Во родилна кога ме качија докторката што ме прегледа рече ова нема шанси природно. И ме пратија на итен царски.
Мене не ме мереа. На ехо во 38 и 5 бев гледаше мерки обем на глава, кг според нејзина прогноза рече ако те фати 39та 40та рачунај одиш царски. Јас од 36та бев со јаки контракции. На истиот преглед ме подотвори при преглед со рака бев 1цм , за 4ч водењак ми пукна, па се породив природно за неколку часа после тоа..
Мајки мене ме фаќа малце паника за пораѓајот… како ќе биде, колку болно ќе е, да не трае премногу долго и да не се распукам па да треба шиење и сл. Сакам да кажам од природно ми е стравот, иако знам дека е подобро од царски во секој поглед сепак се плашам… и не знам како да си помогнам како да го надминам стравот.
Оо како минуваат деновите и мене ме фаќа паника како ќе биде на пораѓај.. Докторот претходниот преглед ми спомна дека можеби ќе треба со индукција, ни знам што е тоа ни сакам да отварам да читам Тоа значи со провокации или?
Ако е се во ред, од 38 + се смета дека бебето е веќе на сигурно. Според прегледите, ќе зависи и тоа - плацента, плодова вода. Потешко е е, посебно за прворотки, но ако си со епидурал мислам дека нема многу да се мачиш.
Јас распукав незгодно е шиењето. Ама трае помалце од 1мин бар еве така го памтам. Тоа најмалце нека ти биде грижа, другово ако одиш природно со епидурал не видов болки којзнае какви. Имаше да ама и доста време одмарав
Дали се укочувате навечер при спиење, 8ми месец? Едвај се превртувам од една на друга страна. Што кичмата, што грчеви во стомак. Што ќе беше ова, досега немав мака
Да и со едвај станување за до вц, боли препон, кичма, газ... мене ме фаќа интензивно ден два па ме пушта, па после неколку дена пак. Појачај магнезиум.
Колку што памтам некаде на средина со бременоста беше. И мене ме фаќаа паники тој период, нормално е. Ама тогаш кога ме фаќаа паники во втор триместар кој патем е и најлесен имав време да мислам на тоа зашто немав други проблеми Сега како се наближува терминот и како се појавуваат други проблеми и болки - во половина, во кичма, во ребра, ми тежи стомак,, не можам да спијам навечер, а и кога ќе заспијам тоа трае кратко и целата се укочувам, киселините на најјако итн...си ги бројам деновите до пораѓај не ни мислам колку страшно ќе биде и си викам, море нека дојде побрзо ќе го издржам па што сака нека е, само да ми поминат сите овие болки што ги трпам секој ден.
Здраво,денеска на контрола ми кажаа дека имам намалена плодова вода,30+5 сум матичната ме прати да проверам хемостаза и дд-димери и торч да не сум имала некој вирус,во петок сум на контрола во Ремедика,ама се изнервирав многу,секој преглед се нешто испаѓа,де фанелинг,скратено грло,еве сега намалена плодова вода раат да не си,некој искуство да терал со намалена вода или да се нормализирала
Кога ќе проценат дека треба тогаш ќе те индуцираат. Кога е побезбедно да биде бебето надвор отколку внатре. Со лесно. Јас со индукција 2 пати бев. Еднаш успеа еднаш не .