Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Јас имав ужасни болки на интервали, 5мин ужасна болка со отекување и солзење на десното око па 30мин како ништо да не било и повторно исто, тоа траеше со денови, парацетамол не помогна, па по препорака на гинеколог земав кетонал од него ми помина.Консултирај се со гинекологот кој ти води бременост за кетоналот.
    П.с. ова се е од времето и мене лично ми се дешаваше минатава недела кога беше мрак по цели денови..штом изгреа сонцето ни трага ни глас од болката.
     
    На Cvet.23456 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flawlessss

    flawlessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Премама дуо + магнезиум пред спиење
     
  3. New123

    New123 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2025
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Јас и ти имаме исти термин на 07.01 :) Инаку на почеток на 35та недела и мене ми го измерија бебето за 2 недели понапредно. Утре сум повторно на ЦТГ и ехо, па ќе видиме како напредува бебето :D
    Инаку каде планираш пораѓај? Мене матичниот ме праќа на ГАК.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    1.746
    Пол:
    Женски
    фемибион и плус метилирана фолна, магнезиум по потреба кога ќе имав затегнувања минимални болки
     
  5. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    1.746
    Пол:
    Женски
    да не треба клексани за намалени протоци?
     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    18.983
    Пол:
    Женски
    Па не ми спомнаа ништо, само дека може да има потреба од порано породување.
     
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    18.983
    Пол:
    Женски
    мене се 2недели од 6та недела, вчера 3 ама ќе видиме тоа не е секогаш најточно. Инаку, во Ремедика ќе одам јас
     
    На New123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.684
    Допаѓања:
    19.041
    Пол:
    Женски
    Продадена ли е ?
    Јас четврта бременост си ја фрлив после третото :x:D не планирав да раѓам уште едно сега немам перница :D а ќе ми треба.
     
  9. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    6.838
    Не е. Ќе ти пуштам сличиња во пораче :)
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.741
    Допаѓања:
    19.816
    Да ме просветлиш како не ти е страв 4ти пораѓај. Лесно ли поминуваш? Како се пораѓаш?
    Еве второ па од што памтам паники ме фаќаат, ако се пожалам ми викаат ее де бе приватно одиш барај царско, божем пазар е ова, божем па др ќе рече нема проблем, а па и царски ми е страв не е полесно . После ова псохичко измачување за пораѓај не би се нафатила ни на сон на трета бременост.
    Сподели малце од твојот мајндсет :l:
     
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.684
    Допаѓања:
    19.041
    Пол:
    Женски
    Како прво сакам деца. сакам бременост уживам значи во тоа тоа е најубавиот период во животот на една жена. Едно долго патешествие до големиот чин пораѓајот тие болки кои мора да се поминат за да го земеме во раце она што сме го носеле толку време најголемото богатство за кое вреди да се истрпат тие болки! значи вреди секоја болка! Од секогаш викам дека жената од Господ е створена така да ги помине тие болки за да си го гушне бебето. Тие се минливи и не се умира од нив ако се умирало немаше да раѓаме и да постои човештвото! Жената е благословена значи мажите не знаат како е да станеш мајка и никогаш секако нели нема да дознаат колку е убаво да го носиш и родиш своето дете! нешто непроценливо!
    Значи пак ќе кажам благословени сме ние жените :inlove: Јас сум пресреќна што ќе можам уште еднаш да го доживеам сето ова по четврти пат!


    Со сите три пораѓаи кај мене прво пукаше водењак па болки. Значи пред да пукне водењак никаков знак за пораѓај ми пука водењакот и знам дека е тоа тоа почнат е процесот.
    Со првото да не речам најтешко да речам најдолго 15 саати ми беше пораѓајот па се роди ќерками. Со второто син ми 4 саати од пукање на водењак се роди. Со третото од пукање на водењак Саат ипол точно. тоа беше најбрзо. Значи незнам поприрода и сум храбра и можам да трпам болки некој инат сум ]:):D :muscle: Сега си имам три сонциња и уште едно на пат кое се надевам ќе биде набрзо од сите :D Е морам да признаам дека ме страв од царски е сега ако се мора ќе биде битно е да сме добри и јас и бебето.

