Дали ќе се појават стрии или не, најмногу зависи од типот на самата кожа. Колку е посува толку е поверојатно да испука. Плус сега е зима па генерално кожата е посува. Јас лично најмногу се мачкам со маслото од ДМ на BabyLove ама во него имам додадено масло со витамин Е. И исто така пред да го ставам маслото ставам тоник со Centella Asiatica бидејќи има докажано дејство во подобрување на еластичноста на кожата (за позитивните ефекти на оваа билка во борбата со стрии имам пишано и во темата за стрии). Продавниците што продаваат корејска козметика имаат вакви тоници.
Така е, а додека дојдеш до тие пари колкава процедура треба да одиш со упат од мат. гинеколог на трансфузиолог па да ти даде извешај да ги купиш сите инекции одеднаш па да ги боцнеш да ти даде потврда матичниот гин. дека си примила па тек тогаш да поднесеш барање за рефундација до ФЗО. Јас дека со ин витро првите три месеци заеади ин витрото примав па како ги рефундирав не успеав, сега примам ради циркулација па според крвната слика од хемостазата ми даваат без проблем и ми ги сменија наместо клексани примам фраксапирин од 0.6 тие се уште поскапи. Претходниот месец кога бев на контрола и го прашувам докторот на трансфузија нели реце дир. на ФЗО дека до крајот на ноември ќе бидат на позитивна листа инекциите и одговорот на докторот беше дека тоа се лажги заради изборите… страшно е тоа на маката на многу луѓе не само трудници они си тераат политиките нивни…
Здраво жени, можеби не е за тука но стварно немав идеја каде да пишам. Направив тест за бременост пред 2 недели и покажа позитивен денес имав термин на гинеколог и се гледаше само гестациска ќеса немаше бебе. Ми земаа крв и ми рекоа во среда да отидам пак за пак да ми земат крв. Во меѓувреме ако имам крварење да одам право во болница.Дали некоја имала слично искуство со ова? Прва бременост ми е па искрено како за прв пат ме исплашија многу. А многу сакаме бебенце.
Која недела те измерија дека си? Бета следеше? За ембрион можеби и рано е, а убаво е за една недела да отидеш на ехо па најверојатно ќе видиш yolk sac. Само позитивно, се ќе биде
Приската не е задолжителна туку сите тие пренатални тестови се избор на мајката дали ќе ги прави или не. Јас познавам блиска личност што ја примија на гак и без тие пренатални тестови. Пренаталните тестови ги даваат како еден вид сигурност, ма да и приската не е баш за верување.
Трите скрининзи се задолжителни ( ехото ) . Приската е преку крв и не е веродостојна така да јас не ја ни правев, ама ехото си е задолжително
Здраво девојки. Ве молам за мислење и искуства. Пред неколку недели ја дознав преубавата вест дека сум бремена, но за жал минатата недела ми кажаа дека е blighted ovum. Прва бременост ми е, и настрана од цело психичко измачување и од паника дека можеби е заради годините (32 имам, јасно ми е дека можеби си правам тензија за џабе но таков ми е карактерот за жал), сега треба да одлучам за терминација на бременоста со апче или со вакуум киретажа. Дали имате искуство за начиниве, дали имате препорака? Извинете ако темата не е за тука ве молам предложете ми каде да го префрлам прашањето. Btw се изначитав секакви приказни на форумов за да си ја смирам душичката дека не е само до мене и премногу ми помогна
Jas sum imala i so kiretaza i so apce, definitivno e mnogu polesno i poeftino so apce. So kiretaza mene mi bese mnogu traumaticno bidejki te spremaat, pa vo sala te nosat, pa te uspivaat..dodeka so apce go stavas vo domasni uslovi i pocnuvas da krvaris i tolku bolkata e kako ciklus. Toa e za fizicka bolka, a za psihickata bolka toa sekako kje boli najmnogu...
Исто и мене летово прва бременост ми беше blighted ovum. Бидејќи е прва, двата гинеколози ми препораа со апчиња - полесна е процедурата и многу побрзо се опоравува матката. Со киретажа треба пола година да помине пред да се обидете повторно. Од втор обид сега здравје 10та недела успешно ја терам. Со лесно што и да одлучиш, битно е дека си останала бремена значи немаш проблем со овулација, па ќе биде следен пат
Што купивте за изнесување од болница за зимско бебе? Купив бодиња, шпихозни, и сеа све тоа тенко ми се гледа. Не знам шпихозниве дали се за спиење или за преку ден Дали треба џемперче да купам плус?
Девојки дали ви се има случено вчера легнувам супер лицевп сабајле дтанувам цело лице со црврно кафени точки.Мидлев ке се повлечат во теков на денов ама уште си ги имам да не ми е хормонски нешто
јас планирам боди по долги и комплетче имам неколку, као со блузички панталони, памучни се тенкички. Ама или ќебе или скафандер одозгора, колата затоплена, се паркира пред влез и толку е
Февруари се породив. Го изнесов по боди на долги, шпикозни со ногавички, памучно капче и средна дебелина ќебенце. Колата ќе ви биде затоплена. Надвор сте буквално 2 минути, од болница дирекно во кола. Немате потреба да наоблекувате бебе. Скафандер па ич. Во врска со шпикозните. Кога беше новороденче најпрактични ми беа, па му облекував и за преку ден. Сега ми се само за спиење.
36+5 имам денес болка во стомак како пред добивање…. Ми помина малце сега пак ме фати, дали е нормално за неделава? И зошто се случува Утре имам цтг и ехо закажано секако
Јас крај на декември го облеков во боди на долги и плетен комплет со ногавици, капче и покриен со ќебенце.
Колку што се сеќавам имав повремено такви благи менструални болки уште на крај на 8 месец. Првото цтг во 36та покажа некои контракции и докторката ми прогнозираше дека макс до 38ма ќе сум породена. Ама ме фати скоро 40та така што не мора ништо да значи и никој не може да предвиди точно особено кај прворотки. Телото си се спрема за пораѓај и сѐ е нормално во тие недели @pikachu2 машала бебче големо. Честитки @EarthFire боди на долги, чорапчиња, комплетче можеш некое плетено (како тие од Зара на пример) или плишено, капче и подебелко ќебенце. Секако одма од болница во кола влегувате и после одма дома на топло. Нема потреба од скафандер
Девојки, дали некоја се соочила со чешкање на стомачето и назад кај кичма? 15 недели и два дена сум, читав дека може да е заради сува кожа и бидејќи кожата се тегне заради што стомачето почнува да расте, се мачкам со бебешко масло ама се плашам да не е некоја алергија, последно имам сменето неколку омекнувачи за алишта па да не е некоја реакција или нешто. Мислење?
Честитки Мајка алал да ти е и ова големо да е здрав жив цел живот среќа да има мене првото ми е толку родено, второто е помало за едно кило