работат утре
Зошто брис? Можно е да е од киселини.. ама гинеколог тоа не ти го решава.. гастроентерохепатолог консултација.. или пулмолог
Не сум се изразила убаво, во плунка имам крв ама баш ко ресички и точки, се слушнав со гинекологот вика можно е од многу јаки киселини. А брис ми рече од грло да да не има евентуално некоја бактерија
па ми рече да провериме да не е од некоја бактерија евентуално иако и она мисли дека е од киселини. Почнав денес со гастрогард и да се молиме дека ќе биде добро уште 3-4недели да се издржи
Утре работат лабараториите. Негативен ако е истиот ден ќе ти стигнат рез. Биотек Ѓорче и недела работи.
Јас кога повраќав киселини исто ми беше, обавезно имав крв. Дури и кога не ги повраќав, плукав крв кога миев заби. Мислев дека можеби од непцата ми е, но кога немам киселини, немам ни крв. Така да, си поврзувам се со киселините.
Јас имав крв исто како што кажуваш, ептен се исплашив и отидов на ургентен ама таму исто ми кажаа дека од киселините е, дека желудникот бил многу изиритиран. После тоа, едно време и повраќав од киселини, па од тоа и капилари ми пукаа, па исто крв. Откако се породив, се магично исчезна.
7 дена постпартум немам веќе киселини. Сакав да ве прашам вие што сте тазе породени дали имате отоци на нозете и колку време? Во бременост немав изразено отоци дури сега имам.
Јас се породив во жан митрев они таму не признаваа од друго место крвна група му беше во пакет за 1 саат добив инфо на маил
За тие што планирате да се породите на ГАК еве ви го моето искуство: Ме примија на паталогија - тука условите се можеби најдобри. Чисто, топло и прељубезен персонал. За сите од патологија од доктори, сестри, болничарки и чистачки немам коментар оценка 10. Родилна сала: е тука почнува кошмарот за жал. Кај има човек ненормални болки таму никој не го слуша и делот со анестезијата не е баш така. Јас инсистирав на анестезија до последно не добив. Ти викаш никој не те слуша едноставно чекаат да се отвориш и да бидеш спремна за бокс. Јас за жал на крај завршив царски па секако бев боцкана. Интензивна нега царски: персоналот љубезен и услужлив. Буквално влегуваа на 10-15 минути да проверат терапија и дали нешто ви треба. Ви даваат одговор на секоја информација. Презадоволна. Собите за пост породување се солидни. Чисто е, ме изненадија дека многу често поминуваат за дезинфекција на подови во сите оддели и дезинфекција на тоалетите исто секој ден. Е тука има сестри и сестри. Едни помагаат едни се прават дека не гледаат и слушаат. Зависи како ќе ви се погоди.Ама во глобала беше ептен солиден односот не можам да се пожалам. Доаѓа сестра ви покажува како се дои бебе, па како се менува памперс. Доаѓа друга сестра ви помага да се истуширате. Редовно ве прашуваат дали ви треба чисти чаршави или спаваќа. Не земајте ќебиња, дуксери ништо не ви треба, прежешко е секаде на ГАК. Јас спиев со чаршавче и се будев жива вода. За храната, да малку е оскудна, лепче со јогурт, лепче со крем, супа, ориз, батак макарони, ама секако може да ви донесат за јадење не се секирајте ни за тоа. За сите што мислите дека царски е полесно од природно се лажете. Почнав јас природно факт е дека многу многу ме болеше и мислев дека ќе умрам, ама и болките после царски не се заебанција. Секое станување од кревет е ужасно болно. Бебе не можеш да земеш. Се плашиш да не пукнеш конци. Природно породените на бокс урлаат, да, ама после породувањето немаат мака. Така да размислете добро пред да решите за царски нема ништо царско во него. Во однос на доењето, читав тука многу мајки ги болело не сакале да дојат. Па таа болка од доење и не е баш болка. Така да пред да пробате не се откажувајте. Така да ГАК според мене е 7/10 единствено лошо е тоа што сепак таа анестезија не ја даваат баш така лесно. Да оди и тоа полесно не би се мислела многу за пак тука да дојдам. Како и да е нека е со лесно на сите идни мамички ова мора да се помине, после секако се се заборава.
Пиев од ќесичките од типот на Стопрефлукс, Рефлустат...ама мислам дека за џабе ги пиев. На ургентен и омепразол ми препорачаа неколку дена, ама и од тоа немав некое значително подобрување.