Јас уште си возам кола, сега па и нова дека имам ептен мерак ми е не излегов деновиве од кола а реков дека ќе прекинам од 35та амаа голем мерак. Ама сега како влегувам 9ти дома додека сум сама малце почна да ме мисли мисла што ако почне породувањето а сопругот на работа и хорор сонови како тоа се дешава… имам следно цтг закажано во 36+5 па валја тогаш ќе види до каде е работатаси давам психички одмор уште некој ден
Зошто да преќинеш со возење, ако не ти е проблем? Вози си. Јас на 03.09. ја однесов на регистрација колата, цел ден натака навака, на 04.08 од сабајлето веќе бев породена. И ако почне породување, имаш опција такси, брза помош, некој во близина. Не анализирај до толку па и ти хахаха
леле за возењето ме утеши, инаку мајка ми и татко ми од страна суфлираат. Не дека ги слушам ама така знаат да ми влијаат малце понекогаш.
Јас престанав да возам оваа бременост кога дојдов до 10 месец (околу 40 недела) ептен не се трпев и голема бев веќе. Претходната до 38 одев на работа со кола. Пази само, јас многу плашлива бев при крајот. Шмекот на возење си го изгубив. Ама само што се породив се врати
Јас распукав многу но дека примив епидурал ништо не осетив. Отпосле една вечер болно беше ми ставија инфузија инекции антибиотици, после си барав кетонали кога ќе наголемеше болката. Еве 10 дена имам минимална болка но се трпи. До 7 прсти издржав со болки што и се зачудив, после си побарав епидурал ич не ми е жал. Јаки се болките и мислам да чекав до крај би ме воделе до лудило, плус и за раната. Ако имаш можност и не ти е страв твој избор е дали ќе примиш или не.
Дали можеше после со епидуралот да го избуткаш бебето? Мене па ми е страв ако побарам епидурал, да не не можам да напнувам после
Јас имам тесна карлица, првото женско 5 кг, долга 55 см, ми кажаа за време на породување дека ми е тесна карлицата, се породив по природен пат, ама со големи маки, болки и тешкотии, пред да родам за малку ќе сум паднела во несвест, оти ми се споиле притисоците. За следните бремености беше полесно, оти другите две девојчиња беа помали, ама и јас не бев прворотка. Ама за првото уште ме фаќа страв низ што поминав...
Да, улогата на епидуралот е само да те обезболи а туркањето да го осеќаш. Моето искуство со епидурал е одлично, ама сепак низ форумов читав мислења дека им го исклучуваат на крај епидуралот ако не ги осеќаат напоните.
Да. Мене ми го намалија да можам да ги осеќам напоните. И плус сечена. Со вторава бременост без епидурал распукав малку ме закрпија со 2-3 кончиња. Закрепнување сега далку подобро и побрзо него епизиотомија.
На бокс го гасат и си се осеќаат убаво напоните не се секирај, а одморена ќе си и ќе имаш сила за буткање
Здраво девојки, Еден познаник ни кажа дека за жена му кога се породила ,пред два месеца на ГАК, му побарале мито од 500 евра за да ја породат жена му. Има ли некоја од вас вакво искуство?
Правев крвна слика и урина. Крвната слика си е океј супер но во урината покажа покачени леукоцити и малце еритроцити. Гинекологот ми кажа дека се работи за инфекција и да направам урино култура за да знае за која бактерија се работи. Дали некоја имала вакво искуство? Втор месец сум се плашам да не е нешто сериозно
Се дешавало па уринокултура испаѓала чиста. Ако имаш некој секрет, ако не е прва урина мене бар од тоа ми се деси а немаше бактерија. Иначе совет до тебе и сите штом оставате урина на редовните месечни прегледи доплатете одма уринокултура за да не одите 100пати... не знам дали лаб намерно ставаат плусеви на урина или кај бремени често нешто е покачено/намалено и секогаш ќе мора уринокултура за да не ја чекате и да ја мислите
Здраво За брисеви мора до 12та недела да се прават? Во првата бременост знам правев во 9та,на прегледот тогаш матичната вика рано е и од многу обврски заборавив а веќе сум 12+ Сеуште можам да правам или касно е?
Јас мислам дека се муабети, освен ако не си барале некој конкретен доктор/ка, кои што апла бараат пари. Да не била кај Адела? Она знае да си бара парички. И без мито се пораѓаат жени. Нема да ги остават така.
Незнам кој доктор бил, само знам дека биле договорени однапред за царски рез. Сигурно се ретки ваквите случаи.
Јас ќе правам сега во 14та бидејќи не правев скрининг кај матичен и дури сега стигнав за брисеви, се надевам не е касно...
Царски ако било по нејзина желба, можно е. Ама ако имала индикации за царски, само оние што се познати , може и побарале.