Нема подобро! Можев да останам за со провокација, ама јас со големи бебиња поради напонот знам дека уште толку ќе си направам проблем со хемороидите така да ќе почекам уште ден два да тргне сам ако успее да поседи
Задржуваат ако има пукнат водењак или ако имаш и болки. Ако немаш болки може да те вратат. Мене ме задржаа со 4 ама имав веќе и болки. @pikachu2 со лесно смирувај таму хемороидите оти може у секој момент болки да те фатат филмски да поминеш
Стриите немаат врска со мачкањето се е до кожата. Јас бев ептен неодговорна со мачкањето. Се мачкав ретко да не речам еднаш неделно со Павловичева. Не испукав ич. Една стрија немам ни на стомак ни на гради.
Здраво 13+4 сум, дали некоја од вас се соочила со огромна главоболка, (кај челото). Притисокот ми е нормален не знам што да правам се напив парацетамол сабајле ми помогна малку и сега пак ептен ме боли. Ми се повраќа од болка
Ја не ни се мачкав со ништо ни со првото ни со второто. Стрии имам само на задникот. Не е до мачкањето туку до тоа колку ти е еластична кожата
Ако ти пукне водењак или имаш крварење/активно цтг тогаш немаш избор, обавезно те задржуваат. Мене сакаат сега затоа што сум второротка и наводно ако почне процес може да е многу брзо и да има проблем, особено ради големина на бебе итн. Со првото ми пукна водењак и кога отидов бев 4-5цм отворена на прием, јас и викам на докторката на смена, за колку да дојдам блиску живеам? Таа ме гледа се смее и вика оди да те облечат, да ти направат ковид тест и качувај се на патолошка, ти ќе раѓаш за кратко госпоѓо
Ми се јавија од нифти се е во ред со бебка - здраво право е . овој пат маженце ни стигааа - две мажиња -две моми . пресреќна сум се осеќам како да сум бремена со прво бебе не четврто толку сум радосна
Фала ти многу - 9+5 недела по менструација правев а фетална пишува на тестот дека е 11.39 што е доволно висока за таа недела. очекував да е 6-7 % снаами правеше во 10+3 кај нејзе беше 6.97 . ете нема правило. а со другите бремености ми беше 1. ќерка 10+0 - 8.37% 2. Син 10+0 - 12.76% 3. ќерка 10+1 - 10.96% фала ти се убаво да се враќа така е да нема љутиш леле пресреќна сум жени
Kај мене во 11+4 беше 7,8% а за првото во 10+ немаше доволно па во 11+ пак ми земаа крв. Ама наредна бременост ќе треба и клексан да примам така да… здравје само. Баш ме израдува дека е супер резултатот мила
Активно парцијално време ми е 23 а ддмери 1600. За овие резултати матичната ми рече дека би ми дала 14 дена клексани меѓутоа мора извештај од секундарно здравство за рефундација. Дали обично матичните ви одредуваат терапија или подобро да се консултирам со доктор на трансфузиологија? Нели се сега клексаните со рецепта или уште функционира со рефундација?
Да се самоцитирам. На гладно 3.94 1 час по шеќерот 5.5 2 часа по шеќерот 4.3 Сеуште чекам одговор од ендокринологот, мене ми се чини ок, дури накај долна граница. Чудно, живеев на тестенини добри два месеци. Како и да е, бебето онака си е дебелко изгледа.
и јас ти викам бев на леб, газирано, благо и се беше супер. Јас мислам дека сепак и до лачење на хормони е не само од храна. Супер се резултатите. Второ мерење треба под 10, трето под 8, на гладно 4-6
Мене клексани ми препиша докторката од ГАК што ме прегледа,вчера ги земав од аптека на мм му дале сметкопотврда и сметка,и со извештајот и потврда дека се примени да поднесам во фондот,значи сеуште не се на рецепта.