    и реални да бидеме лесен пораѓај нема .Болките се тие . Со третото да речам најлесно поминав дека беше најбрзо и во шок бев колку бргу се случи се.
     
    На Veta, jungle, Rozevata и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Vasileva98

    Vasileva98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Денес 23+3 сум и некако овие два дена помалку го осекам бебе, минатите денови беше поактивно, дали да се загрижувам или нормално е за овие недели
     
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Маж ми вториов пат беше во соба со мене. Во шок беше кога ме гледаше како умирам од болки, и вика на др ако раѓа пак царски ќе биде нема шанси ова пак да го трпи:rofl: три дена не можеше на себе да си дојде. Не знам и јас со кој памет сакам уште едно дете покрај сѐ што ми се исподеси и како ќе издржам цела бременост психички (страв пред прегледи, пораѓај и се тоа со оглед на мојата историја) ама некако посилно е од мене, сакам. Сѐ би дала да гушнам уште едно живо и здраво бебенце. Плус и не сакам ќерка ми сама да остане во животов
     
    На BubamaraM, Sneeze, Veki4kaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.741
    Допаѓања:
    19.816
    Тој е мајндсетот што ми фали, јас така не размислувам ниту бебе ниту ниѓто, туку само со страв за себе и болките :D а и ден не уживам во бременоста..убаво реков ми треба туѓ мајндсет.

    @Lovebug01 :(
    И мене мм ми вика оди царски штом ти е страв, а мене и од царски ми е страв.
    На истото сум си викам со кој памет, едина утеха ми е кога го гледам малиов колку се радува и колку едвај го чека
     
    На jungle, mama11, Rozevata и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е тој мајндсет-да мислиш на она после што следи а да не се фокусираш на пораѓајот :) Верувај, благослов е да имаш бременост без никакви компликации со здраво и право бебенце. Многу краток период е бременоста, а пораѓајот е еден ден. Мене и бременоста со ќерка ми ми помина во страв, во грч од тоа што ми се случи претходно. Ама длабоко во себе уживав во бременоста и знаев дека ќе биде сѐ во ред. Имав тежок пораѓај, одвај се решив после 5 години на второ од страв дека годините ме “газат” и дека крајно време е, а уствари немав реално некоја желба. Се случи тоа што се случи со таа бременост, ќерка ми веќе си бара брат сестра, само јас сум сама вика, и тоа ме погодува премногу. И ден денес си замислувам како за некоја година она ќе биде “учителка” на вистинско дете како што сака, не само на куклите:) и си викам и стравови и панични напади и сѐ ќе голтнам само да ја видам таа слика што си ја замислувам сега.
     
    На DejziSk, mama11, Lostinparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.684
    Допаѓања:
    19.041
    Пол:
    Женски
    Само позитивно мисли на тоа како ќе си го гушнеш помирисаш после сите маки и болки! Нема поубаво :inlove: Поубав мирис од бебешкиот нема и најскапиот парфем во светот неможе да го замени и надмине тој мирис(fingers)
     
    На Veta, Campanula, 5678m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.741
    Допаѓања:
    19.816
    :l: ајде ќе пробам на тоа да се фокусирам фала ти:hug:
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.684
    Допаѓања:
    19.041
    Пол:
    Женски
    И не може поинаку :hug::party:
    Која недела си?
     
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.741
    Допаѓања:
    19.816
    27 сум, имам време до март
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.684
    Допаѓања:
    19.041
    Пол:
    Женски
    кога ќе дојдеш ептен последните недели веќе од што ќе ти биде мачно и кичма на крај боли киселини не се спие сама ќе си викаш аман веќе нека испаѓа нека се раѓа доста му е . едвај ќе чекаш да се олесниш :D
    Ќерками се роди 23 март :inlove: јас сум на 25 за малце ќе славевме заедно ама ништо тука сме пак блиску за два дена
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.