Без рецепти од кај матичниот,сметкопотврда од аптека и фискална,не признава фондот.И не ги враќа сите пари делумно многу малку.
Јас сум со шеќерот над горна граница и баш читав и нема врска јадењето него хормоните и промените во организмот влијаат,е веќе ако го имаш тогаш треба да припазуваш на јадењето. Значи извештајот од клиника нема да го признаат мора од кај матичниот да земам рецепта? сега првпат ги земам и незнам како треба точно.
Не знаев каде да го поставам прашањето па тука да си прашам ве молам за препорака на крема, уље за нега на кожата во бременост за стрии, за гради и за лице. Имам многу нежна кожа.
Со извештајот од клиника одиш кај матичен и ти водат рецепти до крај на месец или колку што ти препишале.На крај од месец ти ги даваат и одиш во фондот .Извештај од клиника,рецепти,фискална и сметкопотврдао од аптека и предаваш во фондот со барањето од фондот формулар.Пари упола и помалце од целата сума ти враќаат незнам зошто ама мене втор месец исто упола.
Здраво мајки. За 3 дена сум полна 20та, но јас од вчера почнав да се чувствувам ко балон, подуена како да сум полна гасови, значи како наеднаш да ми се подува стомакот, бебе активно, мрда на различни места, до пред некој ден мрдаше само на десната страна и повремено како да ми се стега кај папокот сега. Нормално ли е вака? Втора бременост ама сум заборавила
Кои креми за лице се безбедни за време на бременост? Јас имам комбинирана кожа ама периодов од ладново ми е сува па да знам што можам да мачкам. Која крема ја користите вие?
https://share.google/YEMJnbnVqSN4yOTZE нез дали конкретно овој али од истава фирма хијслурон серум маски хијалурон си ставам за еднократна
Се јавив јас во дирекција во Зегин и Еурофарм ми кажаа чекале информација од фонд, дека аптеките први ке бидат известени кога ке има нешто.
Здраво девојки ,втора бременост првата се породив државно кај што живам, сега на мисла сум во плодност кај др.Сотир.До битола сат ипол имам возење а сакам природно да родам Некој во слична ситуација да бил и како поминал?
Ќе се породиме додека фондот смени за на рецепт од матичен. Сеуште е рано јас сум 4 ти месец ама да трчаш по фондој за фраксепарини ,клексани се исто е па трудни качувај скали страшно и на крај од 6300 добиваш 2100.